среда, 18.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ИДНИНАТА НА ШПАНЕЦОТ ОСТАНУВА НЕИЗВЕСНА
Алонсо навистина не знае дали ќе остане во Рено

Двократниот формула 1 шампион за првпат сериозно најави дека не е сигурен за својата позиција во тимот на Рено во 2009. Фернандо Алонсо вели дека ќе одлучи дали ќе остане или не во оваа година слабиот Рено тим, кога ќе добие јасна слика за прогресот на тимот оваа сезона.

На широко се шпекулира дека Алонсо има клаузула за излез од договорот за 2009 доколку францускиот тим не ги исполни стандардите од неговиот претходен престој во Енстоун, и со верување дека има договор со Ферари за 2010 година, Шпанецот првпат јасно вели дека нема да се согласи со “просечност” многу долго.

Алонсо не ја крие желбата да има победнички болид за следната сезона, но тоа најверојатно нема да дојде од Рено, и покрај подобрувањата на потенцијалот на Р28 болидот. Инженерскиот тим на Рено останува на мислењето дека болидот направи најголем скок напред во споредба со ривалите во првата третина од сезоната, но Алонсо сака поголем скок ако сакаат да го уверат да остане уште една година.

“Не знам дали ќе останам со Рено. Ќе ја направам одлуката за иднината при крајот на годината, кога ќе можеме да видиме колку напредок сме направиле. Тимот го подобрува болидот малку по малку и очекувам дека до крајот на сезоната можеме да стигнеме до подиумот, а дури и да победуваме”, изјави Алонсо.

Двократниот светски шампион по трката во Канада изјави дека Рено треба во следните две трки, во Франција и во Британија, да одлучи дали вреди да се продолжи со развојот на Р28 болидот или да се откажат од болидот за 2008 за да направат вистински напад на 2009.

Алонсо е надвор во поени во четири од првите седум трки во 2008, вклучувајќи две откажувања (едно механичко и една незгода) и мора да се бори да остане меѓу најдобрите 10 во генерален пласман од двојката на Вилијамс Нико Розберг и Казуки Накаџима, но уште позасрамувачки тука е и Дејвид Култхард во Ред Бул, тим кој користи мотори на Рено.

“Досега не беше добра година, всушност е полошо од сите наши очекувања. Не сме биле на подиумот, а да не зборуваме за победи и имаме уште многу работа. Но, ова не е најлошиот момент во сезоната. Бев осми во Малезија и деветти во Бахреин и покрај добрите трки. Мислам дека тоа беше најниското наше ниво. Во Барселона бевме подобри и сега можеме да се бориме за петтото или шестото место, што значи дека одиме напред. По две откажувања не можам да кажам дека сме во најдобра форма, но сигурен сум дека одиме напред”, вели Алонсо.

Шпанецот признава дека за неговите резултати во Монако и Канада е самиот виновен.

“Ризикувањето може да носи резултати. Во Монако можев да бидам трет или четврти, но не се случи тоа. Во Канада можев да победам, но... Не се предаваме така лесно и работиме деноноќно на болидот. Тимот работеше посебно напорно последната недела. Се надевам на добар резултат во Франција бидејќи тоа е домашна трка на Рено”, вели Алонсо.

Алонсо си замина од Мекларен по една година од тригодишниот договор откако влезе во конфликт со шефот Рон Денис, поради тоа што не го доби третманот кој го заслужува како двократен шампион. Луис Хамилтон лани дебитираше во своите први девет трки од 2007 беше на подиумот, по што дојде спектакуларното несогласување со Алонсо, но и губењето на титулата во последната трка од сезоната. Англичанецот оваа година е далеку понестабилен, со многу повеќе возачки грешки.

“Не сум изненаден од неговите грешки. Минатата година со деветте трки, тоа беше необично. Сè одеше како што треба за него и имаше многу среќа. Но, не зависи сè од возачот. Оваа година сè е понормално”, додава Алонсо.

***

Берни размислува: “Кубица би го 'растурил' Хамилтон!”

Берни Еклстоун смета дека Фернандо Алонсо е најдобриот активен формула 1 возач, а верува дека британската ѕвезда Луис Хамилтон не би бил дораснат на Роберт Кубица, доколку Полјакот возел Ферари или Мекларен. Од Ф1 шефот беше побарано за британскиот Тајмс да направи листа на топ 5 возачи и тој ги нареди: Алонсо, Хамилтон, Кими Раиконен, Кубица и Фелипе Маса. Еклстоун исто така верува дека Алонсо би бил подобар од Хамилтон доколку останеше во Мекларен.

“Ако сè уште беше во Мекларен ќе му покажеше на Луис како се завршува работата, тука нема никаков сомнеж. Никогаш не сум го прашал, а треба, дали кога потпишал за Мекларен му е кажано дека ќе е број 1. Бидејќи ако не прашал и не му кажале, тогаш тој претпоставил дека е така. Да имаш колега кој никогаш не бил во формула 1 болид, нормално е да мислиш дека ќе си број 1, нели? Разликата со Луис е што минатата година не мораше да се докажува бидејќи беше ново момче и никој не очекуваше да заврши трка. Оваа година луѓето велат дека лани требал да биде шампион и сега притисокот е огромен”, објаснува Еклстоун.

Лидер во генерален пласман во моментов е асот на БМВ Заубер, Кубица и Еклстоун верува дека тој е класа возач.

“Да беше во Мекларен или Ферари ќе се обложев дека ќе го 'растури' Хамилтон”, додава Англичанецот.

***

Повеќе од 100 изнервирани фанови поднесоа легална тужба против Фуџи, патеката на која се одржува Јапонското ГП. 109 тужители тврдат дека организаторите не обезбедиле адекватни тоалети, објекти за фановите за Ф1 трката минатиот септември, во враќањето на формула 1 на патеката во сопственост на Тојота. Тие бараат 300.000è отштета откако повеќето од нив останаа надвор од патеката на дождот поради проблеми со транспортот.

Двајцата сегашни возачи немаат гарантирано место во Хонда за 2009, предупреди шефот на тимот Ник Фрај. Договорите на Џенсон Батон и Рубенс Баричело завршуваат на крајот на годината, и Фрај смета дека тимот од Брекли е доволно атрактивен за да привлече талентирани возачи. “Во моментов сите опции се отворени и нашите возачи го знаат тоа. Сега имаме вистински гуру во техничкиот директор Рос Браун и стануваме поатрактивни со промената на регулативите следната сезона”, вели Фрај. Хонда уште сега се фокусираше на развојот на болидот за 2009.

Луис Хамилтон наводно потрошил неверојатни 400.000è за регистарска табличка со името “ЛЕВ 1С”, во досегашна сопственост на тајкунот со недвижнини Боб Луис, кој лани ја купил за помалку од 100.000è. Табличката ќе оди на црниот 4х4 Мерцедес во неговиот дом во Швајцарија. Во спротивност на ова трошење, возачот на БМВ Заубер Ник Хајдфелд, вети дека ќе даде дел од својата заработувачка во добротворни цели. “Јас имам среќа што имам многу пари и би сакал да помогнам на некои кои не се толку среќни”, вели Хајдфелд.

По “распуштањето” на Супер Агури тимот, Хонда наскоро може да добие нов “Б тим”. Португалските медиуми известуваат дека Кен Андерсон, познат американски инженер со повеќе улоги во Ф1 тимови, планира воспоставување на американски тим, кој би ги користел моторите, менувачите и КЕРС системите на Хонда. Американскиот тим би бил помаган од северноамериканскиот оддел на компанијата, додека во тимот сигурно би бил Такума Сато.

Тојота открија дека на Француското ГП ќе оддадат посебна почит на поранешниот шеф на Тојота Моторспорт, Ове Андерсон, кој загина при судар на Јужноафриканското рели. Двата ТФ108 болида ќе носат црна лента, додека и на дизајнот на гаражата ќе преовладува црната боја.


Наjновo од Спорт
Постот заврши, време е за добри резултати
Нема да форсирам, нема потреба за тоа
Без нови засилувања
Антиќ зема бугарски пасош
Девенпорт и се надева дека ќе биде на Вимблдон
Ибрахимовиќ и Аршавин адути за четвртфинале
Ваква Германија нема шанси со Португалија
Алонсо навистина не знае дали ќе остане во Рено
Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна
"Ние сме незапирливи!"
Кубица би сакал да вози покрај Алонсо
"Кубица сега е конкурент за титулата"
Хамилтон "распнат" од медиумите, но и од Кими
Кубица го искористи "моментот на лудост" на Хамилтон
Таткото на Хамилтон уништи Порше Карера ГТ
Кубица се уште размислува за "најдобрата опција"
ФИА сака да ги забрани "мост-крилата"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи