среда, 25.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ПОРАНЕШНИОТ ВОЗАЧ НА ВИЛИЈАМС И МЕКЛАРЕН УЖИВА ВО НАСКАР
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”

Поранешната формула 1 ѕвезда Хуан Пабло Монтоја вели дека неговиот престој во најелитната тркачка серија на светот бил “многу досаден”. Монтоја повторно влезе во остар напад на спортот во кој стигна до 7 победи, 13 пол-позиции, 12 најбрзи кругови и дури 30 пласмани на подиумот велејќи дека спортот е досаден и додавајќи дека за Американците Луис Хамилтон е Луис Кој?


Колумбиецот никогаш не се срамел да го каже своето мислење, а се натпреваруваше во 94 формула 1 трки со БМВ Вилијамс и Мекларен Мерцедес од 2001 до 2006, пред драматично да си замине во средина на сезоната и да се врати во САД, каде што во 1999 година сензационално ја освои Чемп Кар (тогаш КАРТ) титулата за Чип Ганаси тимот во деби сезоната.

Монтоја сега се натпреварува во НАСКАР Некстел купот и така стана единствениот возач во историјата по легендарниот Марио Андрети што има победи во Ф1, КАРТ, Инди Кар, Гранд-Ам и НАСКАР серијата, откако минатата година победи на Тојота/Сејв Март 350 на Инфеон Рејсвеј трката во Сонома, Калифорнија. 32-годишниот возач беше доволно импресивен во 2007 за да ја добие наградата “дебитант на годината” и се обедини со Ганаси при враќањето во САД и не жали за потегот.

“Формула 1 возачите се убедени дека се многу подобри од сите останати. Кога бев во формула 1, секоја недела бев на подиумот. Тоа беше кул, не не многу задоволувачки, бидејќи се работеше за најдосадните трки во мојто живот. Возачот кој стартува напред секогаш ќе избега, а возачот кој стартува зад тебе нема да има шанса да те помине, освен ако не згрешиш во квалификациите и тогаш ти треба различна стратегија за влегување во боксот. Тоа е досадно. Вистинска штета бидејќи технологијата која ја имаат тие болиди и бројот на компании кои се вклучени се нереални. Не знам како големите компании остануваат толку долго без резултати”, вели Монтоја во интервју за Тајмс.

Додека признава дека резултатите некогаш тешко доаѓаат во неговата позиција, предизвикот на американската НАСКАР серијата полна со судари, очигледно му одговара на Монтоја, каде што претекнувањето не е уметност туку постојаност со 40 автомобили во трки од по три часа. 17 од најдобро посетените 20 спортски настани во САД се НАСКАР трки, а спортот е второ најдобро гледано ТВ шоу на американската телевизија.

“Потешко е тука. Кога сте 15., некогаш мислите дека тоа е лошо, но тоа место е како шесто или седмо во формула 1 бидејќи има двапати повеќе автомобили. Неверојатно е што тука сум од 15. до 20. место, но има четири-пет недели во кои можам да победам. Во формула 1 ако си шести или седми таму ќе си цела сезона. Не е важно дали возиш за водство или за 30. место, секогаш се тркаш со некого. Така е многу подобро”, вели Монтоја.

Колумбиецот исто така вели дека толку е голема популарноста на НАСКАР во САД, што формула 1 не предизвикува многу интерес, и додека смета дека неговиот наследник во Мекларен, Луис Хамилтон е добро момче, тој додава: “Прашајте кого било кој е Луис Хамилтон и видете каков одговор ќе добиете”.

***
Експертите се согласуваат: “Хамилтон мора да мисли на тркањето”

Консензусот меѓу Ф1 фановите и експертите е дека Луис Хамилтон ја загуби својата стабилност, и експертите мораа да излезат со свои совети. Рос Браун, техничкиот директор на Хонда, му советува на 23-годишниот Британец да го игнорира печатот и другите влијанија и да се фокусира на тркањето.

“Возењето е тоа што ќе го однесе до крајот без разлика на тоа што се случува”, вели Браун, кој работеше со Михаел Шумахер во текот на целата кариера.

Хамилтон падна на 10 поени зад лидерот во генерален пласман Фелипе Маса по серија грешки во последните две трки. Тој зборуваше за притисокот на животот во спортот, а во Мањи-Кур минатиот викенд влезе во остра критика на британските медиуми.

“Сите забораваме колку тој е млад и колку с$ ова е ново искуство за него”, додава Браун.

Трикратниот светски шампион Ники Лауда исто така има совет за Британецот - да игнорира с$ околу него.

“Тој мора да сфати дека емоциите мора да се под контрола во сите услови за да го задржи својот фокус и својата цел. Прво и основно Луис не смее да си дозволи нови грешки. Грешките во формула 1 повеќе не ги плаќаш со животот, но сигурно ги плаќаш со титулата”, вели Австриецот.

Поранешниот возач и ТВ експерт Марк Бландел за Дејли Телеграф има слични совети.

“Тој мора да ја издржи медиумската страна на работите. Клучната работа сега е контрола - контролирање на условите во болидот и емоциите надвор од него. Во Силверстоун мора да се појави со бистра глава и да не влегува емоционално”, вели Бландел.

Трикратниот светски шампион, Шкотланѓанецот сер Џеки Стјуарт има поинаков совет - тој да ги намали очекувањата.

“Тој можеби не сака да го чуе тоа, но има клучен недостиг на искуство во спортот. Ако побара совет од мене тогаш тој би бил: 'Остави времето да го направи своето и не очекувај премногу од себеси'“, додава Стјуарт.

***

Ф1 ФЛЕШ

Светскиот Совет на ФИА ќе размисли за предлогот тимовите да плаќаат за различни “услуги и опрема за секоја Ф1 трка”, покрај тоа што го плаќаат за влез во шампионатот. Годишниот трошок за маршалите и системот за позиционирање (Ф1МС) чинат 160.000$ годишно, означувањето 190.000$, рекордерите во болидите 20.000$, комуникациската опрема во гаражите 110.000$, временската прогноза 75.000$ и 110.000$ телеком системот на ѕидот на боксот. Со ова место 466.000$ колку што платија тимовите за влез во сезоната 2007, тие би платиле 1.1 милиони $.

Ф1 шефот Берни Еклстоун ги демантираше извештаите дека е вклучен во обид да го “уништи” претседателот на ФИА, Макс Мозли. Еклстоун и Мозли повеќе од 30 години се пријатели и бизнис-соработници, но Еклстоун побара од Мозли да си замине по наци-секс скандалот објавен во британските медиуми. “Јас немам никаква врска со проблемите на Макс. Тоа не е мој стил, не е начин на кој јас би ги решавал работите. Никогаш не сум помислил дека треба да го уништам Макс”, додава Еклстоун.


Наjновo од Спорт
Славковски под наем во Тревизо
“Панцирите” го напаѓаат десеткуваниот Император
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”
Виља, Силва и Бери се желбите на Бенитез
Психијатар за хрватските навивачи
Стонер против публиката во Донингтон
Федерер во свој стил, Серена се заканува
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Кими му ја “даде” победата на Маса
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Хамилтон признава дека ја чувствува “жештината”
Алонсо навистина не знае дали ќе остане во Рено
Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна
"Ние сме незапирливи!"
Кубица би сакал да вози покрај Алонсо
"Кубица сега е конкурент за титулата"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи