среда, 25.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

БРИТАНЕЦОТ ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО, НО ПОРАДИ ПОГРЕШНИ ПРИЧИНИ
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?

Луис Хамилтон предупреди по Француското ГП дека нема да падне под притисокот во формула 1. Прв на удар беше дел од британскиот печат, кој според возачот на Мекларен е неправилно критички настроен кон него, и повторно продолжуваат со извештаи од неговиот личен живот.


“Од инцидентот во Канада не прочитав еден извештај кој ми помогна. Дојдов во Франција и пронајдов многу негативности во медиумите, што беше очекувано. Тие те креваат нагоре и потоа те кршат, но мене нема така лесно да ме скршат. Има многу ѓубре во весниците. Сакам да се тркам и најлошото нешто е што морам да внимавам на овие глупости од весниците. Верувам во моите споспобности и ништо не може да ме скрши”, вели Хамилтон.

Британецот ја почна трката во Мањи-Кур со 10 места казна поради инцидентот во боксот во Монтреал, а работите станаа полоши откако го претекна Себастијан Фетел неправилно сечејќи ја шиканата, по што стјуардите решија дека тој мора да помине низ боксот. Франција е втора трка по ред во која 23-годишниот Англичанец не освојува поени и сега е 10 поени зад лидерот Фелипе Маса.

“Сè е кул. Сè е добро. Сè уште сум тука и нема ништо што можете да направите да ме извадите од трката. Не можете да направите ништо со што ќе ми попречите. Може да ми давате казни и други работи и јас ќе се вратам на врвот”, беше остар Хамилтон.

БРИТАНЦИТЕ НЕ СЕ ИМПРЕСИОНИРАНИ

Но, британскиот печат, кој претходно нон-стоп му беше наклонет на асот на Мекларен, не беше импресиониран. Во Дејли Мејл, еден од најпродаваните британски весници, тој беше опишан како “нестрплив”, “примадона”, човек кој развива “комплекс на прогонување”, а исто така беше обвинет дека “вештачки направениот имиџ на спортски интегритет е пред експлозија”. Мејл исто така обвинува дека “Хамилтон се криеше во мотор-домот на Мекларен сè додека неговиот татко Ентони и шефот на Мерцедес, Норберт Хауг, го натераа да зборува со медиумите.

Тајмс додава дека Франција е “најниското од ниското” за Хамилтон, Дејли Експрес вели дека “Хамилтон е во грешка”, а Дејли Телеграф додава: “ако дискрецијата е дел од храброста, на Хамилтон му треба голема доза”.

Британскиот печат не е импресиониран ниту од перформансите на Хамилтон во Мањи-Кур. Тајмс претекнувањето на Фетел го опиша како “непотребен агресивен потег”. Дејли Телеграф вели “дека со малку подобра проценка во Канада и Франција тој можеби уште ќе беше лидер”.

МЕКЛАРЕН ДЕМАНТИРААТ ДЕКА СЕ ЦЕЛ НА ФИА?

Генералниот директор на Мекларен, Мартин Витмарш, пак, мораше да ги отфрла тврдењата дека ФИА е во напад на тимот по казните во последните две трки, двете на Луис Хамилтон (инцидентот во Канада и претекнувањето во Франција) и едната на Хеики Ковалаинен (пет места поради блокирање на квалификациите”.


Различни изјави за односите со ФИА - Витмарш и Денис

“Сигурен сум дека Рон Денис не кажа такво нешто. Тоа е дел од фрустрацијата по лоша трка. Имавме три казни овој викенд и тоа мораме да го прифатиме и да одиме понатаму. Мораме да прифатиме дека стјуардите се посмирени, имаат повеќе информации и мораат да направат одлука”, вели Витмарш, откако Рон Денис побара сите да си “направат сами заклучоци” за односите Мекларен-ФИА.

Самиот Себастијан Фетел од тимот на Торо Росо вели дека одлуката за казнување на Хамилтон е исправна.

“Тој имаше подобар излез од Аделаида кривината, јас бев внатре, бранев и имав подобра линија на шестата и седмата кривина. Луис пристигна со повеќе брзина и беше јасно дека ќе ја скрати шиканата. Јас имав сличен потег во Монако, поминав два болида, но потоа ги пуштив да се вратат. Тој требаше само да ме пушти да го поминам бидејќи и така имаше подобар болид и повторно ќе ме поминеше”, вели Фетел.


***
Ф1 ФЛЕШ

Шефот на Моторспорт федерацијата на Обеднетите Арапски Емирати, Мохамед Бин Сулајем, вели дека поради неговото влијание претседателот на ФИА, Макс Мозли, ја добил поддршката на советот на ФИА на гласањето овој месец. Берни Еклстоун претходно тврдеше дека Мозли добил гласови од Африка, а сега Бин Сулајем вели дека котнролирал 41 од 169 гласови на ФИА. “Да, во право сте, му донесов многу гласови. Не го демантирам тоа. Ако некој ме убеди дека тие шпекулации за Мозли имаат некакво влијание на моторспортот, тогаш јас прв ќе гласам против Мозли”, вели Сулајем, кој беше успешен рели возач.

Ферари, најверојатно, ќе го промени моторот на Кими Раиконен пред Британското ГП во Силверстоун за две недели. Финецот имаше среќа да ја заврши неделната трка во Мањи-Кур откако се скрши десниот ауспух на неговиот В8 мотор откривајќи голема дупка на болидот. Ако не се случеше ова Кими речиси сигурно доминантно ќе стигнеше до победата. “Амбициозно е да се користи тој мотор на друга трка и не верувам дека ќе го направиме тоа”, вели шефот на тимот Стефано Доменикали. Раиконен нема да биде казнет за промената на моторот бидејќи новото правило за 2008 вели дека секој возач може да има едно ненајавено менување на моторот.

Шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен, сакаше да ги намали шпекулациите дека сака да го стави Фернандо Алонсо зад воланот на БМВ во 2009. “Тоа не е мојот стил. Повеќе би сакал да имам млад возач кој потоа би израснал во тимот и би станал скап шампион”, вели Тајзен во интервју за шпанскиот Диарио АС, кои подоцна коментираат дека ова е начин да се “намали цената” на 26-годишниот двократен светски шампион.

Тимот на Форс Индија ќе направат радикална промена на нивниот болид на тестирањето во Силверстоун оваа недела во обид да се доближат до “средните” тимови. Покрај различна покривка на моторот, налик на таа на болидите на Ред Бул, тимот од Силверстоун најавува и други аеродинамички подобрувања и нови амортизери. “Да, имаме голем тест пред нас и големи промени. Нова шасија, ново предно крило, нова покривка на моторот. Ова е неопходно”, вели техничкиот шеф на тимот, Мајк Гаскојн.

Имола, поранешната патека на која се одржуваше Сан Марино ГП трката, доби “1Т” рејтинг од ФИА, статус кој значи дека на патеката може да има Ф1 тестирање, но, сепак, далеку од “1” статусот кој е потребен за одржување на ГП трка. Тест-возачот на Ферари, Андреа Бертолини го тестираше А1ГП болидот развиван од Ферари на патеката која доживеа огромни промени. “Влезот во боксот останува преопасен”, вели Бертолини.

Основачот на Вилијамс Ф1, сер Френк Вилијамс очекува неговиот возач Казуки Накаџима да остане во формула 1 долго време. Вилијамс му даде деби на Накаџима на Бразилското ГП минатата година како замена за Алекс Вурц, а оваа сезона тој има 7 поени, еден помалку од колегата Нико Розберг. “Казуки е многу интелегентен возач кој никогаш не влегува во паника. Мора да научи уште многу работи и го знае тоа. Тој ги воочува проблемите подобро од многу возачи. Нема притисок на него и затоа нема инциденти. Тој е скромен и има долга иднина во формула 1. Да беше во Мекларен или другите топ тимови ќе блескаше”, смета Вилијамс.




Наjновo од Спорт
Виља, Силва и Бери се желбите на Бенитез
Психијатар за хрватските навивачи
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Кометал сè уште на почетокот
Арсенал и Милан по Швајнштајгер
Роден да победува
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Кими му ја “даде” победата на Маса
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Хамилтон признава дека ја чувствува “жештината”
Алонсо навистина не знае дали ќе остане во Рено
Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна
"Ние сме незапирливи!"
Кубица би сакал да вози покрај Алонсо
"Кубица сега е конкурент за титулата"
Хамилтон "распнат" од медиумите, но и од Кими
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи