
|
 |
Спорт / Формула 1
"Можам до титулата!"
Актуелниот светски шампион Кими Раиконен повторно се покажа надвор од форма на Европското ГП низ улиците на Валенсија, но ѕвездата на Ферари инсистира дека може да се поправи и дека шампионатот уште не е загубен.
Раиконен признава дека може (и мора) подобро од последните неколку трки за да остане во битка за титулата, посебно во квалификациите, каде што во последните три трки е победен од својот тимски колега Фелипе Маса и нема победа од Барселона во април и само три пласмани на подиумот на следните осум трки.
"Мислам дека можам подобро од последната трка. Сигурен сум дека можам да ги подобрам моите квалификации и моите резултати. Има уште многу до крајот на сезоната и да почекаме да видиме што ќе се случи. Ова не беше викенд за кој се надевав, но во тркањето се случуваат и такви работи. Не сум премногу загрижен. Не верувам дека и покрај негативниот резултат излегов од трката за титулата. Има шест трки и 60 поени за освојување, а работите се менуваат бргу во овој спорт", вели Раиконен.
Финецот има само 28 освоени поени по победата во Барселона во споредба со 46, 50 и 36 на ривалите за титулата, Маса, Луис Хамилтон и Роберт Кубица. Помеѓу "проблемите" кои го следеа, покрај квалификациите, се и постојаноста на болидот, откако на 13 круга пред крајот моторот му откажа, откако трката веќе му беше уништена со проблемите во второто влегување во боксот, кога прегази еден свој механичар.
"Направив грешка при влегувањето во боксот и го прегазив човекот кој ми полнеше гориво. За среќа, Пјетро Тимпини не е сериозно повреден", признава Раиконен.
МЕДИУМИТЕ КОНТРА ФИНЕЦОТ
Ферари по трката Валенсија би требало да се на чекор поблиску до одредување на возач број 1 оваа сезона, тврдат италијанските медиуми. "Ла Ферари е Фелипе Маса" (Ферари е Фелипе Маса), стоеше на насловната страница на италијанскиот дневен весник Ла Стампа.
Ниту поранешниот шампион на Ферари и коментатор Ники Лауда не е импресиониран од 28-годишниот Финец.
"Фелипе изгледа целосно фокусиран и мотивиран, додека Кими како да не е тука. Светскиот шампионат сега е дуел само на Хамилтон и Маса", вели Австриецот.
Но, Раиконен може да се утеши со ситуацијата во 2007, кога надополни предност од 17 поени од Хамилтон во само три трки, а сега заостанува само 13 поени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|