
|
 |
Спорт / Формула 1
АСОТ НА МЕКЛАРЕН ВЕЛИ ДЕКА ПРИТИСОКОТ Е ОГРОМЕН Хамилтон признава дека ја чувствува “жештината”
Луис Хамилтон признава дека се мачи излегувањето на крај со притисокот околу освојувањето на формула 1 титулата. Овие коментари доаѓаат откако тој доби казна од 10 места за Француското ГП овој викенд, за удирање во задниот дел на Кими Раиконен во Ферари на последната трка во Монтреал.
 “Спортот е забавен, но има начин на кој мораш да научиш да уживаш. Има премногу притисок и не можам да објаснам детално што се очекува од мене”, вели Хамилтон во интервју за ББЦ Спорт.
Хамилтон го загуби водството во генерален пласман од Роберт Кубица од БМВ Заубер по грешката во Канада и овој викенд во Мањи-Кур речиси сигурно ќе загуби уште поени. Казната значи дека победата во Франција е многу далечна, посебно бидејќи патеката се очекува да оди во корист на Ферари, чии возачи Раиконен и Фелипе Маса се сметаат за поголеми ривали за титулата од Кубица, кој се најде на првото место поради постојаноста на не толку брзиот болид на БМВ.
“Јас самиот си ставам притисок, и кога нема да успееш, нормално не се чувствуваш убаво. Ова се денови на градење на мојот карактер и морам да бидам посилен. Не победив на последната трка, но уживам во жештината на Ф1. Сакам да се вратам во фабриката да работам со момците и да уживам во конкурентната атмосфера”, додава Хамилтон.
Ова е вторпат по само неколку дена Хамилтон да зборува за притисокот во формула 1. На Канадското ГП тој призна дека грешките на трките во Малезија и Бахреин дојдоа бидејќи “поради притисокот, доаѓаат и грешките, посебно кога возиш до лимит”.
Хамилтон додава дека ќе ужива во Британското ГП за две недели, на патеката Силверстоун бидејќи има големи шанси да победи. Договорот на трката завршува следната година и ако не успеат преговорите со Берни Еклстоун за новиот договор, Британското ГП ќе замине во историјата, нешто што Хамилтон не сака да се случи.
“Не можеме да ја загубиме оваа патека. Силверстоун има вистински карактер и класа и тука е од почетокот. Формула 1 нема да биде иста без неа. Не се вклучувам во политиката, но би направил с$ да му помогнам на Британското ГП”, додава Хамилтон.
***
Кими: “Не ја загубив желбата за победи”
Светскиот шампион Кими Раиконен вели дека има “огромна желба за победа” на Француското ГП во Мањи-Кур овој викенд оценувајќи ја трката како совршено место за враќање во форма. Финецот не ги заврши последните две трки во поени, паѓајќи од првото на четвртото место во генерален пласман со 7 поени заостанување зад лидерот, Роберт Кубица во БМВ Заубер. Возачот на Ферари вели дека никогаш не бил погладен за победа.
“Не се сеќавам кога сум имал толкава страст за победа. Тимот подготви болид кој е брз на сите патеки, но јас не бев најдобар на последните трки. Не сакам да гледам назад и да размислувам за Канада и Монако. Не носам лоши мисли со мене бидејќи така ќе губам повторно. Подобро е да се концентрирам на следната трка”, вели Раиконен.
Асот на Ферари смета дека има многу големи шанси да ја повтори минатогодишната победа на француската патека.
“Работите ќе бидат поинакви на Мањи-Кур во споредба со трката во Монако. Во Франција минатата година мојата сезона почна како што треба и тоа ми треба повторно по две трки без поени. Ја сакам оваа патека и мислам дека е совршена за нашиот болид”, додава Раиконен.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|