четврток, 02.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Петокот ќе носи џек-пот од 1 милион $?

Формула 1 тимовите размислуваат за предлози со кои целосно ќе се смени форматот на ГП викендите, како воведување на џек-пот од 1 милион $ за петочните тренинзи. Во моментов петокот на ГП викендот се состои од две тренинг сесии во траење од 1 и пол час, каде што тимовите поставуваат кругови во обид да пронајдат вистински сет-ап за квалификациите и за трките. Сесијата не привлекува многу гледачи во споредба со саботите и неделите бидејќи нема возбуда туку само поставување круг по круг.

Но, откако се формираше новата ФОТА асоцијација на Ф1 тимовите, се појави и идеја за џек-пот од 1 милион $ кој би ги добивал победникот на посебната сесија.

"Го разгледуваме целиот формат на еден викенд. Во моментов имаме петочен тест-програм, но во реалност никој не го прави реалното дисциплинирано тестирање. Сите се подготвуваат за трката. Ако му дадеш шанса на тркачки тим да оди на патека каде што ќе се трка следните два дена, тогаш мора да си луд ако мислиш дека тој ќе врши инжинерски тестови. Затоа сите сме исто лоши", вели генералниот менаџер на Мекларен, Мартин Витмарш.

Англичанецот ја предводи спортската работна група во ФОТА и работи со ФИА и носителот на комерцијални права Берни Еклстоун за да се зголеми спектаклот, намалат трошоците и зголемат приходите. Тој вели дека се надева дека работката гурпа може да дојде до заклучок на следните две трки, во Јапонија и во Кина.

"Дали тој систем вреди и помага во зголемувањата на популарноста? Место тоа можеме да ја намалиме сесијата на 45 минути, да се дадат различни спецификации на гуми и да се направи мини-натпреварување во кое сите се обидуваат да постават најдобро време за да добијат џек-пот од 1 милион $. За тоа ќе се пишува и ќе се зборува пред викендот како посебно нешто од трката. Добро е што луѓето сега сфаќаат дека мораме да направиме нешто и потребна ни е креативна дискусија", вели Витмарш.

ВИЛИЈАМС СО ОГРОМНИ ЗАГУБИ

Вилијамс, единствениот формула 1 тим кој не е во сопственост на автомобилистички гигант или на милијардер, имаше 21.4 милиони фунти загуба во 2007 во споредба со дефицитот од 27.7 милиони фунти претходната година, велат од тимот. Победниците на 113 ГП трки и 9 титули во конструктори од 1979 година, претходно имаа заработувачка од 36 милиони фунти, но голем дел од овие пари беше во компензацијата која Британецот Џенсон Батон ја плати за да замине во Хонда.

Извршниот директор на тимот Адам Пар вели дека бројките за 2005 и 2006 мораат да се земат заедно за да се добие пореална цифра.

"Во споредба со огромните ресурси на нашите конкуренти, ние сакаме да ги зголемиме приходите и потоа да го достигнеме тој буџет. Во моментов не можеме да дозволиме да правиме профит повеќе од загуба", вели Пар.

Вилијамс пријави промет од 66.8 милиони фунти, зголемување од 15% во 2006, најмногу поради подобрите спонзори. Во прометот исто така се вклучуваат парите кои ги добиваат за трките. Но, четвртопласираниот тим од минатата сезона, кој е во сопственост на ко-основачите Френк Вилијамс и Патрик Хед, исто така ги зголемил долговите кон банките.

"Во 2008 трошиме многу помалку и го плаќаме долгот кој се направи во 2007", објаснува Пар.

Вилијамс се осми во генерален пласман, со пет поени зад шестопласираните Торо Росо и два поени зад Ред Бул на три трки пред крајот. Тие имаа два пласмани на подиумот во 2008, со Германецот Нико Розберг.


Наjновo од Спорт
Бразилски близнаци новата надеж на Фергусон
Треба да сме задоволни од нерешениот резултат против Клуж
Руската мафија "местела" за Зенит ????
Ливерпул може да биде првак
Снајдер: Ван Перси не ми дозволи да изведам слободен удар
Вицешампионот се откажа, првата Лига стартува со девет клуба
Шампионот стартува кај "зебрите"
Петокот ќе носи џек-пот од 1 милион $?
Фетел сонува за Џена Џејмисон
За Ферари Сингапур беше засрамувачки, но за сите
Маса: Не им се лутам на механичарите
Алонсо со историски триумф, катастрофа за Ферари
Ноќна мешаница во Сингапур
Маса: "Заслужувам да бидам шампион"
Кими навикнат да биде најдобар навечер
Формула 1 пишува историја
Идеите на Лауда од 90-те стануваат реалност
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи