
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Маса: Не им се лутам на механичарите
Фелипе Маса остана без бодови на, Големата награда на Сингапур, по грешката на механичарите од “ферари“.
Во текот на првото застанување во боксот, техничарите му дале знак на Маса дека по завршениот сервис може да тргне, но цревото за долевање на гориво остана прикачено за болидот. Маса го влечеше цревото се до крајот на боксот, по што застана. Кога механичарите го извадија цревото Бразилецот на патеката се врати како последен.
Во првата ноќна трка во историјата на Формула 1, Бразилецот го зазема 13, претпоследно место.
“Вакви работи се случуваат, сите сме луѓе. Секому се случува да направи грешка. Јас не сум човек кој сака да се кара, затоа заминав кај членовите на тимот ги поддржав и мотивирав за подобро да работат, бидејќи нам ни е потребен комплетен тим за последните три трки во сезоната“, рекол Маса по трката во Сингапур.
Ова беше само почеток на проблемите за “ферари“, бидејќи Кими Раиконен на три круга пред крајот на трката се удри во во ѕид. Финецот беше на петтото место.
Маса по ГН на Сингапур заостанува седум поени зад водечкиот во генералниот пласман на возачи, Луис Хамилтон од “мекларен-мерцедес“.
“Во игра се уште 30 поени а ние имаме брз болид. Тоа е најважната работа“, додал Маса.
Дваесет и седумгодишниот Бразилец рекол дека никогаш не мислел дека ќе му се случи ваков инцидент.
“Се може да се случи, но не можев да претпоставам дека ова ќе ми се случи. Се случи, и мораме да продолжиме, одиме понатаму“, рекол Маса.
Пред трката во Сингапур “ферари“ имаше пет поени предност пред “мекларен“, а сега со 135 поени “мекларен“ за поен го презема водството во генералниот пласман на конструктори.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|