
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Маса: "Ништо не е недостижно"
Фелипе Маса одбива да се откаже од формула 1 титулата оваа година и покрај кошмарот во Сингапур по што остана седум поени зад ривалот Луис Хамилтон. Маса пред трката во Сингапур беше на само 1 поен од Луис Хамилтон и откако ја освои пол-позицијата се постави во одлична позиција пред последните три трки. Но, катастрофалната грешка при влегувањето во боксот му ја уништи трката и го остави на 7 поени од Хамилтон.
"По Сингапур, мотото за остатокот на сезоната останува - гледај напред и не се предавај. Како што нашиот шеф Стефано Доменикали кажа по трката, мораме да бидеме 1-2 на следните три трки. Тоа е тешка задача, но не и недостижна. Седум поени може да се голема, но и многу мала разлика. Најважно е тоа што имаме многу добар болид и дека можеме да бидеме пред нашите ривали", вели Маса.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|