петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

Денис се срами што е Англичанец!

Шефот на Мекларен, Рон Денис, одбива да го отпише Кими Раиконен од трката за светската титула и покрај неколкуте лоши недели за Финецот. Откако нанижа четири подиуми, вклучувајќи две победи во првите пет трки од сезоната, Финецот последен пат победи во април. Неговите фрустрации најдобро се покажаа во текот на викендот, кога му откажа моторот на само 11 круга пред крајот на Европското ГП во Валенсија и сега падна на третото место во генерален пласман зад Фелипе Маса од Ферари и Луис Хамилтон од Мекларен. Денис мисли дека е глупост да се отпишува Раиконен предвреме.

"Кими е страшен натпреварувач, многу талентиран возач и не би сакал да го критикувам воопшто. На крајот, секој возач има добри и лоши трки и сигурен сум дека ќе ја заборави оваа трка и може да победи веќе на следната. Затоа сега не би сакал да го исфрлам од сликата за титулата. На шест трки пред крајот сите предвидувања за него се непотребни. Тоа е најлошото нешто што можеме да го направиме", вели Денис.

СРАМ МИ Е ШТО СУМ АНГЛИЧАНЕЦ

Денис исто така вели дека бил "засрамен што е Англичанец" откако пристигнал на Хитроу аеродромот во Лондон по првото Европско ГП во Влаенсија. И покрај тоа што трката од 57 круга беше оценета како досадна, организаторите беа пофалени за атмосферата и за посветеноста.

Во сосема поинаква ситуација се организаторите на Британското ГП бидејќи немаат поддршка од владата, а сега сите се сомневаат дека ќе се случи предвиденото префрлување на трката од Силверстоун во Донингтон во 2010.

Денис додаде дека знае дека неговите коментари ќе бидат контроверзи, но додава дека успехот на третиот најголем град во Шпанија, каде што се претстави и болидот на Мекларен за 2007 покажува дека можат да се направат многу работи ако постои посветеност.

"Следната година мораат да постават малку боја на трката, пристаништето треба да биде полно со бродови, но го најдоа вистинскиот рецепт. Тоа покажува дека со владина помош може да се направи се. Кај нас сите коментираат дека ќе се потрошат многу пари за организацијата на Олимпијадата во 2012. Најдобри сме за критикување. Мора да се каже дека некои работи се погрешни", вели Денис.

МЕКЛАРЕН МОРААТ ДА БИДАТ ЗАГРИЖЕНИ?

Мекларен ќе мораат да си разјаснат некои работи во следните неколку трки, вели поранешниот Ф1 возач и коментатор за британската ИТВ, Марк Бландел.

"Ферари изгледаат пеколно брзо на шест трки пред крајот. Повисоките температури ја покажаа предноста на гумите на Ферари. А, сега на распоред се жешки трки. Луис Хамилтон направи се што можеше со проблемите со вратот, но и да беше и подобар Мекларен не можеа да ги допрат Ферари во Валенсија. Спа, со долгите кривини ќе одговара на Ферари, а во Монца ќе бидат уште посилни. Потоа следуваат четири трки на жештина Мекларен се вратија во средината на сезоната во Силверстоун и Хокенхајм, но Мекларен сега мораат да најдат одговор и да сфатат зошто губат", вели Бландел.



Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Алонсо со големи надежи
"Спа промени многу работи"
Ривалите на Ред Бул се "нервозни"
Ред Бул не ги менувале предните крила
Ф1 ФЛЕШ
Само Раиконен во одбрана на Фетел!
Ф1 ФЛЕШ
Фетел верува дека се е можно
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи