петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Мозли ќе добие отштета од 70.000 евра

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација, ФИА, Макс Мозли, на суд го доби спорот против британскиот таблоид "Њуз оф д ворлд".

Судењето дојде откако таблоидот на почетокот на оваа година објави дека првиот човек на ФИА учествувал во "нацистичка оргија со проститутки", при што обеа објавени и фотографии. По тужбата на Мозли, одлуката на лондонскиот суд вели дека британскиот таблоид мора да му плати на Мозли отштета во висина од 70.000 евра.

Мозли по објавувањето на текстот и фотографиите во таблоидот, призна дека ги користел услугите на неколку проститутки во еден подрум во Лондон, но негираше дека користеле нацистички обележја во било каква конотација.

Функционерот на ФИА, пред судот истакна дека има склоности кон садомазохизам, но дека идејата за користење на нацистичките симболи му е одвратна. Тој во последните неколку месеци по објавувањето на сторијата, беше под жесток притисок да ја напушти челната функција во светскиот автомобилизам, но сепак не сакаше да го стори тоа и во иднина ќе остане на тоа место.

Инаку, Макс Мозли е син на поранешниот лидер на британските фашисти, Освалд Мозли, на кому гостин на свадбата во 1936 година му бил никој друг туку лично Адолф Хитлер. За време на Втората светска воја, владата на британскиот премиер Винстон Черчил го држела Освалд Мозли во куќен притвор.


Наjновo од Спорт
Мозли ќе добие отштета од 70.000 евра
Шутерски тренинг без реализација
Пуштете го Роналдо!
Штутгарт!? - Тоа е веќе минато!!!
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
“Ферари“ ќе ја продолжи соработката со Кими
Хамилтон победник на германското ГП во Хокенхајм
Фетел од 2009 во Ред Бул
Хамилтон: Посакувам еден-два триумф
Пресудата се очекува следната недела
Кими полн со доверба во Ферари
Алонсо повторно поврзуван со Ферари
Хамилтон ја кажа следната цел - светската титула
Хамилтон маестрално на дождот!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи