
|
 |
Спорт / Формула 1
“Ферари“ ќе ја продолжи соработката со Кими
Во последните две трки, во Силверстон и Хокенхаим, светскиот шампион во Формула 1, Кими Раиконен не покажа се што знае. Меѓутоа, тоа не ги спречи челниците на “ферари“ на Кими да му понудат продолжување на соработката и да го сочуваат во шампионскиот тим до 2011 година.
Како што пишува германскиот “Билд“ постоеле сомневања дека на крајот од оваа сезона Раиконен би можел да ги изненади сите, и да одлучи да се повлече од Формула 1 натпреварувањето, иако има договор со италијанскиот тим до 2009 година. Неговиот тимски колега има уште две и пол години до истекот на договорот и неговата состојба не е доведена во прашање, но со Раиконен ситуацијата е друга. Доколку светскиот шампион го продолжи договорот, како што се очекува, тоа ќе го растажи пилотот на “рено“ Фернандо Алонсо кој потајно се надевал дека 2009 или 2010 година би можел да го исполни сонот и да стане член на тимот од Маранело.
“Не верувам дека Раиконен ќе си замине. Би рекол дека Алонсо ќе треба да остане во “рено“, изјавил поранешниот светски шампион Ники Лауда.
Што се однесува до Раиконен, тој одбива да признае дека тимот е во криза по неколкуте негови слаби резултати.
“Се мачевме во текот на целиот викенд и се обидувавме да сфатиме зошто се случуваат такви работи. Обично нашата брзина е добра, но тоа не беше случај во Хокенхаим. Овие недели имаме тестирање во Херез каде ќе се обидеме да ги поправиме недостатоците, и да бидеме максимално подготвени за трката на Хунгароринг“, рекол Раиконен.
Екипата на “ферари“ од 22 јуни и од трката за Големата награда на Франција ги нема освоено двете челни позиции.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|