четврток, 03.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ЧУДНА АНАЛИЗА НА НАТС ТВ СПОРТС ЊУЗ
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?

Луис Хамилтон е изгласан за најдобар плејбој во формула 1 на сите времиња, во нова епизода која ќе донесе нова муниција за критичарите кои сметаат дека младата британска ѕвезда дозволува да биде деконцентриран од формула 1 со премногу “земски” задоволства.


Луис во друштво со сегашната девојка Никол Шерцингер

Асот на Мекларен Мерцедес има фрустрирачки месец, откако не успеа да освои поени на трките во Монреал и Мањи-Кур правејќи серија грешки по кои ги намали шансите за освојување на титулата, и ја предаде иницијативата на главните ривали од Ферари.

Овој пад на формата во дел од Ф1 круговите беше протолкуван како преголемо влијание на шоубизнисот на 23-годишното момче и серијата состаноци со гламурозни девојки како супермоделот Наоми Кемпбел, пејачката Дани Миног, првата придужничка од Мис Свет натпреварувањет Вивијан Буркхард и Никол Шерцингер од бендот Пусикет Долс.

Неговиот сонародник Дејвид Култхард го предупреди Хамилтон да не ја “гори свеќата на двата краја” и сега резултатите на анкетата на Натс ТВ Спорт Њуз каналот откриваат дека Хамилтон и според Ф1 фановите е најголемиот плејбој во спортот, живеејќи го “шампањскиот животен стил” целосно.



Луис со Наоми Кемпбел

“Луис е вистински херој за нашите гледачи. Тој е ѕвезда на патеката и откако покрај себе доби Пусикет Долс девојка, очигледно е ѕвезда и кај жените. Не е чудно што тој стана прв спортски идол во последните две години. Формула 1 има традиција на мажи кои го 'живеат сонот' и се додека работи напорно зад воланот, не треба да му е срам што Ф1 фановите мислат дека е најдобар плејбој”, вели Џо Талбот, директорот на програми на Натс ТВ.

Хамилтон е прв на три категории - успех кај жени, “шампањски животен стил” и чувство за стил, додека блиску до него се и Џејмс Хант, Сер Џеки Стјуат, Аиртон Сена, Еди Ирвајн, Најџел Менсел, Џенсон Батон и Култхард.

Анкетата откри дека фановите сметаат дека има премалку вистински личности во спортот, бидејќи топ 5 возачите со “смисла за хмиор” се пензионирани: Хант, Стјуарт, Менсел, Ирвајн и Хил. Хамилтон пак не беше меѓу најдобрите возачи според квалитетот, бидејќи беше трет зад Михаел Шумахер и Аиртон Сена.

ДЕНИС ОСТАНУВА ЗАД ХАМИЛТОН

Шефот на Мекларен Рон Денис пак го бранеше својот пулен Хамилтон и неговите лоши резултати, оценувајќи дека тој завршува одлична работа оваа сзона. Денис вели дека се работи за нормална линија на учење во спортот и дека Хамилтон станува подобар.

“Многу луѓе едноставно не сфаќаат колку е тешко да се биде формула 1 возач. Кога ќе се случи нешто лошо, мораш тоа да го оставиш зад себе и да се фокусираш на следната трка. Не е важно колку години имате, секогаш има нешто за учење. Луис тука не е исклучок, тој работи напорно да го научи болидот, да работи поблиску со тимот и да одржи баланс помеѓу работата и приватниот живот. Навистина е големо задоволство да се работи покрај него”, вели Денис.

Хамилтон пак вели дека ќе ужива во недела на своето домашно Британско ГП во Силверстоун. 90.000 билети се распродадени одамна и Хамилтон би сакал да им врати на своите фанови.

“Домашното ГП секогаш носи дополнителен мотив, бидејќи имате поголема поддршка. Лани бев на пол-позицијата и овојпат сакам да бидам на првото место. Сите зборуваат за големата четворка на која мораш да победиш: Силверстоун, Монако, Монца и Спа, но за мене е поедноставно - сакам да победам на првата трка од сезоната, во Монте Карло и дома. Ако ги победиме Ферари на домашен трен би било одлично”, вели Хамилтон.



АНКЕТА ЗА ФОРМУЛА 1 ВОЗАЧИ

ТОП 5 СПОРЕД КВАЛИТЕТИТЕ

1.Михаел Шумахер

2.Аиртон Сена

3.Луис Хамилтон

4.Џеки Стјуарт

5.Најџел Менсел

ТОП 5 СПОРЕД УСПЕХОТ КАЈ ЖЕНИТЕ

1.Луис Хамилтон

2.Џеки Стјуарт

3.Еди Ирвајн

4.Џенсон Батон

5.Дејвид Култхард

ТОП 5 СПОРЕД “ШАМПАЊСКИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ”

1.Луис Хамилтон

2.Еди Ирвајн

3.Џенсон Батон

4.Џејмс Хант

5.Дејвид Култхард

ТОП 5 СПОРЕД СМИСЛАТА ЗА ХУМОР

1.Џејмс Хант

2.Џеки Стјуарт

3.Најџел Менсел

4.Еди Ирвајн

5.Дејмон Хил

ТОП 5 СПОРЕД СМИСЛАТА ЗА СТИЛ

1.Луис Хамилтон

2.Џејмс Хат

3.Џенсон Батон

4.Аиртон Сена

5.Дејвид Култхард



***
Браун го сака Алонсо, но знае дека Шпанецот сака до Ферари

Фернандо Алонсо би бил добредојден во Хонда, но негов избор за тим е јасен - Ферари. Тоа го признава Рос Браун, шефот на тимот на Хонда, тим кому му завршуваат договорите со возачите Џенсон Батон и Рубенс Баричело на крајот на сезоната. И покрај шпекулациите во Мањи-Кур пред две недели дека Хонда е најдобриот избор за двократниот шампион Алонсо, Браун признава дека “сите тимови” би биле заинтересирани за него.

“Хонда не се разликува од сите други. Фернандо е многу добар возач кој сите би сакале да го имаат во својот болид. Знам во кој тим би сакал тој да оди, но сите сакаат таму. Реалноста е таа. Пред да почнеме да разговараме сериозно, тој мора да ја реши ситуацијата со Ферари”, вели Браун, кој до крајот на 2006 беше технички директор во Ферари.

Ако Алонсо реши да си замине од Рено на крајот на сезоната, Браун вели дека Хонда не се плаши од неговото лошо искуство со Мекларен кое заврши минатата година.

“Нема да има проблем, воопшто. Тоа ќе биде фасцинантен предизвик. Сите кои работеле со него го ценат многу. Со Мекларен беше тешко, но прашајте ги сите во Рено”, вели Браун.

***

Култхард се врати во Мекларен!

Формула 1 ветеранот Дејвид Култхард се врати во Мекларен како гостин кој си плати билет во средата, и во исто време ги зеде своите шефови од Ред Бул на турнеја низ фабриката на ривалите во Вокинг пред Британското ГП. 37-годишниот Шкотланѓанец кој возеше за Мекларен од 1996 до 2004 година, ја направи најголемата понуда во добротворната аукција за ручек за четири и турнеја низ фабриката со генералниот менаџер на тимот Мартин Витмарш.

Според Мекларен, Култхард со себе ги понесе шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, главниот инжинер Адријан Њуи и поранешниот ГП возач и ТВ коментатор, Мартин Брандл. Њуи беше технички директор на Мекларен, додека Брандл, кој е менаџер на Култхард, возеше за тимот во 1994.

“Дејвид секогаш бил популарен возач во Мекларен и сите го познаваме многу одамна. Тој има најмногу ГП трки како возач на Мекларен од било кој во историјата. Фантастично е што даде свои пари за да не посети”, вели Витмарш.


Ф1 ФЛЕШ

Генералниот менаџер на Мекларен, Мартин Витмарш вели дека спортот мора да ги следи интересите на фановите и ги повика тимовите да дадат повеќе информации за ТВ гледачите. Според Витмарш Ф1 е бизнис на забава и фановите би сакале информации како радио-комуникација возач-бокс, нивото на гориво во болидите и податоци за стратегијата. “Мораме да ги заддржиме формула 1 фановите. Тие кои се заинтересирани немаат доволно податоци. Има луѓе кои се заинтересирани за возачите, некои кои се заинтересирани за битката Мекларен-Ферари, но и такви кои сакаат да ја следат технолошката и тактичката битка во еден викенд”, вели Витмарш.

Ферари профитираат од тоа што имаат двајца возачи кои се борат за титулата, вели шефот на тимот Стефано Доменикали. Во моментов Фелипе Маса е лидер во генерален пласман, а веднаш зад него со 3 поени заостанување е Кими Раиконен. “Цело време слушам дека е тешко да имаш двајца возачи кои се борат за титулата во ист тим, но не се согласувам. Тоа е предност, а не хендикеп за нас, но само бидејќи имаме транспарентност и смиреност во тимот”, смета Доменикали.

Возачот на Ред Бул, Марк Вебер вели дека критиките за Британското ГП не се фер, и додава дека формула 1 ќе загуби дел од историјата ако оваа трка не е на календарот. “Штета што има толку политика околу трката во Силверстоун. Веќе ги загубивме Имола, Сузука и некои други патеки, така што не смееме да ги дадеме Силверстоун, Монца и Спа. Ни треба Британското ГП поради историјата околу трката и индустријата која го поддржува”, вели Австралиецот.

Несогласувањата околу ткн. “кориснички болиди” помеѓу Ф1 ривалите Форс Индија и Торо Росо се завршени, велат извештаите. Во мај шефовите на тимовите се сретнаа во Карпе Дием ресторанот на Ред Бул во Австрија. Според германскиот Ауто Мотор Унд Спорт, Форс Индија добиле 4.5 милиони евра отштета од Торо Росо за користењето на болидите на Ред Бул, иако шефот на тимот Колин Колс барал дури 9 милиони евра.




Наjновo од Спорт
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
И Интер го посакува Швајнштајгер
Галакси со понуда за Роналдињо
Дел Боске потпишува идната недела
Вредам повеќе од десет милиони евра
Аршавин: Сакам да го променам клубот
Милан се откажа од Адебајор
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009
Бурде не знае што ќе прави во 2009, Култхард останува реален
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
Кубица останува реален за шансите на БМВ Заубер
Франција останува во Ф1, ФИА ќе го “разгледува” спортот
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Кими му ја “даде” победата на Маса
Маса подготвен за битка во Мањи-Кур
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи