петок, 20.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ВО СКУДЕРИЈА НЕ СЕ СМЕТААТ ЗА ФАВОРИТИ ЗА ФРАНЦУСКОТО ГП
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур

Фелипе Маса не сакаше да ги коментира статистиките велејќи дека бидејќи Ферари доминирале на Француското ГП минатите 10 години, не значи дека ќе го направат тоа и овој викенд. Ферари имаат седум победи во последните 10 Француски ГП трки, а последниот триумф дојде лани кога Кими Раиконен победи пред Маса во одлична 1-2 победа. Мекларен во споредба има само една победа во овој период, во 2000.

Но, и покрај овие факти, Маса не е сигурен дали Скудерија ќе има голема предност на последната трка на патеката Мањи-Кур и додава дека мора да се внимава на Мекларен и БМВ.

“Во последните години луѓето велат дека Канада и Монако им одговараат на Мекларен подобро отколку на Ферари, додека Франција и Британија се 'наши трки', но не верувам дека тоа е случајот оваа година бидејќи покрај сите услови мора да ја вклучиме и БМВ во пресметката. Оваа година во Монакоги имавме првите две места на квалификациите иако имавме повеќе гориво од Мекларен, а во Канада имавме добра брзина. Во другите трки е многу тесно, но се надевам дека ќе бидеме конкурентни овој викенд. Ја сакам Мањи-Кур, лани бев втор од пол-позицијата, но потоа загубив доста во мешаницата, а во 2006 бев трет. Тоа е добра патека. Би било добро да се повтори успехот од 2006, но со обратни позиции”, вели Маса.

Раиконен исто така не сакаше да падне на “стапицата” со фаворити, признавајќи дека новиот лидер во генерален пласман, победникот од Канадското ГП, Роберт Кубица од БМВ може да биде закана и во Франција и во трката за титулата.

“Сите трки се многу важни и еден поен може да направи голема разлика, како минатата година. Оваа година ќе имаме исто толку израмнет шампионат и затоа секогаш е најважно да се освојат поени. Кубица води и освен на првата трка има освоено поени на сите трки”, вели Финецот.

За Луис Хамилтон, Финецот верува дека ќе биде будалесто да се отпише возачот на Мекларен иако има 10 места казна на стартот поради инцидентот на Канадското ГП, кога го удри Раиконен одзади при излегување од бокс.

“Хамилтон ќе стартува подолу поради казната, но никогаш не смеете да ги потцените Мекларен, и ќе мораме да се потрудиме да бидат зад нас. Ќе донесеме доста нова технологија, а тимот работи деноноќно на подобрувањата, иако тоа го прават и конкурентите”, додава Раиконен.

Патеката Мањи-Кур по неколку работи е посебна: има неверојатно мазна подлога, која е многу чувствителна на температурата, така што само неколку степени разлика има огромно влијание на перформансите на пневматиците, иако сега со само еден снабдувач на пневматици условите ќе бидат исти за сите.

Во шампионат каде што едно или две влегувања во боксот се поставија како норма, француската патека додава дополнителна стратешка можност поради многу краткиот бокс. Во 2004 Михаел Шумахер победи на трката и покрај тоа што дури четирипати беше во бокс. Чекањето на влегување во бокс не е единствен метод за претекнување во Мањи-Кур, каде што има неколку добри можности за претекнување.

Целта за “Коњчето” секако е двајца возачи на подиумот в недела попладне.

***

Берни не може да го помогне разделувањето во Ф1


Ф1 шефот Берни Еклстоун предупредува дека тој не може да биде дел од кој било потег на тимовите за формирање на паралелен Ф1 шампионат. Тимовите се незадоволни по одбивањето на претседателот на ФИА, Макс Мозли да се потпише новиот Конкорд договор, кој го потпишуваат три страни, тимовите, ФИА и Еклстоун и со кој се уредува формула 1. Но, Еклстоун, кој влезе во конфликт со Мозли по наци-секс скандалот на претседателот на ФИА, вели дека неговиот Формула 1 Менаџмент (ФОМ) има силен договор со ФИА.

“Јас им кажав на тимовите дека ако сакаат паралелна серија, тогаш можат да го направат тоа, но дека ние не можеме да бидеме дел од тоа. Сега на крајот се поставува прашањето, што ќе се случи ако не добиеме Конкорд договор? За тимовите е едноставно: 'не сакаме врска со ФИА, сакаме наша серија и секогаш можеме да го направиме тоа'. Но, ние не можеме да го поддржиме тоа и да сакаме”, вели Еклстоун.

Британецот вели дека императив на Ф1 е да се обезбеди нов Конкорд договор поради “стабилност”, а најголемиот проблем е тоа како се создаваат правилата. Според стариот договор, кој беше во сила од 1981 до 2007, тимовите имаа главна улога во формирањето на правилата преку организација позната како Формула 1 комисија, во која беа и Еклстоун и Мозли со шефовите на тимовите, спонзорите и промотерите.

“На почетокот се согласивме да имаме ист договор како претходниот бидејќи со Ф1 комисијата ниту еден немаше целосна контрола. Мозли побара нешто сосема поинаку, што тимовите нема да го прифатат. Не гледам причина за компромис бидејќи се работи за лоши решенија. Сакаме да продолжиме како во минатото”, додава Еклстоун.

***

Возачите најавуваат штрајк?

Формула 1 возачите се закануваат со бојкот на Британското ГП следниот месец поради радикалното зголемување на цената на задолжителните супер-дозволи од ФИА оваа година. Пред 2008 супер-дозволите ги чинеа возачите 1.690 евра плус 447 евра за секој освоен поен во претходниот шампионат. Но, во јануари, Светскиот моторспорт совет (ВСМЦ) одобри зголемување на цената на дозволата на 10.000 евра, плус 2.000 евра по поен. Тоа значи дека супер-лиценцата на светскиот шампион Кими Раиконен чини одлични 230.000 евра за 2008.

Германскиот магазин Ауто Мотор Унд Спорт известува дека Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА) бара итен состанок со претседателот на ФИА, Макс Мозли, пред трката во Силверстоун за две недели. Ако Мозли не се согласи на намалување на трошоците, возачите се подготвени да одат на штрајк. Еден анонимен возач оцени дека зголемувањето на “тарифата” не е фер за возачи како Роберт Кубица, новиот лидер во генерален пласман.

“Тој сè уште не заработува премногу, и лиценцата е една десетина од неговиот приход”, коментира возачот.




Наjновo од Спорт
Грците си заминаа, кој на нивното место?
Коки: “Мислите само кон Вардар”
Келн и Хофенхајм во “битка” за Васоски
Мурињо ги сака Деко, Лампард и Дрогба во “сино-црниот” дрес
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Отказ за Донадони при неуспех со Шпанија
“Гаучосите” ремизираа среде Бразил
Хамилтон признава дека ја чувствува “жештината”
Алонсо навистина не знае дали ќе остане во Рено
Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна
"Ние сме незапирливи!"
Кубица би сакал да вози покрај Алонсо
"Кубица сега е конкурент за титулата"
Хамилтон "распнат" од медиумите, но и од Кими
Кубица го искористи "моментот на лудост" на Хамилтон
Таткото на Хамилтон уништи Порше Карера ГТ
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи