
|
 |
Спорт / Формула 1
Враќањето на Ферари не ги плаши Мекларен
Шефот на Мекларен, Рон Денис вели дека не е загрижен од враќањето на формата на Ферари на Унгарското ГП, и покрај тоа што Фелипе Маса беше многу блиску до победа. Маса беше на три круга до импресивен триумф откако ги помина двајцата возачи на Мекларен на стартот, но му откажа моторот, предавајќи му ја победата на Хеики Ковалаинен во Мекларен.
"Не мислам дека Ферари беа посебно добри во Унгарија. Маса имаше добра трка, но Кими Раиконен не беше доволно силен. Исходот на трката се реши на првата кривина, но ние тогаш ја сменивме стратегијата за гориво, за да застанеме по него и да го поминеме при второто влегување. Дупнатата гума на Луис го спречи да донесе победа", вели Денис.
Брзината на Маса во Унгарија сепак покажа дека битката за приматот во Ф1 помеѓу Ферари и Мекларен не е завршена.
"Самодовербата е слабост, така што ќе одиме трка по трка. Не мислам дека некој се сомнева дека ова ќе биде тесна трка помеѓу нас и Ферари. Задоволен сум од формата", вели Денис.
ЛУИС ПОПРЕТПАЗЛИВ
Неговиот возач Луис Хамилтон пак го предупреди тимот дека треба да очекуваат силен противник во Ферари кога Ф1 ќе се врати на програмата на крајот на август. Ферари беа "уништени" од Хамилтон на дожд во Британија и Германија, но во Унгарија сликата беше поинаква.
"Тие беа силни, тоа е сигурно. Да останевме на првите места од стартот ќе беше поинаку, но во Унгарија се покажа дека имаат силен болид. Не направив некои грешки, но се случи проблемот со гумата", вели Хамилтон.
КИМИ САКА ДА ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ
Кими Раиконен пак вели дека мора да биде далеку подобар на квалификациите ако сака да има реална шанса да ја одбрани светската титула. Финецот нема победа во последните седум трки и во Унгарија и Германија не можеше да ја достигне брзината на колегата Маса. Раиконен двете трки ги стартуваше од шестата позиција.
"Не можам да демантирам дека на последните трки нешто не одеше како што треба. Секојпат се случуваше нешто чудно и не успевавме да го најдеме вистинскиот сет-ап. Тој проблем мора да се реши пред Валенсија. Квалификациите беа одлучувачки во Будимпешта за мене. Во вториот обид во последните квалификации не можев да го заддржам болидот на патека и тоа беше моја вина. Не можам да очекувам да ја освојам титулата ако стартувам од шестото место. Дури иако подоцна си една секунда побрз од тие пред тебе, не можеш да ги претекнеш. Но, ситуацијата во шампионатот не е толку лоша, иако во Унгарија се беше разочарувачко освен резултатот", оценува Раиконен.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|