понеделник, 04.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Проблемите на Маса му донесоа деби победа на Ковалаинен

Животот не е фер, ниту формула 1 е фер.

Возачот на Мекларен, Хеики Ковалаинен прослави шокантна деби победа на Унгарското ГП во неделата откако на несреќниот Бразилец Фелипе Маса во Ферари му откажа моторот додека беше во водство на три круга пред крајот.

Финецот Ковалаинен ја искористи несреќата на Маса за да стигне до првото место пред дебитантот на подиумот, Германецот Тимо Глок во Тојота, и колегата на Маса и светски шампион Кими Раиконен. Успехот на Глок беше фантастичен, ако се знае дека пред две недели си замина од Германското ГП со амбулантно возило по тешкиот судар. Колегата на Ковалаинен, Луис Хамилтон, остана лидер во генерален пласман иако поради дупната гума во средина на трката падна на 10. место. Британецот заврши петти, зад својот поранешен колега Фернандо Алонсо во Рено. Хамилтон има 5 поени предност пред Раиконен, додека Маса падна на третото место со уште три поени заостанување.

"Секако дека ми е жал за Фелипе бидејќи тоа што му се случи на него денеска мене ми се случува неколкупати во оваа сезона. Но, морам да бидам среќен денеска бидејќи заедно со тимот работев напорно за победа. Маса и Луис беа многу брзи денеска, но нешто работеше за мене. Се обидов да поставам притисок на Фелипе во последните кругови, но не успеав", вели Ковалаинен.

Маса ќе го преземеше водството во генерален пласман откако направи фантастичен старт на неделната (инаку досадна) трка. Од третото место Бразилецот до првата кривина ги помина двата Мекларени пред да направи удобна предност. Бидејќи претекнувањето е речиси невозможно во Хунгароринг, шансите на Маса за победа се зголемија кога Хамилтон во 41. круг имаше дупната гума.

Хамилтон беше задоволен.

"Мислам дека успеав да го остварам најдоброто што можев. Што да правиш кога имаш дупната гума? Лани најверојатно затоа ја загубив титулата. Но, не е така лошо како што можеше да биде", вели Хамилтон.

Бразилецот Нелсон Пике беше шести за Рено, додека Јарно Трули го комплетираше добриот викенд за Тојота со седмото место. Разочарување секако во БМВ Заубер, каде што Роберт Кубица едвај спаси еден поен, откако падна од 4. на 8. место на стартот.

РЕЗУЛТАТИ (УНГАРСКО ГП):

1.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 1:37:27.067 10

2.Тимо Глок (Тојота) +11.020 8

3.Кими Раиконен (Ферари) +16.811 6

4.Фернандо Алонсо (Рено) +21.614 5

5.Луис Хамилтон (Мекларен) +23.043 4

6.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +32.298 3

7.Јарно Трули (Тојота) +36.449 2

8.Роберт Кубица (БМВ) +48.321 1

9.Марк Вебер (Ред Бул) +58.834

10.Ник Хајдфелд (БМВ) +1:07.709

11.Дејвид Култхард (Ред Бул) +1:10.407

12.Џенсон Батон (Хонда) +1 круг

13.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1 круг

14.Нико Розберг (Вилијамс) +1 круг

15.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1 круг

16.Рубенс Баричело (Хонда) +2 кругови

НЕ ЗАВРШИЈА

17.Фелипе Маса (Ферари) +3 кругови

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) +3 кругови

19.Адријан Зутил (Форс Индија) +6 кругови

20.Себастијан Фетел (Торо Росо) +47 кругови

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 62

2.Кими Раиконен (Ферари) 57

3.Фелипе Маса (Ферари) 54

4.Роберт Кубица (БМВ) 49

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 41

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 38

7.Јарно Трули (Тојота) 22

8.Фернандо Алонсо (Рено) 18

9.Марк Вебер (Ред Бул) 18

10.Тимо Глок (Тојота) 13

11.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 13

12.Рубенс Баричело (Хонда) 11

13.Нико Розберг (Вилијамс) 8

14.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8

15.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6

16.Себастијан Фетел (Торо Росо) 6

17.Џенсон Батон (Хонда) 3

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 111

2.Мекларен Мерцедес 100

3.БМВ Заубер 90

4.Тојота Панасоник 35

5.Рено Ф1 31

6.Ред Бул Рејсинг Рено 24

7.Вилијамс Ф1 Тојота 16

8.Хонда Ф1 14

9.Скудерија Торо Росо Ферари 8

-.Форс Индија Ферари 0

КРУГ ПО КРУГ НА УНГАРСКОТО ГП

Хеики Ковалаинен победи на Унгарското ГП преземајќи го водството на два круга пред крајот, кога Фелипе Маса се откажа со проблеми со моторот по доминација на трката. Ова е прва негова победа во Ф1, и тој станува 100. човек во историјата на формула 1 со ГП победа.

- На стартот Маса ги поминува Ковалаинен и освојувачот на пол-позицијата Хамилтон за да го превземе водството на првата кривина, додека Тимо Глок е четврти.

- До 5. круг Маса води со 1.5 секунди пред Хамилтон, а потоа следуваат Ковалаинен, Глок, Кубица, Алонсо, Раиконен, Вебер, Трули и Пике Јуниор.

- До 15. круг водството на Маса е 3.0 секунди.

- Во 18. круг Маса влегува во боксот, заедно со Кубица и Вебер. Хамилтон влегува следниот круг, Глок во 20. круг, Ковалаинен во 21. круг, Алонсо и Раиконен во 22. круг.

- Во 26. круг Маса ја одржува предноста од 2.7 секунди пред Хамилтон. По нив следуваат Ковалаинен, Глок, Култхард, Алонсо, Раиконен, Пике, Трули и Кубица.

- Во 32. круг Бурде влегува во бокс, гориво тече од цревото, се појавува оган, но тимот го гасне.

- Во 40. круг Маса води со 5.0 секунди пред Хамилтон, следуваат Ковалаинен, Глок, Алонсо и Раиконен.

- Во 41. круг на Хамилтон на второто место му се дупнува гума на 2. кривина и тој влегува во бокс, и се враќа на 10. место.

- Во 50. круг Раиконен губи контрола на 2. кривина, но се враќа на патеката.

- Во 55. круг Маса води пред Ковалаинен со 14.1 секунди, следуваат Глок, Раиконен, Алонсо, Хамилтон, Пике, Трули, Кубица и Вебер.

- Во 68. круг од болидот на Фелипе Маса излегува чад, Бразилецот се откажува, водството преминува на Ковалаинен.


Наjновo од Спорт
Проблемите на Маса му донесоа деби победа на Ковалаинен
Мицнер им донесе титула на Германките
Адебајор останува во Арсенал
Олимпијакос нуди 50 милиони долари за Леброн
Кој не е желен за нови успеси, оди надвор!
Елиминација со пресврт!!!
"Жежок" меч за Ставрев
Шуми удрил пешак!
Мекларен го потврдија Ковалаинен за 2009
Ферари по победа во Унгарија
Тимовите со нова "унија", Мозли со свои планови
"Многумина во Ф1 забораваат дека тоа е спорт"
Кими сака да стане рели тркач?
Денис: "Хеики не е возач за поддршка"
Алонсо не е лут, но сака повторно да е шампион
Мозли ќе добие отштета од 70.000 евра
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи