
|
 |
Спорт / Формула 1
МЕСТОТО НА ФОРМУЛА 1 ВОЗАЧ НИКОГАШ НЕ Е СИГУРНО Бурде не знае што ќе прави во 2009, Култхард останува реален
Себастиен Бурде вели дека се обидува да не се грижи за неговата неизвесна иднина во формула 1. Освојувачот на четири Чемп Кар титули се приклучи на формула 1 оваа година покрај својот високоценет колега од Торо Росо, Себастијан Фетел. Иднината не неговиот тим од Фаенца исто така е неизвесен, откако могулот на Ред Бул, Дитрих Матешиц најави дека сака да ги продаде своите 50% од акциите.
 “Очигледно ако почнеш да размислуваш за тоа, ќе бидеш загрижен. Можеш целосно да заборавиш на тоа, како што јас се обидов да направив, на крајот имаше само 8 трки и не сме ниту во средина на сезоната. Не можам да кажам дека го покажав тоа што сакав да го покажам оваа година. Што ќе се случи, ќе се случи. Ако бидам отпуштен, тоа е тоа. Но, јас давам се од себе и тоа не се исплати”, вели Французинот.
Бурде вели дека се надева на продолжување на својата формула 1 кариера во 2009, кога спортот ќе се врати на мазните гуми, со кои доминираше во својата американска кариера.
“Сега засега сум фокусиран за 2008. Се надевам дека ќе можам да покажам што умеам на болид со мазни гуми во иднина”, додава Бурде.
КУЛТХАРД ЗНАЕ ДЕКА КАРИЕРАТА МУ Е ПРЕД КРАЈ
Дејвид Култхард не ја отфрли можноста дека Британското ГП овој викенд ќе биде негова последна домашна трка како формула 1 возач, иако 37-годишниот Шкотланѓанец е убеден дека може да покаже многу во спортот. Култхард е најстариот возач во формула 1 и втор по бројот на трки по Рубенс Баричело. Тој има 236 ГП трки и се натпреварува во 14 полна сезона откако дебитираше во тимот на Вилијамс на Шпанското ГП во 1994, по смртта на Аиртон Сена.
Иако Шкотланѓанецот често ги отфрлаше прашањата за пензионирање и за иднината, сега шпекулациите велат дека Ред Бул размислуваат да го донесат Себастијан Фетел во првиот тим во 2009 година, а за Култхард можеби ќе се најде место во Торо Росо.
“Сите сме различни, а јас сум реалист. Кога нешто ќе се случи, не останувам на тоа долго време, туку одам на следното нешто. Кога ќе дојде времето, ќе продолжам. Сега сум ГП возач, како што бев толку многу сезони, и уживам во тоа и мислам дека придонесувам доволно на тимот. Но, ќе дојде момент кога нема тоа да продолжи. Има многу полоши работи кои можат да ти се случат”, вели Култхард.
И покрај се, Култхард најуспешниот активен британски возач во Ф1 и двократен победник во Силверстоун во 1999 и 2000 вели дека ќе ужива овој викенд.
“Кога возиш на други патеки не гледаш на трибините, но кога си на Хангар рамнината мораш да ги видиш и почуствуваш фановите. Така ќе биде и овојпат. Што би дал да бидам на подиумот уште еднаш? Па, не би дал ништо, но би било одлично”, завршува Култхард.
*** Заубер: “Добро е што Кубица критикува”
Петер Заубер, основачот на БМВ Заубер, консултант и мал акционер во тимот, го поддржа Роберт Кубица кој го критикуваше германско-швајцарскиот тим за недостаток на развој во текот на сезоната. Полјакот Кубица, кој победи на Канадското ГП за прв триумф на БМВ, изјави дека тимот мора да биде поагресивен во развојната програма ако сака да ја намали разликата од Ферари и Мекларен.
“Роберт сака повеќе. Токму затоа му дадовме договор пред две и пол години. Од него еднаш беше побарано да каже кои три работи ќе ги понесе на пуст остров и тој изјави тркачки автомобил, гуми и бензин. Тоа кажува многу работи за него. Тој е фокусиран и целиот негов живот е посветен на успех. Ментално е неверојатно силен, бара многу од себе, но од сите околу него. Вистински материјал за шампион”, смета Заубер.
Швајцарецот исто така додава дека и самиот бил разочаран по Француското ГП, каде што Кубица беше само петти.
“Тој има далеку поамбициозни планови од петто место. Сега БМВ треба да одговори”, додава Заубер.
*** Светските шампиони Ферари не се финансирани од италијанскиот гигант Фиат, вели претседателот на тимот Лука Ди Монтеѕемоло. Според 60-годишниот Италијанец финансиите за тимот се добиваат од парите добиени од продажбата на спортските автомобили на Ферари и од спонзорите. “Не добиваме ниту пени од Фиат. Луѓето не го сфаќаат тоа. Ние сме мала компанија во споредба со БМВ, Мерцедес-Бенц, Рено, Тојота и Хонда. Затоа е добро кога ќе ги победиш”, вели Ди Монтеѕемоло.
Бруно Сена вели дека нема да му пречи да ја почне Ф1 кариерата во помал тим. 24-годишниот Бразилец, чиј вујко Аиртон Сена освои две светски титули, е втор во генерален пласман во ГП2 серијата, а шпекулациите го пворзуваат со тимот на Торо Росо, кој е во сопственост на поранешниот добар пријател на неговиот вујко, Герхард Бергер. “Навистина немам омилен тим. Прво ја сакам ГП2 титулата, што е доволно тешко и што не ти гарантира добар Ф1 болид”, вели Сена. Сите предходни ГП2 шампиони се во формула 1: Нико Розберг, Луис Хамилтон и Тимо Глок, а тука се и вице-шампионите од 2005 и 2006, Хеики Ковалаинен и Нелсон Пике Јуниор.
Џенсон Батон признава дека Луис Хамилтон е единствениот британски возач со шанси за победа на домашната трка во Силверстоун. На неделната трка ќе има три возачи од Британија: Батон, Хамилтон и Дејвид Култхард, но Хамилтон, кој лани ја освои пол-позицијата и третото место е единствен со реални шанси. “Секогаш сакаш да бидеш добар на домашната трка и да освоиш поени. Но, борбата за победата ќе ја оставам на Луис”, вели возачот на Хонда.
Луис Хамилтон уживаше во среќавање со неговиот личен херој Нелсон Мандела на прославата на 90. роденден на поранешниот јужноафрикански претседател во Лондон. Минатата недела возачот на Мекларен се појави на вечерата на Мандела и потоа нервозно се сретна со него на концертот на Хајд Парк. “Како беше? Како да одиш да го видиш кралот, да бидеш пред Господ. Бев целосно без зборови. Тоа никогаш не се случило предходно”, вели Хамилтон.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|