
|
 |
Спорт / Формула 1
Тимовите со нова "унија", Мозли со свои планови
На состанокот во седиштето на Ферари во Маранело десетте формула 1 тимови се согласија да воспостават нова организација, Асоцијација на Формула 1 тимови (ФОТА). Во соопштение издадено од Ферари се вели дека состанокот на кој присуствувале и Берни Еклстоун и Доналд Мекензи од ЦВЦ, носителите на комерцијалните права, имало "екстремно конструктивна атмосфера).
"Тимовите едногласно се согласија да се формула ФОТА и да се работи со регулаторите во ФИА и со комерцијалните носители во ФОМ за условите кои треба да ги создадеме за да имаме силен и динамичен спорт", се вели во соопштението.
Според портпаролот на Ферари нема одлука кој ќе ја води асоцијацијата. Тимовите се уште немаат нов Конкорд договор, кој претставува комерцијален документ кој треба да биде потпишан од ФИА, ФОМ и тимовите во милијардерскиот спорт.
На состанокот претседаваше претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло, а на него беа и шефовите на Мекларен Рон Денис и Мартин Витмарш со што се гледа новиот дух во спортот. Ферари и Мекларен беа вклучени во шпиунскиот скандал минатата година, кој заврши со казна од 100 милиони $ и одземање на титулата во конструктори за Мекларен.
Помеѓу шефовите во Маранело беше и Флавио Бриаторе, шефот на Рено, кој претходно изјави дека на формула 1 & недостасува работа од претседателот на ФИА, Макс Мозли, кој беше преокупиран со секс-скандалот.
"Неговото отсуство се чувствува како немање на проект за формула 1. Тимовите се чувствуваат напуштени", вели Бриаторе.
МОЗЛИ ВЕЛИ ДЕКА Е ПОДГОТВЕН ЗА РАБОТА
Мозли од друга страна вели дека сега фокусот се враќа на спортот. Тој е под притисок и од носителите на комерцијалните права ЦВЦ, кои според шпекулациите дури размислуваат да ги продадат своите 75% акции. Но, самиот Мозли има право да стави вето на оваа продажба.
"Според тоа што го слушнав, ЦВЦ не брзаат да ги продадат своите акции во спортот. Не се откажувам од своето вето бидејќи правата може да ги купи некој што ќе сака да кажува што ќе се случува на секоја трка. Во моментов нема никаков проблем меѓу мене и Берни", вели Мозли.
По неговата победа во судскиот случај против Њуз оф д Ворлд, Мозли вели дека планот е да се повлече од позицијата на крајот на мандатот.
"Не сакам повторно да се кандидирам во 2009 бидејќи повеќе не сакам да работам секој ден. Не се чувствувам старо, но има и други работи во животот", вели 68-годишниот Мозли.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|