
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
БМВ остануваат со Кубица и Хајдфелд и во 2009
БМВ Заубер ги потврди своите возачи за следната година, со што тимот останува непроменет од 2008, со Полјакот Роберт Кубица и Германецот Ник Хајдфелд и со Австриецот Кристијан Клин како тест-возач. И покрај сите шпекулации, Хајдфелд и Кубица остануваат тандем трета сезона по ред.
Тврдејќи дека се одлучиле за "континуитет" тимот од Минхен и Хинвил ќе се обиде да стигне до двете титули со победникот Кубица и покрај најавите дека тој станува несреќен од тимот, и со ветеранот Хајдфелд, кој доби голема шанса по нестабилна сезона во која пласманите на подиумот се мешаа со катастрофални резултати. Кристијан Клин останува резервен возач на тимот, откако дојде од Хонда на почетокот на сезоната.
"Според нас Ник и Роберт се силна возачка двојка, а Кристијан само го надополнува нивното искуство. Немаме сомнежи дека ќе ги достигнеме нашите амбициозни планови со овој тим во четвртата година", вели директорот на БМВ Моторспорт, Марио Тајзен.
Човекот на кој многумина типуваат дека е следниот светски шампион, Кубица оваа година стигна до својата прва победа во Канада, на истото место каде што само една година претходно за малку ќе го загубеше животот во страшен судар, и се уште останува во трката за титулата, иако како аутсајдер. Последните месеци, пак, тој го обвинуваше тимот дека ја губи концентрацијата, фокусирајќи се на дизајнот и на развојот на болидот за следната година и на неговиот колега Хајдфелд место да се работи на титулата.
На трката во Сингапур, 23-годишниот Полјак инсистираше дека се уште разговара за иднината во БМВ Заубер одговорајќи на шпекулациите дека ќе ги замени местата со својот добар пријател Фернандо Алонсо во Рено откако двајцата возачи не успеаја да обезбедат договор со Ферари.
Хајдфелд, пак, продолжува да ја брка својата прва победа во формула 1, а скокна и до петтото место во генерален пласман по 10 пласмани во поени, од кои четири втори места. И покрај силната серија, 31-годишниот Германец беше цел на уште поголеми шпекулации за неговата Ф1 иднина, со Алонсо и со ГП2 возачот Бруно Сена како фаворити да го заменат.
Со непроменетиот состав се задржува стабилноста во БМВ Заубер која почна кога Кубица го промени Жак Вилнев во средина на сезоната 2006, и се добива стабилна платформа откако оваа година убедливо се зацврстија на третото место зад засега недостижните Мекларен и Ферари.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|