четврток, 07.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Ферари не смее да си дозволи нови грешки

Фелипе Маса вели дека Ферари не смеат да си дозволат да "фрлат" поени како на Унгарското ГП. Бразилецот ја имаше можеби неговата најдобра трка во формула 1, кога на три круга пред крајот страдаше од откажување на моторот кое му ја одзеде сигурната победа во Хунгароринг. Фрустрираниот Маса признава дека не му се верувало.

"Не сакам да го заборавам Унгарското ГП бидејќи на некој начин тоа беше една од најдобрите трки кои сум ги имал во формула 1, но не заврши како што требаше со победа. Вистинска штета бидејќи мислам дека ја заслуживме победата - со совршена трка во вистински момент во шампионатот. Кога откажа моторот имав чудно чувство. Како да бев во кошмар и сакав да се разбудам, но не можев. Неверојатно разочарување. Овој спорт навистина знае да биде суров", вели Маса.

И покрај откажувањето Маса е на само 8 поени зад лидерот во генерален пласман Луис Хамилтон во Мекларен и вели дека останува смирен, но дека Ферари не смеат да продолжат со грешките.

"Гледајќи на генералниот пласман, можам да бидам смирен бидејќи не победи ниту Луис, но не смееме да фрламе поени вака. Загубивме 10 поени, но барем покажавме дека сме силни. Работевме напорно на болидот, но мораме да решиме некои проблеми - да бидеме конкурентни како во Будимпешта, но да бидеме и стабилни. Одредени грешки не смееме да ги повториме - немаме веќе изговори", предупредува Маса.

Неговиот тимски колега, Кими Раиконен беше трет на трката во Унгарија, и сега признава дека е добро време за мал одмор пред уличната трка во Валенсија за три недели.

"Кратката пауза доаѓа во вистинско време. Мораме да ги наполниме батериите по шест месеци напорна работа за да бидеме подготвени за последните трки од сезоната. Ситуацијата во шампионатот не е толку лоша како што изгледа", вели Финецот.


Наjновo од Спорт
Ферари не смее да си дозволи нови грешки
Судбината на Ето ќе се знае до 12 август
Џерард го пропушта Стандард
Русите демантираат систематско допингување
Фудбалерите назад од Пекинг
Сакам во Челзи, доста ми е од Реал
Шкотите откупија 1.000 влезници, Холанѓаните само 150
Враќањето на Ферари не ги плаши Мекларен
Маса се обиде да остане позитивен
Алонсо во Хонда само за 2009, по што оди во Ферари?
Проблемите на Маса му донесоа деби победа на Ковалаинен
Шуми удрил пешак!
Мекларен го потврдија Ковалаинен за 2009
Ферари по победа во Унгарија
Тимовите со нова "унија", Мозли со свои планови
"Многумина во Ф1 забораваат дека тоа е спорт"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи