вторник, 01.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

БРИТАНЕЦОТ ПОДГОТВЕН ЗА НОВ СТАРТ НА БРИТАНСКОТО ГП
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”

Асот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон вели дека се ќе биде поинаку до крајот на формула 1 сезоната и дека ќе остварува победи и ќе ја грабне титулата од Ферари.

“Тие се силни на секоја патека, но силни сме и ние. Во следните 10 трки во вториот дел од сезоната треба да се даде се од себе и да се кренеме над ривалите”, вели 23-годишниот Британец пред домашната трка во Силверстоун во недела.

Мекларен водеше во генерален пласман откако победи на Монако ГП трката минатиот месец, но во последните две трки не освои поени. Тој сега е само четврти во генерален пласман, каде што води Фелипе Маса од Ферари.

“Планирам да победам на што е можно повеќе трки до крајот на сезоната. Сакам да победувам, бидејќи сите во формула 1 работат за тоа. И навистина верувам дека тоа е можно. Се чувствувам далеку поподготвен од минатата година, иако сезоната е многу тесна”, додава Хамилтон.

ЌЕ ГИ ВРАТАМ МЕДИУМИТЕ НА МОЈА СТРАНА, ВЕТУВА ЛУИС

Хамилтон исто така ветува дека медиумите ќе бидат на негова страна кога ќе почне да ги покажува вистинските резултати, по сите критики кои ги доби. Возачот на Мекларен беше вербално нападнат од британските медиуми по сударот во боксот со Кими Раиконен на Канадското ГП. По новиот кошмарен викенд во Франција во кој отслужи две казни, тој реши да врати на британските медиуми со остра изјава.

Но, сега тој полека ја враќа таа изјава додавајќи дека ништо не му попречува, иако додаде дека не сака да се сретнува со медиумите кога ќе излезе од болидот.

“Само што сте завршиле час и половина тркање, и тогаш тие очекуваат да седнете и да разговарате со луѓето. Дали сте луди? По тоа ми треба пијачка! Но, мислам дека добив доволно поддршка од медиумите, посебно минатата година и знам дека кога ќе бидам подобар, тие ќе бидат на моја страна”, додава Хамилтон.

ВО МЕКЛАРЕН ДО КРАЈОТ НА КАРИЕРАТА?

Британецот во исто време изјавува дека не планира да вози за друг формула 1 тим. Хамилтон произлезе од школата на Мекларен, а минатата сезона потпиша договор со тимот најмалку до 2012.

“Планирам да возам за Мекларен цела кариера. Имам одличен договор и би сакал соработката да продолжи и по крајот на тој договор. Тимот не врши притисок на своите возачи. Ова е како големо семејство за мене, бидејќи тука сум од 1997. Дури и по многу лош викенд, сите веднаш простуваат, го учат тоа што е потребно и одат понатаму”, објаснува Хамилтон.

***

Култхард со совет: “Луис, успори малку!”

Дејвид Култхард смета дека неговиот британски сонародник Луис Хамилтон мора да направи неколку тешки одлуки ако сака да остане во формула 1 долго време.

“Ако се поставиш во јавноста на таков начин, тогаш нормално е да те гледаат каде одиш, со кого одиш и што правиш. Луѓето тогаш мислат дека имаат дел од тебе. Јас никогаш не сум го имал вниманието кое го има тој и не можам да замислам како е. Да се биде првиот црн возач во Ф1, да се загуби титулата во последна трка, тие работи се навистина неверојатни. Но, Луис има се што е потребно да биде шампион. Единствено што го нема е ментално искуство за вакви ситуации”, смета Култхард.

37-годишниот Шкотланѓанец вели дека вистинскиот рецепт е да се држиш подалеку од медиумите.

“Ако ги погледнете Мика Хакинен и Кими Раиконен, тие се луѓе кои ја ценат својата приватност. Кими дури не оди да потпишува книги или на забави на славни луѓе. Ако Луис сака да оди по рутата на Бекам, тој ќе биде многу зафатен на патеката и уште повеќе зафатен надвор од патеката”, предупредува возачот на Ред Бул.


Наjновo од Спорт
Скокнаа цените на новите евро-ѕвезди
Загрижени лидерите на европскиот и светскиот фудбал
Риека “пресуши” на Градски
Платини: Зачуден сум од небрежноста на лекарите
Збогум и играј за Хрватска!!!
Васоски закачи “кучешка тенија”
Вимблдон се “опоравува” по серијата шокови
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
Кубица останува реален за шансите на БМВ Заубер
Франција останува во Ф1, ФИА ќе го “разгледува” спортот
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Кими му ја “даде” победата на Маса
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Хамилтон признава дека ја чувствува “жештината”
Алонсо навистина не знае дали ќе остане во Рено
Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи