понеделник, 29.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Алонсо со историски триумф, катастрофа за Ферари

Фернандо Алонсо ги врати Рено на првото место во формула 1 првпат по речиси две години покажувајќи шампионски квалитети за победа на првата ноќна Ф1 трка во Сингапур овој викенд. Победата на двократниот светски шампион е уште поимпресивна ако се потсети дека тој стартуваше на 15. место на стартот, по катастрофата на квалификациите, кога му откажа пумпата за гориво.

"По квалификациите се беше завршено. Но, не до крај. Самото тоа покажува дека формула 1 е непредвидлив спорт", вели Алонсо.

Така налутеното лице на Алонсо од саботните квалификации се трансформираше во широка насмевка за неговиот прв подиум во оваа сезона.

"Се уште не ми се верува и мислам дека ќе бидат потребни неколку дена да сфатиме дека победивме на трка оваа сезона, нешто што изгледаше невозможно цела година. Решивме да одиме со агресивна тактика пред првото влегување во боксот бидејќи од 15. место не можеш да направиш многу работи. Болидот беше многу добар. Имав подобри гуми по последното влегување во боксот и предност пред Нико, која беше доволна за победа", вели Алонсо.

И покрај победата, Алонсо вели дека тоа нема да влијае на неговата одлука за иднината. Двократниот шампион се уште ги нема остварено плановите за оваа година, со Рено, Хонда и БМВ Заубер во трка за неговиот потпис.

"Не, не сум решил уште. Сакам да му се заблагодарам на Рено бидејќи тие не престанаа да работат на овој болид. За оваа трка имавме ново крило, а се работи и на болидот за следната сезона. Но, тоа не ја менува мојата одлука за следната година. Како што велам секогаш Рено се мојот прв приоритет бидејќи во овој тим се чувствувам како да сум дома", додава Алонсо.

МИЗЕРИЈА ЗА ФЕРАРИ, ПРОФИТ ЗА ХАМИЛТОН

Најголем "профитер" од трката, сепак, беше возачот на Мекларен Луис Хамилтон, кој го зголеми водството во генерален пласман, иако заврши само како трет, зад Нико Розберг во Вилијамс, кој го направи најголемиот успех во кариерата. Хамилтон сега има 7 поени предност поради серијата инциденти кои го чинеа неговиот ривал од Ферари, Фелипе Маса драгоцени поени.

Хамилтон можеби беше разочаран што имаше прилично досадна трка, но вели дека шесте поени за третото место се одлични.

"Влегувањето во боксот беше многу добро, но излегов зад Дејвид Култхард, кој беше цела секунда побавен од сите зад него и беше тешко да се помине. Поените се добри", вели Хамилтон.

Маса беше прв од пол-позицијата, но неговата трка беше уништена кога тој влезе во боксот по првото излегување на сигурносното возило поради инцидентот на Нелсон Пике Јуниор. Маса тргна прерано од боксот, земајќи го цревото за гориво со него. Тој преврте еден од неговите механичари, кому му беше потребен медицински третман и за малку ќе се удреше во друг болид. Додека неговите механичари спринтуваа до неговиот болид за да го извадат цревото, Маса падна на 18., последно место, а дополнително доби казна од поминување во боксот поради небезбедно излегување од бокс.

Тоа не беше крај на несреќата на Ферари, откако светскиот шампион Кими Раиконен излета во 58 од 61 кругови. Со тоа Ферари не освои ниту еден поен во Сингапур (Маса беше 13.) и Мекларен Мерцедес успеа да ги помине во генерален пласман за 1 поен.



РЕЗУЛТАТИ (СИНГАПУР ГП)

1.Фернандо Алонсо (Рено) 1:57:16.304 10

2.Нико Розберг (Вилијамс) +2.957 8

3.Луис Хамилтон (Мекларен) +5.917 6

4.Тимо Глок (Тојота) +8.155 5

5.Себастијан Фетел (Торо Росо) +10.268 4

6.Ник Хајдфелд (БМВ) +11.101 3

7.Дејвид Култхард (Ред Бул) +16.387 2

8.Казуки Накаџима (Вилијамс) +18.489 1

9.Џенсон Батон (Хонда) +19.885

10.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +26.902

11.Роберт Кубица (БМВ) +27.975

12.Себастиен Бурде (Торо Росо) +29.432

13.Фелипе Маса (Ферари) +35.170

14.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +43.571

НЕ ЗАВРШИЈА

15.Кими Раиконен (Ферари) +4 кругови

16.Јарно Трули (Тојота) +11 кругови

17.Адријан Зутил (Форс Индија) +12 кругови

18.Марк Вебер (Ред Бул) +32 кругови

19.Рубенс Баричело (Хонда) +46 кругови

20.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +47 кругови



ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 84

2.Фелипе Маса (Ферари) 77

3.Роберт Кубица (БМВ) 64

4.Кими Раиконен (Ферари) 57

5.Ник Хајдфелд (БМВ) 56

6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 51

7.Фернандо Алонсо (Рено) 38

8.Себастијан Фетел (Торо Росо) 27

9.Јарно Трули (Тојота) 26

10.Марк Вебер (Ред Бул) 20

10.Тимо Глок (Тојота) 20

12.Нико Розберг (Вилијамс) 17

13.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 13

14.Рубенс Баричело (Хонда) 11

15.Казуки Накаџима (Вилијамс) 9

16.Дејвид Култхард (Ред Бул) 8

17.Себастиен Бурде (Торо Росо) 4

18.Џенсон Батон (Хонда) 3

КОНСТРУКТОРИ

1.Мекларен Мерцедес 135

2.Скудерија Ферари 134

3.БМВ Заубер 120

4.Рено Ф1 51

5.Тојота Панасоник 46

6.Скудерија Торо Росо Ферари 31

7.Ред Бул Рејсинг Рено 28

8.Вилијамс Ф1 Тојота 26

9.Хонда Ф1 14

-.Форс Индија Ф1 Ферари 0

-.Супер Агури Ф1 Хонда 0


Наjновo од Спорт
Родик и Јанковиќ на врвот во Кина
Евролигата нема да се проширува
Џеј-Вил во пензија?!
Роси со триумф во Мотеги до шестата титула
Зенит подготвува замка за Реал (М)
Алонсо со историски триумф, катастрофа за Ферари
Адрианo: Нема повеќе забави
Ноќна мешаница во Сингапур
Маса: "Заслужувам да бидам шампион"
Кими навикнат да биде најдобар навечер
Формула 1 пишува историја
Идеите на Лауда од 90-те стануваат реалност
Ферари ќе ја направат истата грешка како Мекларен
ФИА ја отфрли жалбата на Мекларен
Би сакал Маса да биде новиот светски шампион
Хамилтон подготвен за клучната жалба
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи