
|
 |
Спорт / Формула 1
Хамилтон победник на германското ГП во Хокенхајм
Пилотот на Мекларен Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Германија. Ова е осма победа во кариерата за Хамилтон, а вкупно четврта оваа сезона. Најголемото изненадување на денешната трка го приреди пилотот на Рено, Бразилецот Нелсон Пике Јуниот, кој за првпат во кариерата се избори за подиум и тоа како второпласиран на денешната трка. Трето место му припадна на сонародникот на Пике, пилотот на Ферари Фелипе Маса. Бодови денеска уште освоија и четвртопласираниот Ник Хајдфилд (БМВ), петопласираниот Хеики Ковалаинен (Мекларен), шестопасираниот Раиконен (Ферари), потоа Кубица (БМВ) како седмопласиран и Фетел (Торо Росо, осма позиција).
Во генералниот пласман во конкуренција на возачи води Луис Хамилтон со 58 бода, втор е Маса со 54, додека на третото место со 51 бод е Раиконен. Кубица со 48 бода е четвртопласиран.
Во генералниот пласман во конкуренција на конструктори лидер е тимот на Ферари со 105 освоени бода. Второто место му припаѓа на БМВ Заубер со 89 бода, додека трет е тимот на Мекларен со 86 поени.
Следната трка од Формула 1 шампионатот, 11-та на овосезонскиот календар, на програмата е на 3 август, а ќе се вози за Големата награда на Унгарија во Будимпешта.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|