петок, 18.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Формула 1

ГЕРМАНСКИОТ ШОФЕР ЌЕ ГО НАПУШТИ ТОРО РОСО
Фетел од 2009 во Ред Бул

Германецот Себастијан Фетел ќе го замени пензионираниот Дејвид Култхард во екипата на Ред Бул од следната сезона и ќе вози заедно со Австралиецот Марк Вебер.

21-годишниот Фетел, кому германските медиуми му го дадоа прекарот “Бејби-Шуми”, е гледан како потенцијален наследник на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер и од него се очекува да биде вториот Германец со титула планетарен првак.

“Одлуката отсекогаш беше многу јасна додека Себастијан ќе му се приклучи на тимот. Одлучивме дека место да чекаме, подобро е да го потврдиме она што претходно го знаевме, а тоа да се стори на домашната трка на Себастијан беше исто така лесна одлука”, рече извршниот директор на Ред Бул, Кристијан Хорнер, во пресрет на германското Гран При, кој не соопшти детали околу документот, одвоен дека се однесува на 2009 година, со можност да биде продолжен.

“Со нетрпение ја очекувам следната сезона, тоа ќе биде голем исчекор напред и секако една од целите кон кои се стремев”, вели Фетел, кој годинава вози во екипата на Торо Росо, која е сметана како помлада сестра на екипата на Ред Бул.

Фетел се прослави минатото првенство, кога со своите 19 години стана најмладиот шофер во историјата откако освои еден поен со осмото место на трката за Големата награда на САД, а во тоа време тој возеше за тимот на БМВ Заубер. Воедно, тој лани стана најмладиот возач во историјата на Ф1, бидејќи на трката за ГН на Турција настапи со 19 години и еден месец. Неговиот најдобар резултат досега беше ланското четврто место во Кина.

Торо Росо се наоѓа на деветтото место во севкупниот поредок, додека Ред Бул се петти, а Фетел соопшти дека дискусијата да дојде на местото на Дејвид Култхард, почнала уште за време на минатомесечното Гран при на Канада.

“Во Себастијан добивме многу млад возач кој демонстрираше извонреден потенцијал во трките кои ги возеше на крајот на ланската и во оваа година. Постоеја и други возачи за кои бевме заинтересирани, но Себастијан веќе со години е дел од тимот на Ред Бул. Неговиот прогрес беше следен будно од наша страна и можеме да бидеме среќни што во следната сезона ќе имаме еден од најдобрите млади шоферски тандеми во Фетел и Вебер”, изјави Хорнер.

Инаку, Фетел изјави дека до крајот на 2008 година е целосно посветен на тимот на Торо Росо и дека нема да почне да тестира со својот нов тим сè до крајот на тековната сезона.

Розберг на местото на Ковалаинен ?

Последните шпекулации од Ф1 пазарот велат дека германскиот пилот Нико Розберг би можел да го замени финскиот возач од Мекларен Мерцедес, Хаики Ковалаинен.

Оваа информација во јавноста ја соопшти менаџерот на Михаел Шумахер, Вили Вебер.

“Розберг има клаузула во договорот која Вилијамс има минимални шанси да ја исполни. Имено, за Вилијамс да има опција за продолжување на договорот со Розберг, тимот ќе мора да финишира најмалку на четвртата позиција во конкуренција на конструктори. Јас сум убеден дека Розберг ќе оди во екипата на Мекларен Мерцедес, каде ќе го замени Ковалаинен, додека тој би требало да оди во тимот на Рено, рече 66-годишниот Вебер за списанието Билд.

Инаку, Розберг, кој е роден во Стокхолм, е син на поранешниот Формула 1 шампион од 1982 година, Кеке Розберг.

Неизвесна иднината на Кубица

Полскиот возач Роберт Кубица сè уште не говори ништо за неговиот евентуален иден работодавец во 2009 година, иако би можел и да остане во екипата на БМВ Заубер, во која сезонава вози феноменално и се наоѓа на само два бода од тројцата лидери кои се израмнети на врвот во генералниот пласман.

“Среќен сум со тимот. Дали ќе продолжам со нив, не знам. Тоа е тешко прашање. Јас никојпат не сум имал проблеми со моите совозачи и би било исто доколку Алонсо би бил до мене. Меѓутоа, во моментов не знам дали тој би дошол тука, а не знам ни дали јас би си заминал од тимот”, вели Кубица, кој по извонредната сезона, предизвика интерес од многу од Ф1 тимовите.

Инаку, тимот на БМВ Заубер во последно време беше поврзуван дека во своите редови би го довел Шпанецот Фернандо Алонсо, иако сето тоа е само во доменот на шпекулациите.


ЗАНИМЛИВОСТИ ОД СЕЗОНАВА:

ИНДИВИДУАЛНИ ФАКТИ:

Победата на Луис Хамилтон во неговото домашно Гран При, во Силверстоун, значеше дека 23-годишниот пилот на Мекларен се најде на врвот во генералниот пласман по третпат сезонава, откако водеше и по трките во Австралија и Монако.

Луис Хамилтон бил во водство во 179 од 571 извозени кругови во оваа сезона, што е најмногу од сите возачи.

Досега четворица возачи сезонава го запоседнале врвот во севкупниот поредок, тоа се Хамилтон, Бразилецот Фелипе Маса и тимскиот колега Кими Раиконен од Финска, како и Полјакот Роберт Кубица од тимот на БМВ Вилијамс. Последен пат вакви измени на врвот имаше во далечната 1987 година, кога за титулата се бореа легендарните Аиртонс Сена и Нелсон Пике од Бразил, Французинот Алан Прост и Британецот Најџел Менсел.

Светскиот првак Кими Раиконен, по освојувањето на четвртото место во Силверстоун, стана седмиот возач во Формула 1 кој забележал предку 500 поени во својата кариера.

Италијанецот Јарно Трули со неговата Тојота единствениот шофер кој прокнижил поени на сите три последни извозени трки од годинашното првенство.

Пет различни возачи годинава стартуваа од пол-позицијата, при што Финецот Хаики Ковалаинен беше последниот на трката за ГН на Британија.

Двократниот светски шампион, Шпанецот Фернандо Алонсо е единствениот шофер кој годинава на сите трки бил подобропласиран од неговиот тимски колега.

ТИМСКИ ФАКТИ:

Ферари досега има победено на 206 трки, Мекларен на 159, а Вилијамс на 113 на ол-тајм листата.

Ферари победи на пет од деветте овосезонски трки, а Маса и Хамилтон имаат најмногу, по три.

Победата на Хамилтон на Силверстоун со повеќе од 68 секунди пред второпласираниот беше најдоминантен триумф на еден шофер откако неговиот сонародник Дејмон Хил финишираше два круга пред сите во Австралија во 1995 година.

Победата во Силверстоун беше седми триумф во кариерата за Хамилтон, со што тој се израмни со Колумбиецот Хуан Пабло Монтоја и Рене Арну на ол-тајм листата.




Наjновo од Спорт
Фетел од 2009 во Ред Бул
Роналдињо: Го живеам миланскиот сон!
Анри најдобриот “топчија” низ историјата
Роналдињо-манија во Милано
Доживотна суспензија за Тревор Греем
По сензација на европското деби!
Серија “А” и натаму е корумпирана
Хамилтон: Посакувам еден-два триумф
Пресудата се очекува следната недела
Кими полн со доверба во Ферари
Алонсо повторно поврзуван со Ферари
Хамилтон ја кажа следната цел - светската титула
Хамилтон маестрално на дождот!
Хамилтон брка победа пред домашните фанови
Галантниот Шкотланѓанец Култхард во пензија
Хамилтон е најдобриот Ф1 плејбој, но само трет по квалитетите?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи