петок, 11.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ФИНЕЦОТ НЕ ПЛАНИРА ДА СИ ОДИ, НО И ВЕРУВА ДЕКА СКУДЕРИЈА ИМААТ НАЈБРЗ БОЛИД
Кими полн со доверба во Ферари

Кими Раиконен ги отфрли тврдењата дека Ферари загубија дел од својата брзина и своите перформанси во споредба со Мекларен на последните трки и вели дека сега само е потребен еден викенд без проблеми за Скудерија.

Светскиот шампион, кој го дели водството во генерален пласман со својот колега Фелипе Маса и победникот од трката во Силверстоун, Луис Хамилтон, беше само четврти на трката во Британија на дожд во викенд полн со грешки за Ферари. Но, Раиконен, кој ги пропушти шансите за победа откако тимот реши да го задржи на “средни” гуми во клучниот дел од трката верува дека Ферари воопшто не загубиле од својата брзина и конкурентност.

“Секако дека Мекларен ќе бидат брзи, но имаме добар пакет и не станавме побавни туку само ни треба еден добар викенд. Не сме задоволни од резултатите, но водиме во генерален пласман иако требаше да имаме повеќе поени. Грешките се случуваат во овој спорт. Тоа не е првпат и нема да биде последен пат. Грешките се дел од играта и мораме да научиме од нив”, вели Раиконен.

Ферари доминираше на Француското ГП во Мањи-Кур минатиот месец, но Мекларен имаше побрз болид во Силверстоун и покрај сите поинакви очекувања. Кими останува убеден дека Ферари ќе има силен болид на трката во Хокенхајм и предупреди дека не треба да се застане со подобрувањата.

“Имаме силен тим и одиме само напред. Луѓето очекуваат да победиме на секоја трка, но тоа не е така лесно. Прерано е да се каже какви ќе сме во споредба со конкуренцијата во Германија, но чувството во болидот е многу добро и тоа секогаш е добар знак. Мораме да почекаме до трката”, вели Раиконен, кој тестираше во Хокенхајм со Ферари.

НЕ СИ ЗАМИНУВАМ, ОСТАНУВАМ ВО ФЕРАРИ

Шампионот го отфрли шпекулациите дека ќе се откаже од Ферари и ќе се пензионира од следната сезона во формула 1. Од повеќе извори се посочуваше дека Финецот е незадоволен од формула 1 и дека ќе си замине од договорот за следната година, и Фернандо Алонсо о Рено ќе го земе неговото место. 28-гдодишниот Финец ретко ги кажува своите мисли и важи за еден од “потаинствените” формула 1 возачи, но во интервју за Газета Дело Спорт додава дека и покрај сè тој има договор за сезоната 2009 со тимот од Маранело.

“Не сум прекршил договор цел мој живот, и немам намера да го направам тоа ниту сега. Во 2009 јас сум возач на Ферари и тука завршуваат сите шпекулации”, вели Раиконен.

ИНЦИДЕНТОТ СО ФОТОГРАФОТ “НЕ Е НИШТО”

Раиконен исто така мораше да ги отфрли шпекулациите за инцидентот со познатиот формула 1 фотограф Пол-Анри Кахие пред трката во Силверстоун. Во инцидентот Раиконен наводно го турнал Кахие откако овој премногу се доближил со својот објектив до него пред трката и му газел на опремата. По ова се јави самиот Кахие, кој е фотограф во Ф1 речиси 40 години.

“Никогаш немаше контакт меѓу Пол-Анри и Кими, ниту Пол-Анри ја допре неговата опрема. Растојанието на кое беше Пол-Анри е нормално во формула 1, а фотографите кои работат во формула 1 се големи професионалци кои добиваат акредитации. Кахие е во формула 1 речиси 40 години и бил блиску до многу шампиони, но ниту еден од нив не се однесувал на ваков груб начин. Разбирливо е зошто возачите можат да бидат иритирани поради притисокот, но Кими Раиконен никогаш не го изрази тоа јавно, ниту без насилство. Кахие не е повреден и не планира да оди на суд, но жали за ароганцијата со која Кими Раиконен се однесуваше со некој кој само ја работи својата работа”, се вели на официјалниот веб-сајт на Кахие.

Кими од друга страна, признава дека го турнал Французинот.

“Луѓето се обидуваат да направат голема работа од тоа, но тој не смее да стои на моите работи. Тоа беше една мала работа, но луѓето сакаат големи приказни”, објаснува возачот на Ферари.

***
Култхард нема други планови

Дејвид Култхард вели дека нема планови да се натпреварува во други тркачки серии откако ќе ја заврши формула 1 кариерата со Ред Бул на крајот на сезоната. Шкотланѓанецот кој во кариерата возеше за Вилијамс и за Мекларен кога го соопшти своето откажување како да остави можност за враќање на тркањето, но сега вели дека тоа не е случај.

“Немам никаква намера да се тркам на друго место. Единствената причина поради која не кажав дека ја оставам кацигата е бидејќи за неколку месеци или една година има шанси да се тркам и сите ќе зборуваат дека се враќам од пензија. Се повлекувам од формула 1 по 15 години и сфаќам дека сега е вистинското време за тоа. Ќе продолжам да работам со Ред Бул и да помагам во растот на тимот. Сè уште ќе тестирам со тимот и ќе останам во физички добра состојба”, вели Шкотланѓанецот.

Ветеранот исто така беше изненаден што по враќањето на формула 1 по две години пауза во Хокенхајм забележал колку формула 1 напредувала. Култхард е изненаден што може да помине на познатата Мотодром секција на патеката без да го “спушти” гасот.

“Другите години најмногу можевме да ја користиме петтата брзина”, вели 37-годишниот Култхард.

***

Таблоидот без главниот сведок против Мозли!

Во приватното судење на Макс Мозли против британскиот таблоид Њуз оф д Ворлд околу т.н. “болна наци оргија” на претседателот на ФИА, имаше драматичен развој на настаните откако главниот сведок на таблоидот одби да сведочи. Т.н. “Жена Е”, која го информираше таблоидот за оргијата, има “емоционална и ментална состојба со која нема да биде фер ниту разумно да сведочи”, велат од таблоидот. Тоа значи дека случајот е одложен до понеделник пред да се слушнат завршните говори.

“Жената Е” е таа која тајно ја снимила садомазохистичката оргија во станот во Челзи, Лондон во март, а требаше да сведочи со својот сопруг. Адвокатите на таблоидот признаваат дека ова е лош развој на настаните, но инсистираат дека не се откажуваат од тврдењето дека оргијата имала нацистичка конотација.


И Тојота со “наковално”

Тојота стана последниот тим кој ја тестираше покривката на моторот која во формула 1 ја донесе тимот на Ред Бул Рејсинг, а ја прифатија и Рено, Форс Индија и Торо Росо, а и Мекларен на тест-сесијата во Хокенхајм. Тојота моментално се четврти во генерален пласман во шампионатот на конструктори.

Ф1 ФЛЕШ

Бернар Кахие, еден од најпознатите формула 1 фоторепортери, почина на 81 година. Кахие почна со фотографирањето во формула 1 во 1952 година и стана добар пријател со многу асови на таа ера, како Хуан Мануел Фанџо, Стирилинг Мос, Џим Кларк, Греем Хил, Ден Герни и Џеки Стјуарт. Во 1968 година тој беше еден од основачите на асоцијацијата на новинари во мотоспортот ИРПА, со што почна организирањето на медиумите во формула 1. Неговиот син Пол-Анри Кахие исто така е познат Ф1 фоторепортер, кој беше во центарот на вниманието на трката во Силверстоун, кога Кими Раиконен го турна поради тоа што бил преблиску до него.

Додека шефот на БМВ Моторспорт, Марио Тајзен, во секоја пригода сака да ги намали шансите на неговиот тим за титулата, техничкиот директор на тимот, Вили Рампф, е убеден дека Роберт Кубица може да се врати назад во трката откако падна на четвртото место во Силверстоун. По победата во Канада, Полјакот Кубица беше лидер во генерален пласман, но падна на второто место во Франција и сега на четвртото место по Англија, каде што не ја заврши трката. “Втори сме во шампионатот на конструктори, а Роберт губи само два поени зад тројката на врвот. Тоа значи дека се на дофат и дека не се предаваме. Фактот што не водиме е само поголем мотив за нас”, вели Рампф.

Потпретседателот на американската НАСКАР серија, Џим Франс, е во посета на фабриката на Ф1 тимот на Мекларен во Вокинг. Самиот Франс призна дека “има далеку повеќе технологија” отколку во НАСКАР или ИРЛ трките, и беше импресиониран од “нивото на производствените способности” на тимот. 64-годишниот милијардер на турнејата низ Вокинг беше пречекан од генералниот менаџер на Мекларен, Мартин Витмарш. “Ова беше одлична шанса да се разговара и да се споредат различните нивоа на мотоспортот”, вели Франс.

Бруно Сена вели дека не му пречи што неговото име се појавува во комбинации за формула 1 место следната година и вели дека шпекулациите се забавни. Успехот на внукот од сестра на великанот Аиртон Сена, во ГП2 серијата веќе го поврза со место на тест-возач во БМВ или тркачко место во Скудерија Торо Росо. “Има многу шпекулации, посебно во Бразил. Тоа ми е забавно бидејќи веќе прочитав дека сум потпишал за три тима. Супер, значи имам избор. Засега нема ништо дефинитивно за мојата кариера во формула 1, и мојата работа е на патеката. Првата цел е да се освои ГП2 титулата, а потоа ќе зборуваме за формула 1”, вели Сена.

Донингтон Парк, патеката која ќе ја преземе улогата на домаќин на Британското ГП од Силверстоун од 2010, сè уште нема аплицирано за дозвола за редизајнирање и градба, што е потребно за патеката да ги задоволи потребните Ф1 стандарди. Во последниот пресврт на работите неизвесна е инвестицијата од 100 милиони фунти за да се преуреди патеката која последен пат беше домаќин на формула 1 трка пред 15 години.




Наjновo од Спорт
Кими полн со доверба во Ферари
ФФМ ги потврди суспензиите на “штрајкувачите”!
Африка во бунт против Блатер
Блажевиќ нов селектор на БиХ
Бекам во Ол-стар тимот
Осум директори на Барса поднесоа оставка
Победа, единствена опција
Алонсо повторно поврзуван со Ферари
Хамилтон ја кажа следната цел - светската титула
Хамилтон маестрално на дождот!
Хамилтон брка победа пред домашните фанови
Галантниот Шкотланѓанец Култхард во пензија
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009
Бурде не знае што ќе прави во 2009, Култхард останува реален
Хамилтон сака да ја заврши “домашната задача”
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи