петок, 04.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ПО 14 ГОДИНИ ВО ФОРМУЛА 1, ВОЗАЧОТ НА РЕД БУЛ ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА
Галантниот Шкотланѓанец Култхард во пензија

Дејвид Култхард ќе стави крај на својата 14-годишна формула 1 кариера на крајот на оваа сезона. 37-годишниот Шкотланѓанец, кој има 13 победи во кариерата, го соопшти ова пред Британското ГП во Силверстоун, која ќе биде негова 237. ГП трка. Култхард возеше за тимовите на Вилијамс и Мекларен, а сега е во Ред Бул Рејсинг, каде што од следната година ќе продолжи како консултант.

“Мојата одлука беше донесена предходно оваа година и е донесена затоа што сакам да прекинам додека се уште сум конкурентен. Се уште уживам во неверојатниот предизвик кој го носи мојата кариера и сакам да најдам нови предизвици во спортот. Ќе останам активно вклучен во спортот како консултант на Ред Бул, фокусирајќи се на тестирањето и развојот на болидот. Останувам подготвен да се натпреварувам во иднината во некој друг моторспорт, така што кацигата ќе ја зачувам. Очигледно Британија е местото каде што требаше да го соопштам ова бидејќи имам две победи во Силверстоун и член сум на Британскиот Тркачки Клуб, кој ја организира оваа трка. Горд сум на мојот Ред Бул тим и ќе продолжам да давам максимум се до последниот круг во Бразил”, вели Култхард во своето соопштение.

Најстариот возач во спортот, Култхард јасно изјавува дека е задоволен од својата кариера и покрај тоа што многумина очекуваа дека Шкотланѓанецот имаше сили да стане и светски шампион.

“Не гледам носталгично на деновите кога имав 21 година и излегував со кого стигнам. Сега се уште станувам наутро подготвен за акција. Само гледам каде сум сега и сфаќам колку сум среќен. Можев да го загубам животот во 2000 кога падна мојот авион, и можев да загинам на патеката многу пати, но сега сум тука. Имав одлична кариера - подобро да ме паметат како некој што за малку успеал, отколку што никогаш не се обидел. Формула 1 е единствен спорт, но погрешно е да се каже дека ништо не може да го замени тоа”, вели Култхард.

Шкотланѓанецот, кој победи на Британското ГП во 1999 и 2000, ја започна кариерата во 1994 година, кога беше промовиран од местото тест-возач во тимот на Вилијамс по смртта на легендарниот Бразилец Аиртон Сена. Тој стигна до својата прва победа во Португалија во 1995 година, а во 1996 година замина во тимот на Мекларен.

Поголемиот дел од својата кариера таму ја помина во сенка на Мика Хакинен, финскиот двократен светски шампион од 1998 и 1999. Најдобрата сезона во кариерата му беше во 2001 година, кога беше втор во генерален пласман зад доминантниот Михаел Шумахер во Ферари.

Култхард останува едно од најпрепознатливите Ф1 лица, и е почитуван поради својата искреност, чест и смисла за хумор, која не секогаш беше добро прифатена во јавноста.

Неговиот шеф Кристијан Хорнер изјави дека Култхард е “вистински професионалец”.

“Тој покажа дека е вистински тимски играч, факт што се засилува со тоа што тој возеше за само уште два Ф1 тима во целата кариера. Тој го освои нашиот прв поен, прв подиум и беше прв од нашите возачи кој водел во една трка. Пред се, Дејвид е џентлмен и го сметам како добар пријател. Неговото пензионирање става крај не само на неговата кариера, туку на едно поглавје на Ф1 историјата”, вели Хорнер.


НЕКОЛКУ РАБОТИ ЗА ДЕЈВИД КУЛТХАРД

- Дејвид Култхард почна со тркањето како дете, возејќи во Формула Форд во 1989 година. Тој е првиот освојувач на младинската наград ана Мекларен. Во 1990 тој скрши нога на Спа-Франкоршамп, но следната година победи на три Формула 3 трки во Цандворт и Макао. Во 1992 и 1993 беше во Формула 3 серијата.

- Во 1993, Култхард стана тест-возач на Вилијамс-Рено, а следната година ја имаше истата улога, пред трагичната смрт на Аиртон Сена во Имола, по што од Шпанското ГП возеше покрај Дејмон Хил. Култхард покажа доволна брзина, но грешките и лошата среќа му донесоа само еден подиум. На последните три трки од сезоната тој беше заменет со Најџел Менсел, но следната година доби главно место. Во 1995 тој ја оствари првата победа во Португалија.

- Во 1996 година Култхард потпиша договор со Мекларен, кои тогаш се мачеа со брзината. Во 1997 тој оствари две победи и заврши на третото место во генерален пласман (по суспензијата на Михаел Шумахер). Од 1998 Мекларен беше најбрзиот болид, но Култхард беше втор возач покрај Мика Хакинен. Во 1999 победи двапати. Од 2002 до 2004 тој беше во сенка на новиот фински колега Кими Раиконен.

- Ред Бул Рејсинг потпишаа договор со Култхард во 2005 година, и Шкотланѓанецот како да беше освежен од овој потег. Во 2007 година во тимот дојде Адријан Њуи, инжинерот со кого работеше во Мекларен.

- Помеѓу активните Ф1 возачи Култхард е трет на листата по бројот на победи зад Кими Раиконен и Фернандо Алонсо. Тој исто така има 533 поени, со што е најдобриот британски возач. Во Шпаниј во 2006 тој стана само осмиот возач со над 200 ГП трки.

- Култхард подолго време живее во Монако, а поседува домови во Лондон, Белгија и Швајцарија. Покрај тоа тој има неколку луксузни хотели во Британија и Монако.

- На 2 мај 2000 Култхард го изнајми Лирџет авионот на пријателот Дејвид Мареј, но по дефект на аеродромот во Ница, авионот падна. Култхард со тогашната девојка Хајди Вичлински и телохранителот Енди Метјуз преживеаја, додека пилотот Дејвид Сондерс и ко-пилотот Ден Ворли загинаа.

- Според британските таблоиди Кутлхард е поврзуван со многу жени. Тој одеше со Хајди Клум, Викторија Херви, Андреа Мареј, Рут Тејлор, а беше свршен со Хајди Вичлински и Симоне Абделнур. На 2 јуни 2006 тој се сврши со Карен Миниер, белгиски ТВ коментатор.

- Во неговото родно село Твинхолм има музеј посветен нему, кој беше воден од неговото семејство.

- Вториот братучед на Култхард, Новозеланѓанецот Фабијан Култхард исто така е тркач.

***
Ф1 ФЛЕШ

Сер Френк Вилијамс вели дека не постојат пари кои можат да го купат Нико Розберг предвреме. Германецот дебитираше за Вилијамс во 2006 година и има договор со тимот до крајот на 2009. “Нико е клучен за нашиот раст како тим и имаме договор со него до крајот на 2009. Можеби некој сака да го купи за 50 милиони $, но договрите се договори. Исто така имаме поволна финансиска состојба. Роберт Кубица е навистина добар и жал ми е што кажувам дека пред три години тој беше слободен, но не размислувавме за него. Наш приоритет беше Нико”, вели Вилијамс.

Луис Хамилтон вели дека сака да го предизвика сонародникот Џенсон Батон за да се одлучи кој е во подобра физичка форма. 23-годишниот Британец беше импресиониран што возачот на Хонда, Батон заврши на 117. место од 1.700 натпреварувачи во полупрофесионален триатлон минатиот месец. “Тоа е добро, но мислам дека сум по-фит од него и морам да го докажам тоа”, вели Хамилтон. Актуелниот шампион Кими Раиконен пак не би бил заинтересиран за такви работи. “Тренирам кога ми се тренира. Немам распоред. Мразам планирање”, вели Раиконен.

Претседателот на ФИА, Макс Мозли побара од сите формула 1 тимови да се намалат трошоците во спортот, велејќи дека спортот станува економски неисплатлив. Во писмо до сите шефови на тимови, Мозли вели дека не е можно големите производители да вработуваат повеќе од 1.000 луѓе за да водат тим од два болиди.

Тојота ќе се трка во 2009 со непроменет состав, велат шпекулациите. Швајцарскиот Блик тврди дека 33-годишниот Јарно Трули и неговиот нов тимски колега 26-годишниот Тимо Глок ќе бидат задржани и за следната година. Според Блик Трули, кој дојде во Тојота во 2004 има договор за следната година, додека се очекува јапонскиот тим да ја искористи опцијата во договорот со Германецот Глок. “Никогаш не сме имале ваква хармонија во тимот. Конечно двајцата возачи се во иста насока”, вели менаџерот на тимот Ричад Криган.

Ко-сопственикот на Торо Росо, Герхард Бергер вели дека неговиот тим е заинтересиран за партнерство со производител на автомобили, кога Ред Бул ќе ги продаде 50% од италијанскиот тим. “Одлично е да се има човек како Дитрих како партнер. Ако Ред Бул мора да ги продаде акциите, морам да пронајдам партнер сличен како Ред Бул. Тоа може да биде само производител на автомобили. Не смееме да заборавиме што Ред Бул направи за овој тим, кој претходно беше Минарди”, вели Бергер.


Наjновo од Спорт
Галантниот Шкотланѓанец Култхард во пензија
Аршавин во Лондон на преговори со Челзи
Арагонес, конечно, призна за Фенербахче
Романија може да падне
Пет години Абрамович во Челзи
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
И Интер го посакува Швајнштајгер
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009
Бурде не знае што ќе прави во 2009, Култхард останува реален
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
Кубица останува реален за шансите на БМВ Заубер
Франција останува во Ф1, ФИА ќе го “разгледува” спортот
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”
Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?
Кими му ја “даде” победата на Маса
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи