
|
 |
Спорт / Формула 1
Алонсо во Хонда само за 2009, по што оди во Ферари?
Фернандо Алонсо наскоро ќе потпише 15 милиони $ вреден договор со кој ќе стане возач на Хонда покрај Џенсон Батон следната година, но тој престој може да биде краток бидејќи Шпанецот не се откажува од целта да вози за Ферари во 2010, објавува британскиот Гвардијан. Се верува дека една од клучните причини поради која двократниот шампион се решил на заминување од Рено е пристигнувањето на Рос Браун во Хонда оваа сезона. Браун веќе најави дека работите ќе се менуваат следната сезона, признавајќи дека Алонсо би бил совршен за тимот.
Хонда би ризикувале да потпишат со Алонсо на само една година, но следната година би сакале да го убедуваат да остане во тимот кој вели дека нивната долгорочна иднина е на првото место. Иднината на Алонсо во Ферари зависи од тоа дали Кими Раиконен ќе реши да ја продолжи кариерата, бидејќи неговиот договор завршува на крајот на 2009.
Хонда Рејсинг сакаат големо име во 2009, најавувајќи болид кој ќе биде успешен и шампионски. Надежта е дека машината ќе биде доволно да го натера Алонсо да остане во јапонскиот тим повеќе од една година, а искуството на Алонсо во Мекларен, каде што се разделија по само една година и покрај долгиот договор, ги натера Хонда да сфатат дека долгите договори не обезбедуваат сигурност.
"Мислам дека сите тимови би сакале подолги договори, секој возач за една сезона е тежок. Но, ако мора да има едногодишен договор, тогаш добро - тој може да прерасне во поголем договор. Се зависи од тоа колку добри ќе бидете. Сигурен сум дека договорот на Алонсо со Мекларен беше повеќе од една година, но видете колку траеше", признава Рос Браун.
Британецот не сакаше да коментира на тоа колку разговорите со Алонсо се напреднати, ниту не сакаше да прогнозира кога ќе биде договорот.
"Фернандо е еден од најдобрите Ф1 возачи и секој тим освен еден би сакал да го има во тимот. Ние не сме различни, но дали навистина ќе се случи, навистина не знам", додава Браун.
Хонда скоро сигурно ќе го заддржи Џенсон Батон за сезоната 2009, додека иднината на Рубенс Баричело зависи од Шпанецот Алонсо.
За иднината на Шпанецот се "загрижи" дури и познатиот тенор Пласидо Доминго, кој беше во посета на Шпанецот во Унгарија. 67-годишниот Доминго доби кацига со автограм од Алонсо.
"За мене ќе биде неверојатно да заврши во Ферари, бидејќи тоа ќе биде обединување на две големи страсти", објаснува Доминго.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|