
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Кими навикнат да биде најдобар навечер
Светскиот шампион Кими Раиконен признава дека веќе нема контрола околу тоа дали ќе ја одбрани титулата во оваа сезона. Возачот на Ферари заостанува 21 поен од лидерот во генерален пласман Луис Хамилтон со максимални 40 поени за освојување во последните четири трки.
"Најважно е повторно да се победи. Во теорија, шампионатот уште не е завршен, но веќе не е под моја контрола", вели Финецот пред првата ноќна трка, Сингапур ГП овој викенд", вели Раиконен.
Тој признава дека неговата надеж за титулата зависи од среќата (или поточно несреќата) на неговиот колега Фелипе Маса, и на Хамилтон, кој има еден поен предност пред Бразилецот. Раиконен нема победа од Шпанското ГП во април, но може да се надева на реприза на минатата сезона, кога надополни 17 поени разлика од Хамилтон во последните две трки.
"Ситуацијата е таква и веќе се не зависи од моите резултати, туку од тие на конкуренцијата. Ќе дадеме се што можеме во Сингапур за да се бориме за победа, што се уште останува цел. Многупати кажав дека победата е единствената опција. Тука не сум само да возам, туку и да победувам", вели Раиконен.
Патеката во Сингапур е улична патека, а формата на Кими на сличните патеки оваа сезона не е најдобра. Поради грешка тој излета од првата трка во Австралија, не беше меѓу лидерите во Монако, во Канада беше претекнат од Хамилтон, а во Валенсија имаше лоша трка.
"Да, според резултатите не треба да сум голем оптимист, но се уште сакам да се тркам на вакви патеки. Се работи за чиста емоција, да се тркаш меѓу ѕидовите", додава Раиконен.
На Раиконен не му пречи што трката ќе биде прва во вечерни услови, а Адријан Њуи од Ред Бул, кој работеше со Финецот од 2002 до 2005 во Мекларен, се пошегува дека Кими е "навикнат да има добри перформанси кога е темница". Квалификациите во Сингапур ќе се одржат во 22 часот по локално време, а трката ќе почне в недела во 20 часот. Раиконен, кој е познат како човек кој сака добри забави, не е загрижен.
"И така повеќе ми се допаѓа ноќта од денот. Сакам да спијам до пладне секој ден, така што ова е совршена патека за мене. Побуден сум навечер отколку наутро", вели Раиконен.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|