
|
 |
Спорт / Формула 1
Денис, сепак, останува во Ф1, Кими доби рели понуда!
Шефот на Мекларен, Рон Денис, во интервју за германскиот Ауто Мотор Унд Спорт "потајно" најави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната ако еден од неговите возачи оваа година ја освои светската титула. Луис Хамилтон води во генерален пласман со 5 поени предност пред шампионот Кими Раиконен од Ферари, додека вториот возач Хеики Ковалаинен има 24 поени помалку на седум трки од крајот. 61-годишниот Денис нема титула со Мекларен речиси цела деценија.
"Ако си заминам тогаш би сакал да си одам со титула", вели Британецот.
Магазинот тврди дека Денис, кој почна да работи како механичар во формула 1 како тинејџер во 1960-тите години сака да ја врати славата на тимот на Вокинг и не размислува на промените во Ф1 за следната година.
На ова веднаш реагираше портпаролот на Мекларен велејќи дека Денис нема планови да се повлече.
"Тоа е извлечено од многу стара изјава. Рон неколкупати јасно кажа дека не направил одлука за тоа дали ќе се повлече од спортот. Тимот се фокусира на победите, и тоа се однесува на оваа сезона и на следните сезони", велат од Мекларен.
КИМИ ДОБИ РЕЛИ ПОНУДА ОД ФОРД
Шефот на Рели ВРЦ тимот на Форд, Малколм Вилсон, вели дека е подготвен да му понуди на актуелниот Ф1 шампион Кими Раиконен тест-место за Рели ВРЦ, но додава дека очекува и британската ѕвезда Луис Хамилтон да дојде во спортот во иднината. Раиконен неодамна изјави дека би бил заинтересиран за рели трки по пензионирањето до формула 1, за кое се верува дека ќе се случи на крајот на 2009.
"Би му понудил тест-место. Тоа ќе биде голема можност за нас. Задоволен сум што формула 1 возачите сакаат да возат рели автомобили, како Роберт Кубица и Луис Хамилтон", вели Вилсон.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|