среда, 24.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

ФИА ја отфрли жалбата на Мекларен

Жалбата на Мекларен против казната за поминување низ бокс која ја доби Луис Хамилтон на трката во Спа е одбиена бидејќи не може да се прифати. Наместо да се потврди одлуката на стјуардите, апелациониот суд на ФИА во Париз реши дека тимот воопшто нема право да ја предизвикува таа контроверзна одлука.

Иако објавата фрла сенка на целото сослушување, кое не требаше да се оддржи и за кое се потроши време и пари, таа не е големо изненадување. Исходот е очекуван откако ФИА се обиде да го блокира обидот на Мекларен да се најде предходен пример од 2007 кога имаше жалба на слична казна.

"Членот 152 од Интернационалниот Спортски Код јасно кажува дека за казните со поминување низ бокс не може да се поднесе жалба. Водафон Мекларен Мерцедес се жалеше на одлуката на стјуардите пред апелациониот суд на 22 септември, а по објаснувањето, членовите на судот заклучија дека жалбата не може да се прими", се вели во соопштението на ФИА.

Не е јасно колку пари се потрошија на легални и логистички работи за сослушувањето, но сумата е сигурно поголема од 100.000 фунти. Хамилтон веднаш реагираше.

"Луѓето очекуваат дека јас ќе бидам во депресија по оваа одлука, но тоа не сум јас. Се што сакам да направам сега е да ја ставам таа трка зад мене и да продолжам со тоа што го правам најдобро. Ние сме тркачи, нормално е да сме конкурентни и да се претекнуваме. Во формула 1 претекнувањето е тешко и ако гледачите се задоволни тогаш е ОК. Да, јас сум разочаран, но не и депресивен", вели Хамилтон.

Генералниот менаџер на Мекларен, Мартин Витмарш имаше што да доаде.

"Разочарани сме што не добивме одлука за нашата жалба. Никој не сака да победи на ГП на суд, но сметавме дека Луис победи во Белгија на патека во возбудлива и импресивна трка. Легалниот тим го објасни тоа, но судот не го прифати. Се концентрираме на останатите трки од сезоната", вели Витмарш.

Судиите можеа да донесат две одлуки. Прво мораа да пресметаат дали жалбата на Мекларен треба да се прифати, бидејќи иако казната на Хамилтон беше 25 секунди, таа всушност беше казна за поминување низ бокс доделена по крајот на трката. По ова судиите требаа да одлучат дали Хамилтон ја предаде предноста која ја доби пред Кими Раиконен во Ферари со сечење на шиканата.

Англичанецот се бореше со Раиконен во последните крутови во Спа, кога ја пресече Бас Стоп шиканата и го претекна Финецот. Тој веднаш му дозволи на Раиконен да го помине, но веднаш тргна во напад на следната кривина и го превзеде првото место.

Хамилтон на таа трка падна од првото на третото место со казната, со што пред трката во Сингапур овој викенд, разликата помеѓу него на првото место во генерален пласман и колегата на Раиконен од Ферари, Фелипе Маса останува еден поен.

Хамилтон вели дека не размислува за формула 1 титулата иако до крајот на сезоната има само четири трки, а тој е на првото место во генерален пласман. Во игра теоретски се уште се дури шест возачи: Хамилтон (78 поени), Фелипе Маса (Ферари, 77), Роберт Кубица (БМВ, 64), Кими Раиконен (Ферари, 57), Ник Хајдфелд (БМВ, 53) и Хеики Ковалаинен (Мекларен, 51).

"Не размислувам за титулата или за другите возачи, туку за тоа да ја завршам мојата работа кога ќе влезам во болидот. Се уште има многу возачи кои можат до титулата. Не сметам на ништо освен на моите квалитети и на тимот", вели Хамилтон.


Наjновo од Спорт
Прва пречка ЈАР
Абдур-Рахим замина во пензија!
Со Исланд од 20 часот!!!
Македонија се проби во Европа
Тери го одбил Интер поради Челзи
Роналдињо и Андерсон споменати во полициска истрага
Нов предизвик за ѓорчепетровки
ФИА ја отфрли жалбата на Мекларен
Би сакал Маса да биде новиот светски шампион
Хамилтон подготвен за клучната жалба
Кими се надева дека громот ќе удри по вторпат
Мозли бара исти мотори во Ф1!
"Рено е прва опција", БМВ почнаа преговори?
Фетел: "Не ме викајте новиот Шуми!"
Фетел до супер-победа во Монца
Хамилтон во дворот на Ферари
Казната на Хамилтон покажува дека системот работи
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи