недела, 05.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

ФИНЕЦОТ ПРИЗНАВА ДЕКА ПОТФРЛИЛ ВО ВТОРАТА ГОДИНА СО ФЕРАРИ
Кими: "Ова не е мојата година"

Актуелниот формула 1 шампион, Кими Раиконен, признава дека не може да ја го објасни "темниот период" оваа сезона. Асот на Ферари призна дека можноста да го сруши сопствениот рекорд за најмногу брзи кругови оваа сезона е "безвреден".

Раиконен има само теоретски шанси да ја одбрани титулата на последните три трки во оваа сезона, а многумина сметаат дека тој не изгледа како возачот од минатата сезона победувајќи само двапати, од кои последен пат во април во Шпанија.

Покрај ова, тој се наоѓа во ситуација да му помогне на својот тимски колега Фелипе Маса, од кого оваа година на квалификациите губи со 4-11, и секоја трка од Хокенхајм во јули. Излетувањето од петтото место на Сингапур ГП трката во неделата на четири круга пред крајот беше четврта трка по ред на која тој не освојува поени. Резултатот е јасен - тој заостанува 27 поени во генерален пласман со само 30 преостанати за освојување.

"Тешко е да се пронајдат вистинските зборови. Дали се тркаме преку ден или навечер, ова дефинитивно не е моја година. Во Сингапур удрив во ѕидот на неколку круга пред крајот. Вистина, не се борев за победа, но за важни поени за тимот. Во овој момент можам да се надевам само на викенд на кој се ќе оди во вистински правец", признава Финецот.

Раиконен повторно се мачеше со проблеми со сет-апот и со управувањето на Ф2008 болидот во Сингапур, по што не успеа да најде ритам на почетокот на трката поради низок притисок во пневматиците. Потоа откако ја најде брзината и ја намали разликата на второпласираниот Луис Хамилтон, трката беше фрлена во хаос со излегувањето на сигурносното возило, по што тој мораше да чека во боксот да заврши катастрофалното влегување на Фелипе Маса.

"Успеав да стигнам до петтото место и во тој момент заглавив зад Тимо Глок. Го чекав вистинскиот момент да го поминам и тогаш удрив на шиканата и загубив контрола. Трката беше завршена. Повторно ја имав брзината во Сингапур, но не кога беше потребно. Најбрзите кругови не значат ништо ако се споредат со ваквата ситуација. Жал ми е за тимот бидејќи толку напорно работеа на Ф2008. Не можам да го објаснам овој црн период и не можам да сменам ништо", вели Раиконен.


Наjновo од Спорт
Атлетико нема да ги прости грешките на Барса
Венус сигурна, сега на ред е Јанковиќ
"Гипсарите" ја напаѓаат втората позиција
Лацио и Милан ја продолжуваат извонредната серија ?
Портсмаут и Удинезе се спасија во продолженија
Кими: "Ова не е мојата година"
Компактноста на Ливерпул против "ѕвездите" на Сити
Петокот ќе носи џек-пот од 1 милион $?
Фетел сонува за Џена Џејмисон
За Ферари Сингапур беше засрамувачки, но за сите
Маса: Не им се лутам на механичарите
Алонсо со историски триумф, катастрофа за Ферари
Ноќна мешаница во Сингапур
Маса: "Заслужувам да бидам шампион"
Кими навикнат да биде најдобар навечер
Формула 1 пишува историја
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи