среда, 02.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

И ПОКРАЈ ТОА ШТО ДИТРИХ МАТЕШИЦ ГИ ПРОДАВА СВОИТЕ 50% ОД ТИМОТ
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009

Спортскиот директор на тимот на Торо Росо, Франц Тост вели дека не постои загриженост за блиската иднина на тимот, и покрај тоа што шефот на Ред Бул, Дитрих Матешиц планира да ги продаде своите 50% од акциите. Матешиц јасно стави на знаење дека сака да го продаде Торо Росо за да се фокусира на “големиот” Ред Бул Рејсинг Тим.

Торо Росо од тогаш преговара со повеќе заинтересирани инвеститори, вклучувајќи го и формула 3 тимот од Британија, Ултимејт. Тост вели дека и покрај намерите да се продава тимот, Матешиц го гарантирал буџетот на тимот за во 2009.

“Шпекулациите за продажбата на тимот беа посилни на почетокот на сезоната, и секако влијаеја на нас, но само кратко време. Ако има секоја недела приказна за продажба на тим, не е многу забавно за тие кои работат во него. Пораката која ја добивме од Матешиц е јасна, дека за 2009 се останува стабилно, не само околу вработеноста, туку и околу биџетот. Потоа ќе видиме што ќе се случи за 2010. Во моментов ние одиме напред, чекор по чекор”, вели Тост.

БУРДЕ И ФЕТЕЛ СЕ ОДЛИЧНИ ВОЗАЧИ

Возачите на Скудерија Торо Росо, Себастијан Фетел и Себастиен Бурде не треба да се плашат за нивната позиција во тимот, бидејќи Тост вели дека во тимот се задоволни од првиот дел од сезоната. Торо Росо се смета за Б тим на Ред Бул, така што сите очекуваат следната година да го видат младиот Германец Фетел во Ред Бул, но од Торо Росо велат дека се надеваат дека тој ќе остане и во 2009.

“Фетел скокна во формула 1 по многу кратка тркачка кариера. Не можете да дојдете во формула 1 и да им покажувате на сите како се вози. На млад возач му е се потребни три години да научи се за формула 1, не само болидот, туку целото опкружување. Затоа сум задоволен од нашите возачи. Фетел учи се повеќе и станува подобар, додека Бурде имаше неколку добри трки. Затоа тие се сигурни”, вели Тост.

ДОЦНИОТ СТАРТ Е УМЕН ПОТЕГ

Техничкиот директор на тимот, Џорџо Асканели пак вели дека не жали за одлуката да се промовира новиот болид во средина на сезоната. Тимот од Фаенца се натпреваруваше со минатогодишниот СТР2 на првите пет трки од 2008 пред да го воведат СТР3 во Монако. Иако ова беше ризичен потег, тимот освои пен во дебито на новиот болид.

“Одлучивме да стартуваме со модифицирана верзија на болидот од 2007 и од сегашна перспектива тоа беше исправно. Сега сме на половина од поените од минатата сезона, така што мора да сме направиле нешто исправно! СТР3 е далеку подобар болид, и иако имавме проблеми со деловите, сега се е решено”, вели Асканели.

***
Брандл: “Хамилтон ќе загуби во битката со медиумите”

Овие денови пред Британското ГП сите имаат совет за Луис Хамилтон. Поранешниот возач, а сега ТВ водител, Мартин Брандл инсистира дека младиот возач на Мекларен мора да “престане со војната со медиумите”, бидејќи во спротивност “ќе загуби катастрофално”. Хамилтон беше под лупата на критичарите во 2008 за неговите активности надвор од патеката, како во неделата кога Њуз оф д Ворлд објави дека поранешната британска мисица Вивијан Буркхард изјави дека Хамилтон ја напуштил само два дена пред на Фестивалот во Кан да се појави со Никол Шерцингер од бендот Пусикет Долс.

По катастрофалната трка во Мањи-Кур, Хамилтон прво не сакаше да зборува со британските медиуми, по што Брандл, кој и самиот беше возач на Мекларен го предупреди дека не треба да води војна со медиумите.

“Тоа е битка која ќе ја загуби и тоа страшно. Медиумите ќе работат со тебе, но се треба да има реципроцитет, и подобро е тие да ти се пријатели отколку непријатели. Лут возач секогаш ќе вози како Луис во Мањи-Кур, со многу грешки. Тој сега треба да заборави на статусот на мега-ѕвезда и да работи како Ф1 возач”, предупредува 49-годишниот Брандл.

Но Хамилтон веднаш одговори на советите на поранешните британски шампиони Џеки Стјуарт и Дејмон Хил.

“Јас сум во единствена ситуација и никој не се чувствувал како мене досега. Единствена личност од која примам совети е мојот татко”, вели Хамилтон.


Ф1 ФЛЕШ

Пред Британското ГП има се поголеми шпекулации дека Дејвид Култхард ќе го објави своето повлекување од формула 1 токму во Силверстоун. Култхард во кариерата има 15 победи и скоро 250 ГП трки, а со 37 години е најстариот возач во Ф1. Следната година на негово место се очекува да дојде Себастијан Фетел.

Познатиот дизајнер на Ф1 патеки Херман Тилке наводно бил во посета на Донингтон Парк, како дел од плановите за големо преуредување на патеката. Донингтон се почесто се споменува како замена за трката во Силверстоун, чии сопственици се во остар конфликт со Ф1 шефот Берни Еклстоун.

Тојота Ф1 тимот ќе има посебен партнер на Британското ГП, откако доби поддршка од филмот на Ворнер Брос “Темниот Витез”, кој е последен филм од Бетмен серијата и ќе има премиера на крајот на овој месец (25 јули). За да се одбележи филмот, болидите на Тојота ќе бидат освежени со логото на филмот. Покрај ова “вистинскиот” Бетмобил ќе излезе на патеката во Силверстоун во четврток покрај ТФ108 болидите.

Скоро е сигурно дека Кими Раиконен ќе има нов мотор за трката во Силверстоун. По инцидентот во Мањи-Кур, каде што Финецот имаше среќа да заврши на второто место откако десниот ауспух му откажа, шефот на тимот Стефано Доменикали самиот призна дека скоро е невозможно да се користи истиот мотор. Според новите правила возачите имаат право на едно “слободно” менување на моторот во текот на сезоната без казната од 10 места.


Наjновo од Спорт
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009
Без допинг на ЕУРО 2008
Деко пристигна во Челзи
Барса го нуди Ето за Трезеге
Работнички против Интер од Баку во првото коло на квалификациите на ЛШ
Шпанија ја слави втората континентална титула
Само еден непосакуван, Бенфика
Бурде не знае што ќе прави во 2009, Култхард останува реален
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
Кубица останува реален за шансите на БМВ Заубер
Франција останува во Ф1, ФИА ќе го “разгледува” спортот
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Кими му ја “даде” победата на Маса
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
Хамилтон признава дека ја чувствува “жештината”
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи