
|
 |
Спорт / Формула 1
ПОЛЈАКОТ ЗНАЕ ДЕКА НЕГОВИОТ ТИМ ЗАОСТАНУВА ЗАД ФЕРАРИ И МЕКЛАРЕН Кубица останува реален за шансите на БМВ Заубер
Разликата меѓу БМВ Заубер и двата најдобри Ф1 тима е “голема” и поширока од стартот на сезоната 2008, вели поранешниот лидер во генерален пласман Роберт Кубица. Германскиот тим и 23-годишниот Полјак добија пофалби за својата постојаност во 2008.
По неверојатниот инцидент на Луис Хамилтон и Кими Раиконен во Монтреал, Кубица стигна до својата прва победа (и прва на тимот од Хинвил), со што се искачи на првото место во генерален пласман и ги подгреа надежите дека германско-швајцарскиот тим е сериозен кандидат за титулата.
Но, зборувајќи на тестирањето во Силверстоун, Кубица вели дека нема големи шанси тој да стане шампион бидејќи развојот на БМВ Заубер не е доволно голем.
“Не останавме доволно долго со нив. Тоа е нашиот проблем”, вели Кубица.
За британската ИТВ телевизија Кубица вели дека БМВ Заубер биле честопати исто толку брзи како Ферари и Мекларен на првите трки оваа сезона.
“По сe изгледа не се развивавме доволно како нив и разликата е доста голема. Во Мањи-Кур заостанувавме речиси цела секунда”, признава Полјакот.
БМВ Заубер ја имаше најслабата трка во Франција минатиот викенд, каде што Кубица беше петти. Според него тимот направил неколку погрешни проценки пред стартот на викендот.
“Затоа би требало да сме на нормална брзина во Силверстоун, иако и таа брзина претставува голема разлика од Ферари и Мекларен. Да бидам искрен, со нашиот болид дури и под најдобри услови можеме да стигнеме само до петтото место. Тоа не е доволно, а тоа што сме со нив во поени е резултат на нивните технички проблеми и грешки. Ако Ферари и Мекларен не прават грешки ќе биде многу тешко”, завршува Кубица.

РАМПФ СЕ ФОКУСИРА НА ТЕХНИЧКИТЕ РАБОТИ
БМВ Заубер објавија дека ќе има преструктуирање на менаџментот во техничкиот оддел на тимот бидејќи сегашниот технички директор Вили Рампф ќе го заземе местото технички координатор во ноември. Според БМВ, Рампф ќе продолжи да биде одговорен за концептот на болидот, но неговите одговорности за бизнис операциите и менаџментот ќе бидат префрлени на Валтер Ридл, кој сега е директор на менаџмент во тимот. Промената доаѓа на барање на Рампф.
“Јас сум технички директор од април 2000, прво во Заубер, а сега во БМВ. Тоа беше многу задоволувачко за мене, но и многу интензивен дел од мојот живот. Идејата да ги намалам професионалните обврски дојде одамна. Разговарав со Марио Тајзен и најдовме вистински одговор. Сега сакам да се фокусирам на мојата вистинска работа, техничките работи”, изјавува Рампф.
Валтер Ридл дојде во БМВ како инженер за развој во 1983 година и работеше на водечки позиции во формула дури 9 години. Од 1999 година тој е одговорен за формула 1 проектот на БМВ, а во 2006 година го превзеде менаџментот на БМВ Заубер по купувањето на мнозинството акции на малиот швајцарски тим.
“Веќе подолго време работам ефективно со Вили Рампф и оваа соработка сега влегува во нова фаза. Новата структура гарантира дека БМВ Заубер може да биде само подобар тим во иднината”, вели Ридл.
БМВ СО “ГОЛЕМО” ПОДОБРУВАЊЕ ВО МОНЦА
Тимот на БМВ Заубер ќе се реши на големо подобрување на Ф1.08 болидот пред крајот на сезоната, иако техничкиот директор Рампф ветува “големи новости” на Италијанското ГП. БМВ се наоѓа во позиција на исполните цели за оваа сезона, со победата на Кубица во Канада.
“Немаме планирано големи промени, но продолжуваме со оптимизирање на повеќе делови на болидот. Ќе има нови крила, нова покривка на моторот, но не и редизајниран болид”, вели Рампф.
Сепак, од БМВ признаваат дека ќе мораат да направат голема промена на болидот за Италијанското ГП, бидејќи Монца е позната како најбрзата патека во формула 1 со брзини над 350 км/ч, и како патека на која е потребна мала надолна сила.
Ф1 ФЛЕШ
Џанкарло Физикела беше однесен во болница во средата навечер по неговиот голем судар на тестирањето во Силверстоун. Италијанскиот возач на Форс Индија тимот излета на Бекетс комплекс кривините во кои се влегува со голема брзина. Неговиот ВЈМ01 болидот доби големи оштетувања од ударот во бариерата, а и покрај тоа што Физи немаше повреди тој мораше да оди на лекарски преглед. “Не, не се повредив, но не ги тргнав веднаш рацете од воланот и сега мораа да направат некои прегледи да видат дали сe е в ред со моите зглобови”, вели Физикела
Шефот на Индијанаполис Мотор Спидвеј, Џои Читвуд, вели дека е постои можност формула 1 да се врати на патеката иако првиот календар на ФИА не ја вклучуваше трката. Оваа година Индијанаполис е отсутна од Ф1 првпат од 2000 бидејќи сопствениците на патеката не можеа да направат исплатлив договор. “Мислам дека има дом за формула 1 во САД, но за тоа ни е потребен вистински партнер. Вратата останува отворена и разговорите продолжуваат”, вели Читвуд.
Тимот на Вилијамс следниот месец ќе биде во Москва, каде што Нико Розберг ќе учествува во промоција на формула 1. Демонстрацијата ќе се случи на Црвениот плоштад, во т.н. Москва Градска трка викендот по Британското ГП. “Има голем аптетит за формула 1 во Русија и добро е што ќе помогнам во ширењето на популарноста”, вели Розберг, додавајќи дека на промоцијата ќе биде и сопственикот на тимот, сер Френк Вилијамс.
Трикратниот формула 1 шампион Ник Лауда е последниот експерт кој се прашува за исправноста на казните на ФИА на тимот на Мекларен во Франција. По инцидентот во Монтреал, Хамилтон беше казнет со 10 места на стартот, неговиот колега Хеики Ковалаинен доби казна од 5 места поради блокирање на Марк Вебер на квалификациите (кој самиот не беше свесен за блокирање), за на крајот Хамилтон да добие казна со влегување во боксот поради поминувањето на Себастијан Фетел преку шиканата. “Јас не би дал казна за такво нешто. Навистина не ми е јасно зошто Мерцедес секогаш е остро критикуван”, вели Лауда.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|