
|
 |
Спорт / Формула 1
Кими не ги сака трките, а Алонсо се жали
Шефот на Формула 1 натпреварувањата, Британецот Берни Еклстон, ги критикувал двајцата поранешни светски шампиони: Кими Раиконен и Фернандо Алонсо.
“Не ми се допаѓа нивниот став. Кими е возач со вонсериски талент, затоа не можам да верувам дека вози толку лошо. Фелипе Маса е добар и брз пилот, но не е во класата на Финецот за да има огромна предност. Се прашувам дали воопшто Кими сака да се натпреварува во Формула 1? Не тој едноставно не е заљубен во тркањето“, рекол Еклстон, изразувајки жалење за Михаел Шумахер и великаните пред него.
“Фернандо Алонсо секогаш се жали и се му смета, а никогаш ништо не направил за спортот и тркањето кои го направија славен“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|