вторник, 08.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ПО ДОЖДЛИВАТА ТРКА ВО СИЛВЕРСТОУН, ТРОЈЦА ВОЗАЧИ СО ИСТ БРОЈ ПОЕНИ
Хамилтон маестрално на дождот!

Луис Хамилтон одговори на своите критичари и ја врати потерата по светската титула на вистински пат со неверојатна победа на дождливото Британско ГП. Асот на Мекларен фантастично се снајде на тешката патека, а неговиот тим ги направи сите можни правилни одлуки, додека неговите главни ривали имаа ден за заборавање. По неговата победа, Хамилтон се израмни на врвот во генерален пласман со дуото на Ферари, Кими Раиконен и Фелипе Маса, кои беа четврти, односно 13. Ник Хајдфелд го освои второто место за БМВ пред изненадувањето Рубенс Баричело во Хонда, кои беа единствени возачи во ист круг со Британецот.

Победата на Хамилтон дојде во можеби најдобрата трка во неговата кратка кариера и доаѓа во вистинско време откако не успеа да освои поени на предходните две трки. Пред Силверстоун, Англичанецот беше под притисок и како да го чувствуваше кога поради грешките на квалификациите беше само четврти на стартот.

“Дефинитивно најдобрата победа која сум ја имал досега, но доаѓа една од најтешките трки. Ова ќе се запише како мојата најдобра трка, не само бидејќи е домашна патека, туку бидејќи навистина возев добро. Сакам победата да ја посветам на моето семејство, бидејќи сите имавме проблеми последните недели и беше тешко. Но, како и секогаш семејството е тука кога е најпотребно”, вели Хамилтон.

Дождот му даде шанса на Хамилтон да го покаже својот талент. Тој имаше импресивен старт и од четвртото место се доближи до својот колега и освојувач на пол-позицијата Хеики Ковалаинен, кого го помина во петтиот круг. Тој веднаш направи предност, но веднаш беше пристигнат од Раиконен кој го помина Ковалаинен во 10 круг. Одлучувачкиот момент дојде во 21. круг, кога Хамилтон и Раиконен првпат влегоа во боксот.

Мекларен му поставија на Хамилтон “средни” гуми, додека Ферари се коцкаа дека ќе остане суво, ги оставија користените гуми на Раиконен. По еден круг повторно почна да врне и Раиконен се мачеше да ја заддржи контролата на болидот. Хамилтон притисна и до 26. круг имаше 21.8 секунди предност пред Раиконен, кој потоа го загуби третото место за Ковалаинен.

Времето остана тешко за предвидување, и Мекларен направија нова добра одлука кога во второто влегување во боксот во 38. круг му поставија “средни” гуми иако условите беа толку тешки што Хонда се одлучи за гуми за влажно, што беше на крајот успешна приказна за Баричело.

“Беше толку екстремно, како во Фуџи лани. Немаше многу дожд, но имав проблеми со видливоста, посебно од десната страна”, вели Хамилтон.


Хајдфелд веднаш дојде под притисок на Баричело во Хонда, кој го имаше најбрзиот болид поради гумите за дожд. Бразилецот го помина Хајдфелд за второто место во 43. круг, но мораше да влезе во бокс во 46. круг поради проблеми со горивото при второто влегување во боксот. Хајдфелд, кој не направи ниту една грешки заслужено дојде на второто место, но Баричело, кој е познат како специјалист за возење на дожд остана како трет.

“Имаше момент кога за малку ќе удрев во ѕид и решивме да одиме со екстремни гуми, бидејќи иако имаше само 5 круга, во тие можев да добијам 10 секунди. Тоа се случи зарем не?”, вели Баричело.

Раиконен кој двапати се изврте во трката, во последните кругови се созеде и го грабна четвртото место победувајќи во импресивната битка со Алонсо. Шпанецот во своето Рено исто така се обиде да го задржи Ковалаинен зад него, но на два круга пред крајот беше поминат.

“Реков дека ако врне се може да се случи, и тоа се виде денеска. Ги искористив гумите многу бргу и при крајот на трката како да возев на мазни гуми. И три поени се доволни”, вели Алонсо.

Убедливо најлоша трка оваа сезона имаше Фелипе Маса, кој по сите проблеми на квалификациите, се изврте неверојатни пет пати и заврши како 11., последен од болидите кои финишираа.


РЕЗУЛТАТИ (БРИТАНСКО ГП):

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 1:39:09.440 10

2.Ник Хајдфелд (БМВ) +1:08.500 8

3.Рубенс Баричело (Хонда) +1:22.200 6

4.Кими Раиконен (Ферари) +1 круг 5

5.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +1 круг 4

6.Фернандо Алонсо (Рено) +1 круг 3

7.Јарно Трули (Тојота) +1 круг 2

8.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1 круг 1

9.Нико Розберг (Вилијамс) +1 круг

10.Марк Вебер (Ред Бул) +1 круг

11.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1 круг

12.Тимо Глок (Тојота) +1 круг

13.Фелипе Маса (Ферари) +2 круга

НЕ ЗАВРШИЈА

14.Роберт Кубица (БМВ) +21 круг

15.Џенсон Батон (Хонда) +22 круга

16.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +25 круга

17.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +34 круга

18.Адријан Зутил (Форс Индија) +50 круга

19.Себастијан Фетел (Торо Росо) +59 круга

20.Дејвид Култхард (Ред Бул) +59 круга


ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 48

2.Фелипе Маса (Ферари) 48

3.Кими Раиконен (Ферари) 48

4.Роберт Кубица (БМВ) 46

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 36

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 24

7.Јарно Трули (Тојота) 20

8.Марк Вебер (Ред Бул) 18

9.Фернандо Алонсо (Рено) 13

10.Рубенс Баричело (Хонда) 11

11.Нико Розберг (Вилијамс) 8

12.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8

13.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6

14.Тимо Глок (Тојота) 5

15.Себастијан Фетел (Торо Росо) 5

16.Џенсон Батон (Хонда) 3

17.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 2

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 96

2.БМВ Заубер 82

3.Мекларен Мерцедес 72

4.Тојота Панасоник 25

5.Ред Бул Рејсинг Рено 24

6.Вилијамс Тојота 16

7.Рено Ф1 15

8.Хонда Ф1 14

9.Скудерија Торо Росо Ферари 7

-.Форс Индија Ферари 0


КРУГ ПО КРУГ НА БРИТАНСКОТО ГП

Луис Хамилтон стигна до својата најимпресивна победа во кареирата откако во Силверстоун го совлада Ник Хајдфелд за повеќе од една минута, додека само уште Рубенс Баричело беше во негов круг.

- Пред стартот иако немаше дожд, патеката беше влажна и сите 20 возачи стартуваа на “средни” гуми. На стартот Хамилтон од вториот ред скокнува и го предизвикува освојувачот на пол-позицијата и колега Ковалаинен пред да имаат мал контакт со гумите. Пред крајот на првиот круг има многу извртувања, Марк Вебер од петтото место, но и Култхард, Фетел, Розберг и слабиот Маса.

- Во 2. круг, Ковалаинен останува прв, Алонсо го поминува Хајдфелд за 5. место, Накаџима излегува од патеката, а Маса повторно се извртува.

- Во 5. круг, Хамилтон лесно го поминува својот тимски колега Ковалаинен за првото место на Бекетс кривината.

- Во 6. круг, Хамилтон има половина секунда предност по круг и направи 2.4 секунди пред Ковалаинен по што следуваат Раиконен (4.0), Алонсо (6.4), Хајдфелд (14.7), Пике (15.9), Трули (18.0), Кубица (18.8), Глок (22.9) и Баричело (25.1). Вебер, кој стартуваше како втор е 15., додека Маса е 18.

- Во 9. круг, Вебер ги поминува Бурде и Зутил за 12. место.

- Во 10. круг, Ковалаинен зе исвртува на Клаб кривината, губејќи шест секунди и второто место на Раиконен.

- Во 12. круг, Зутил губи контрола и излетува.

- Во 14. круг, Раиконен со најбрз круг.

- Во 18 круг, Хамилтон води со 2.3 секунди пред Раиконен, Ковалаинен е трет со 11.7. Маса стигнува до 15. место.

- Во 21. круг, Хамилтон и Раиконен влегуваат во боксот, само Хамилтон зема нови гуми, се враќаат на патеката на прво и второ место.

- Во 24. круг, дождот почнува да паѓа, Накаџима се извртува, Хамилтон е по 2 секунди побрз од сите останати.

- Во 26. круг, Алонсо го поминува колегата Пике. Возачите кои не земаа нови гуми како Раиконен и Алонсо се мачат со брзината.

- Во 27. круг, Ковалаинен го поминува Раиконен, но Хајдфелд ги поминува двајцата и е втор. Физикела излетува.

- Во 30. круг, Хамилтон има 25 секунди предност пред Хајдфелд.

- Во 34. круг, Кубица го зема третото место од Ковалаинен и заостанува 50 секунди. Силниот дожд на патеката значи дека Кубица и Глок излетуваат.

- Во 38. круг, Хамилтон прави грешка, но останува прв, Маса повторно се извртува како и Раиконен. Хамилтон влегува за гориво и за нови гуми (средни).

- Во 41. круг, Хамилтон води пред Хајдфелд (42.6), Баричело (48.7), Трули (57.3), Алонсо (64.5), Ковалаинен (70.8), Раиконен (77.8), Глок (98.9), Накаџима (1 круг) и Вебер (1 круг).

- Во 49. круг, Ковалаинен се извртува, губејќи места од Баричело и Алонсо.

- Во 54. круг, упорниот Раиконен конечно го поминува Алонсо.

- Во 59. круг, и Ковалаинен го поминува слабото Рено на Алонсо.


Фернандо Алонсо вели дека не жали што се врати во тимот на Рено за сезоната 2008 иако Марк Вебер во саботата се квалификуваше во првиот ред. Поранешниот двократен светски шампион по несреќната сезона 2007 со Мекларен, за малку ќе го избереше токму тимот на Вебер, Ред Бул, но се одлучи за враќање во тимот каде што освои две титули. Но, иако неговиот тим Рено не покажува добра форма, Шпанецот вели дека е задоволен.

“Се ми покажуваше дека Рено е сигурниот и најлогичен избор, иако одлуката не беше лесна. Понекогаш Тојота и Ред Бул се подобри од нас оваа година, но ние сме попостојани. Ако би можел сега да избирам за кого да возам и следната трка, повторно ќе биде Рено. Во теорија можеме да бидеме шести или седми”, вели Алонсо.

Покрај се, Алонсо вели дека е среќен што не останал во Мекларен, тим со кој имаше спектакуларни несогласувања минатата сезона.

“Можеби немаме најдобри резултати, не сум на прес-конференциите за места на подиумот, ниту се борам за светската титула. Но, за мене лани беше многу потешко. На крајот знаев дека нема да можам да победам. Дали ми недостасува Хамилтон? Не, бидејќи тие дуели таму не беа фер. Немам добри сеќавања од Мекларен. Оваа година беше тешка околу резултатите, но од друга страна е навистина за уживање”, вели Алонсо.



Ф1 ФЛЕШ

Џенсон Батон го нарече својот Ф1 ривал и сонародник Луис Хамилтон “многу слаб” откако се повлече од предизвикот за триатлон трка за добротворни цели. Откако минатата недела изјави дека физички подобро подготвен од Батон, Хамилтон доби предизвик да се трка против Батон, кој прво го прифати, пред неговиот татко и менаџер Ентони половина час подоцна да се повлече од ова ветување. “Тоа е слабо, многу слабо. Искрено изненаден сум бидејќи тој е спортист, јас сум спортист и двајцата сакаме предизвик”, вели Батон. Кога Хамилтон ја прифати битката Батон изјави дека ќе донира 10.000 фунти ако загуби. “Што се случува со парите сега? Се надевам дека барем ќе ги донира”, вели Батон.

Луис Хамилтон е блиску до инвестиција од неколку милиони долари во Гренада, малиот карипски остров од каде што доаѓа неговиот татко. Според Дејли Телеграф, асот на Мекларен е подготвен да даде 20 милиони $ за изградба на еден хотел и преговарал со премиерот на малата држава Кит Мичел. Покрај одличното време, Гренада нуди и големи даночни олеснувања.

Дејвид Култхард вели дека не жали за ништо во својата Ф1 кариера. Пред трката во Силверстоун, 37-годишниот Шкотланѓанец објави дека на крајот на својата 15. сезона ќе се пензионира. “Имав долга кариера и многу добри шанси. Ќе си заминам знаејќи дека сум возел болиди со кои можев да освојам титула. Нема да мислам дека никогаш немав шанса. Добив шанса, но не го испорачав резултатот”, вели Култхард.

ФИА неправилно ги казни Мекларен со 100 милиони $ минатата сезона, објавува британскиот Индипендент. Според анализата, казната со која се заврши Степнигејт шпиунската сага за поседување на детални планови на болидот на Ферари, ги прекршила статутите на ФИА. Членот 14 од статутот на ФИА вели дека без претседателот Макс Мозли, 26. членови на Светскиот Моторспорт Совет (ВСМЦ) мораат да ги претставуваат националните федерации, што не било член. На пример, Берни Еклстоун самиот гласаше иако не претставува ниту една национална федерација.

Берни Еклстоун ги демантираше шпекулациите дека тој е човекот со пари зад Ф1 договорот со патеката Донингтон Парк. ФИА објави дека Донингтон ќе го замени Силверстоун како дом на Британското ГП од 2010 година, но патеката мора да се реновира да ги достигне стандардите кои ги бараат Еклстоун и ФИА, акција за која се потребни 100 милиони фунти. Берни Еклстоун ги демантираше шпекулациите дека тој е зад трката, туку открива дека се работи за еден (засега анонимен) англиски бизнисмен.




Наjновo од Спорт
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?
Во Кадиз во (нај)висок пласман
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”
Преку Германија до 1/4 финале!
Лапорта преживеа!
Ливерпул ја прифати понудата за Крауч
Кафу ја завршува кариерата
Хамилтон маестрално на дождот!
Хамилтон брка победа пред домашните фанови
Галантниот Шкотланѓанец Култхард во пензија
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009
Бурде не знае што ќе прави во 2009, Култхард останува реален
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
Кубица останува реален за шансите на БМВ Заубер
Франција останува во Ф1, ФИА ќе го “разгледува” спортот
Монтоја смета дека формула 1 е “многу досадна”
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи