вторник, 07.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Единствениот предизвик на Валенсија

Европското ГП не е нова трка на Ф1 календарот, но оваа година оваа трка ќе биде голем предизвик. Од воведувањето во 1983 година, трката се одржуваше во Донингтон парк, каде што Аиртон Сена победи во неверојатна влажна трка, потоа во Брендс Хеч, Нирнбургринг и Херез.

По 25 години, Валенсија добива шанса да организира трка од која се очекува да биде неверојатен спектакл околу пристаништето на градот, каде што минатата година се одржуваше елитната трка во едрење, Америка Купот.

Патеката е долга 5,44 километри има 25 кривини и на неа ќе се возат 57 круга пред околу 110.000 фанови. Патеката е далеку поинаква од таа во Монако, каде што се вози на тесни кривини, на кои е речиси невозможно да се претекнува. Се очекува кругот да биде околу 1:37, а и многу шанси за претекнување.

Со фантастичните песочни плажи на неколку метра и еден од најживите европски градови во позадина, освен убавите слики се очекува и добра трка. Од стартно-целната рамнина, доаѓа остра десна кривина до Груа Кабриа, каде што ќе се помине на метри од јахтите во пристаништето.

ВОЗАЧИТЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД ПАТЕКАТА

Асот на Хонда, Џенсон Батон ја подели возбудата од тркањето во Валенсија.

"Мислам дека сите во формула 1 се возбудени што доаѓаме тука. Имаме симулатор во нашата база во Британија, но таму не можеш да го доживееш вистинското мислење за патеката. Имаме брзи патеки на програмата како Монца, Спа и Силверстоун, а тука се и бавнитетрки како Монако и Унгарија. Валенсија е некаде во средина", вели Батон.

Покрај возбудата на нова патека во Валенсија и поените ќе се многу важни, со тројцата возачи кои се борат за титулата, Луис Хамилтон во Мекларен и Кими Раиконен и Фелипе Маса во Ферари одвоени со само 8 поени. Хамилтон е импресиониран.

"Навистина фантастично завршена работа. Се изгледа прекрасно и едвај чекам да возиме", вели Хамуилтон.

И Маса вели дека ќе биде интересно.

"Мислам дека ова е добра и интересна патека. Многу поразлично отколку што сме навикнати. На некои кривини наликува на Монако, но рамните делови се слични со Бахреин", вели Маса.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 62

2.Кими Раиконен (Ферари) 57

3.Фелипе Маса (Ферари) 54

4.Роберт Кубица (БМВ) 49

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 41

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 38

7.Јарно Трули (Тојота) 22

8.Фернандо Алонсо (Рено) 18

9.Марк Вебер (Ред Бул) 18

10.Тимо Глок (Тојота) 13

11.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 13

12.Рубенс Баричело (Хонда) 11

13.Нико Розберг (Вилијамс) 8

14.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8

15.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6

16.Себастијан Фетел (Торо Росо) 6

17.Џенсон Батон (Хонда) 3

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 111

2.Мекларен Мерцедес 100

3.БМВ Заубер 90

4.Тојота Панасоник 35

5.Рено Ф1 31

6.Ред Бул Рејсинг Рено 24

7.Вилијамс Ф1 Тојота 16

8.Хонда Ф1 14

9.Скудерија Торо Росо Ферари 8

10.Форс Индија Ф1 Ферари 0



Наjновo од Спорт
„Гревовите“ на Доменек
Победа против Ерменија, императив за македонските фудбалери
И Спорт тврди дека Фабрегас догодина доаѓа во Барса
Заврши меѓународниот турнир во борење „Кочани 2010“
Јонуз од трибините против Ерменците
Алвес ги откри вистинските причини за заминувањето на Ибра
Победата на Педроза во сенка на смртта на Шоја Томизава видео
Фернандо и Фелипе на сослушувањето во Париз
Чандхок ги извозе првите кругови во Кореја
ФИА со истрага за стартот на Маса во Спа
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Алонсо со големи надежи
"Спа промени многу работи"
Ривалите на Ред Бул се "нервозни"
Ред Бул не ги менувале предните крила
Ф1 ФЛЕШ
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи