
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Формула 1 пишува историја
Формула еден циркусот отвора нова страница во својата историја со првата ноќна трка што ќе се вози следниот викенд во Сингапур.
Трката ќе се вози низ улиците на милионскиот град и организаторот најавува спектакуларна трка сместена на егзотична локација.
Бидејќи за прв пат во историјата на Формула еден ќе се вози ноќе, организаторот очекува да бидат урнати рекордите на гледаност.
Осветлувањето ќе биде четири пати посилно од она ое се користи на фудбалските натпревари.
Гран При трката ќе започне во недела во 20:00 часот по локално време односно 14:00 по македонско време. Првиот тренинг е закажан за утре во 19:00 часот по локално време.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|