четврток, 12.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Спорт / Формула 1

Кубица би сакал да вози покрај Алонсо

Новиот ГП победник и лидер во генерален пласман, Полјакот Роберт Кубица вели дека би уживал да го има како тимски колега во БМВ Заубер двократниот светски шампион, Шпанецот Фернандо Алонсо. 23-годишниот Полјак е близок пријател со сегашниот возач на Рено, Алонсо и тие често се заедно во текот на Ф1 викендите, на вечера или на партија карти.

Кубица речиси сигурно ќе остане во тимот од Хинвил со повисока плата следната година, но неговиот сегашен тимски колега, Германецот Ник Хајдфелд, иако има договор за следната сезона е предмет на многу шпекулации поради се послабата форма. Кубица открива детали во интервју за шпанскиот Ел Паис.

"Не би имал проблем да дојде Фернандо. Со него се согласувам навистина добро. Не знам што носи иднината, но ако двајцата возиме за БМВ би било навистина забавно. Се почитуваме доволно како возачи, но и како луѓе. Со Фернандо знаеш дека ако каже нешто, тогаш навистина го мисли тоа. Тој не е човек кој размислува многу за својот имиџ, или кажува нешто само поради маркетинг или да изгледа добро", вели Полјакот.

Кубица вели дека по победата на Канадското ГП во неделата се надева дека БМВ тимот ќе застане во него во обид да го зачува водството во генерален пласман. Но, тој вели дека не е де факто лидер на тимот.

"Не мислам дека треба да биде така. Најважно е јас да ја завршам мојата работа како што треба и да бидам подобар. На крајот мораш да останеш фокусиран", вели Кубица.

АЛОНСО МИСЛИ ДЕКА РЕНО ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ СО РАЗВОЈОТ

Фернандо Алонсо, пак, мисли дека неговиот сегашен тим Рено би требало да размисли за откажување на развојот на Р28 болидот за оваа година, ако планираните надградби за следните две трки не се многу успешни. Двократниот шампион има фрустрирачка сезона со францускиот тим, и сега се само седми во генерален пласман на конструктори. Пред планираните аеродинамички надградби за следните две трки, плус подобрувањата на моторот и менувачот, Шпанецот вели дека сега е време за одлуки.

"Тешка сезона, нема сомнеж, но мораме да направиме промени, побргу или подоцна. По трката во Силверстоун мора да се направи одлука бидејќи можеби е време да се мисли на иднината. Иако се работи за мали промени за следните две трки, мал чекор во секоја област може да донесе големи подобрувања. Да почекаме", вели Алонсо.


Наjновo од Спорт
Хајден ги најде одговорите во Каталонија
Мансини пред потпис со Интер
Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна
Португалија прва во четврт-финалето
Јувентус со нова понуда за Чаби Алонсо
Компанијата „Планет М“ од Малта против раководството на Трифун Костовски со ФК Вардар
Јаневски: Емоциите работат за Вардар!!!
"Ние сме незапирливи!"
Кубица би сакал да вози покрај Алонсо
"Кубица сега е конкурент за титулата"
Хамилтон "распнат" од медиумите, но и од Кими
Кубица го искористи "моментот на лудост" на Хамилтон
Таткото на Хамилтон уништи Порше Карера ГТ
Кубица се уште размислува за "најдобрата опција"
ФИА сака да ги забрани "мост-крилата"
Кими и Скудерија одбиваат да паничат
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи