петок, 01.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Ферари по победа во Унгарија

Шефот на Ферари, Стефано Доменикали, е човек кон кого морате да имате симпатии. Скудерија ја прегази конкуренцијата на Француското ГП со доминантна 1-2 победа и покрај скршениот ауспух на Кими Раиконен, но само две трки подоцна печатот упорно оди со насловните страници: "Ферари во криза".

Толку е потребно за криза во формула 1 - две слаби трки. Но, Ферари се уште имаат предност во пласман на конструктори и нивните двајца возачи се поблиску до Луис Хамилтон во генерален пласман отколку што беа пред последната трка лани, Бразилското ГП.

Но, ако Ферари беа навистина во дефанзива, една трка на која не сакаа да доаѓаат е Унгарското ГП. Хунгароринг е иста трка со Монако, но без гламурот, историјата и возбудата и со само едно место за претекнување. Но, за разлика од Монако каде што има бариери кои не признаваат грешки, во Унгарија има доволно место за корекции. Зошто оваа трка останува на календарот? Можеби затоа што главната улица до патеката се вика Берни Еклстоун авенија.

Унгарија е остра патека која ги "јаде" гумите и иако Мекларен ќе бидат сигурно брзи таму (како во Монако), температурите и трошењето на гумите ќе бидат далеку поголеми. Ферари се грижат за своите гуми во 2007, Мекларен не. Но, на неодамнешното тестирање во Херез, каде што има слични услови, Ферари беа далеку од првите места.

Трките на дожд создаваат услови за израмнување, но како што се виде во Силверстоун, Ферарито е многу потешко да се контролира на влажна патека. Унгарското ГП во 2006 година беше епска трка во која победи Џенсон Батон на дожд и за неутралните фанови кои не сакаат да гледаат во стратегијата со гориво, тоа ќе биде единствена надеж за интересна трка.

Поради тесната патека, Ф1 специјалистите кои се добри на улиците во Монако можат да блеснат. Јарно Трули, Фернандо Алонсо и Марк Вебер би требало да влезат во третите квалификации.

Ако Мекларен сакаат 1-2 победа оваа година ова можеби е нивната најдобра шанса. Луис Хамилтон е во форма по одличните трки во Британија и Германија, а Хеики Ковалаинен е охрабрен со новиот договор. Вистинската битка ќе се води в сабота кога ќе се одредува текот на трката.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 58

2.Фелипе Маса (Ферари) 54

3.Кими Раиконен (Ферари) 51

4.Роберт Кубица (БМВ) 48

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 41

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 28

7.Јарно Трули (Тојота) 20

8.Марк Вебер (Ред Бул) 18

9.Фернандо Алонсо (Рено) 13

10.Рубенс Баричело (Хонда) 11

11.Нелсон Пике Јуниор (Хонда) 10

12.Нико Розберг (Вилијамс) 8

13.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8

14.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6

15.Себастијан Фетел (Торо Росо) 6

16.Тимо Глок (Тојота) 5

17.Џенсон Батон (Хонда) 3

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

ТИМОВИ

1.Скудерија Ферари 105

2.БМВ Заубер 89

3.Мекларен Мерцедес 86

4.Тојота Панасоник 25

5.Ред Бул Рејсинг Рено 24

6.Рено Ф1 23

7.Вилијамс Ф1 Тојота 16

8.Хонда Ф1 14

9.Скудерија Торо Росо Ферари 8

-.Форс Индија Ф1 Ферари 0


Наjновo од Спорт
Ферари по победа во Унгарија
Се селам во Реал Мадрид
Од "дрес-логото" се купува еден класа фудбалер
Надежта последна умира!!!
Артест ќе биде "трампан" во Хјустон
Спарс го добија Бентли за 17 милиони фунти
Сите фудбалери до 23 години можат да играат на ОИ
Тимовите со нова "унија", Мозли со свои планови
"Многумина во Ф1 забораваат дека тоа е спорт"
Кими сака да стане рели тркач?
Денис: "Хеики не е возач за поддршка"
Алонсо не е лут, но сака повторно да е шампион
Мозли ќе добие отштета од 70.000 евра
“Ферари“ ќе ја продолжи соработката со Кими
Хамилтон победник на германското ГП во Хокенхајм
Фетел од 2009 во Ред Бул
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи