
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
За Ферари Сингапур беше засрамувачки, но за сите
Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, беше лут по првата ноќна трка во формула 1, Сингапур ГП, каде што неговиот тим не освои поен велејќи дека "циркуската" патека и користењето на безбедносното возило било засрамувачки за спортот.
Првата ноќна трка во историјата на спортот привлече добри коментари од возачите и фановите, вклучувајќи го и Берни Еклстоун, но беше трка која треба бргу да се заборави за италијанскиот тим. Конкурентот за титулата, Фелипе Маса ја уништи трката по катастрофата во боксот, додека светскиот шампион Кими Раиконен излета при крајот на трката.
"Кога се тркаме на патеки кои треба да се користат за циркус се може да се случи вклучувајќи го спектаклот на сигурносното возило. Сето тоа е засрамувачки за формула 1 и затоа сакам да зборувам со другите тимови во следните недели", вели Ди Монтеѕемоло.
Во Сингапур сигурносното возило двапати излезе на патеката, од кои во првото трката целосно се промени и му дозволи на Шпанецот Фернандо Алонсо да стигне до неочекувана победа за Рено. Монтеѕемоло, кој овој месец беше поставен за првиот претседател на ФОТА, асоцијацијата на Ф1 тимови, пред трката коментираше дека уличните трки со малку претекнување не се правилни за спортот. Неуспехот да се освојат поени во Сингапур значи дека Луис Хамилтон има 7 поени предност пред Маса на три трки пред крајот, а Мекларен сега води со 1 поен во пласманот на конструктори.
"Го имаме најдоброто Ферари, Маса е најдобар. Очекувам Раиконен да покаже дека е светски шампион во последните трки, да му помогне на Маса, да се трка за тимот и да биде пред болидите на Мекларен", вели Монтеѕемоло.
ЦЕЛТА НА ФЕРАРИ Е ЈАСНА - ТРИ 1-2 ПОБЕДИ!
Во Ферари веруваат дека нивните амбиции за титулите се уште се реални и покрај "црниот ден" во Сингапур. Сега во Скудерија се фокусираат на три 1-2 победи со кои Маса би ја обезбедил круната.
"Имаме три трки до крајот и мораме да се фокусираме на тоа дека можеме да бидеме на првото и второто место на трите. Го имаме потенцијалот и целта е јасна. Нема да биде лесно, но и во последните неколку години имавме тешки ситуации во кои победувавме, но и губевме", вели шефот на тимот, Стефано Доменикали.
Откако самиот Раиконен изјави дека веќе нема шанси за титулата, Доменикали вели дека е сигурен дека Финецот ќе му помогне на Маса.
"Сигурен сум дека тој знае што треба да направи. Тој ќе се бори бидејќи е дел од овој тим", вели Доменикали.
"РЕВИЗИЈА" НА СИГНАЛИТЕ ВО БОКСОТ
Доменикали не сакаше да го обвинува тимот за грешката во боксот на Маса, кому му беше даден знак предвреме да излезе од боксот, по што го повлече цревото за гориво повредувајќи двајца механичари и заминувајќи со цревото на болидот.
"Историски, последните 10 или 12 години секогаш имаше проблеми во боксот. Се сеќавам на проблемите со Михаел и Рубенс, така што не е вистина дека правиме повеќе грешки отколку во минатото. Не го користевме електронскиот систем, туку беше ракувано од човек", додава Доменикали.
Се уште не е јасно дали Ферари, кои се единствен тим кој не го користат т.н. "лижавче" за да се даде знак на возачот, туку користат електронски систем, ќе продолжат со системот до крајот на сезоната.
"Ќе анализираме што се случуваше во претходните влегувања во боксот. Со новиот систем имаме помалку проблеми и тензијата е помала. Не, човекот кој ја направи грешката нема да биде отпуштен. Победуваме заедно, но и губиме заедно. Секако дека му беше тешко, но Фелипе веднаш отиде да го посети и да го пофали", заврши Италијанецот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|