среда, 08.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Спорт / Формула 1

Канадското ГП исфрлено од календарот за 2009

Северна Америка нема да има формула 1 трка следната година, откако Светскиот Моторспорт Совет (ВСМЦ) на ФИА реши да го исфрли Канадското ГП на патеката Жил Вилнев од новиот календар за 2009. Не е дадена причина од страна на ФИА, но трката во Монтреал беше голем фаворит кај тимовите, спонзорите и возачите, предходно беше "комбинирана" со Американското ГП во Индијанаполис, трка која беше изоставена од календарот оваа сезона. Ова е првпат Монтреал да нема формула 1 трка од 1987 година, откако повремено се оддржуваа трки од 70-тите години.

Според овој ревидиран календар има 18 трки и се враќа тринеделната летна пауза за тимовите со поместувањето на Турското ГП од август за да го пополни местото на Канада на 7 јуни. Место 19 трки, што би било израмнување на рекордот, шампионатот останува на 18.

Белгиското ГП во Спа-Франкоршамп е поместено од септември на 30 август, еден викенд по Европското Гп во Валенсија. Италијанското ГП во Монца сега ќе го земе местото на Белгија на 13 септември. Сите други датуми останаа исти со календарот објавен во јуни, со старт на сезоната во Австралија на 29 март и со деби на Абу Даби ГП трката како последна трка од сезоната на 15 ноември.

МОЗЛИ ДОБИ ПОДДРШКА ДА СЕ ДОГОВАРА СО ФОТА

Светскиот моторспорт совет (ВСМЦ) кој се сретна во Париз во вторникот исто така се договори претседателот на ФИА, Макс Мозли, да добие власт да преговара со Асоцијацијата на формула 1 тимови (ФОТА) околу имплементацијата на "радикални мерки за да се оствари големо намалување на трошоци во спортот од 2010.

"Без договор со ФОТА, ФИА сама ќе ги имплементира потребните мерки за оваа цел. Исто така се дозволи едногласно формула 1 тимовите да ги израмнат перформансите на моторите за 2009, пред да се воведат мерките во 2010", се вели во соопштението на ФИА.

Покрај ова, Марко Пичинини, заменикот претседател на ФИА, кој ја претставуваше организацијата на трката во Монте Карло оваа година по секс-скандалот на Макс Мозли, ќе си замине една година пред крајот на мандатот, а ФИА објави дека ќе се избере нов потпретседател.

Во исто време Мозли, кој по скандалот кој се објави во британските медиуми мораше да добие гласање за доверба во април, најави дека ќе се повлече во октомври следната година кога неговиот мандат завршува. Минатиот месец тој призна дека е под притисок на членовите да остане во ФИА.

КАЛЕНДАР НА Ф1 ШАМПИОНАТОТ 2009

29 март Австралиско ГП Мелбурн

5 април Малезиско ГП Сепанг

19 април Бахреин ГП Сакир

10 мај Шпанско ГП Барселона

24 мај Монако ГП Монте Карло

7 јуни Турско ГП Истанбул Парк

21 јуни Британско ГП Силверстоун

28 јуни Француско ГП Мањи-Кур

12 јули Германско ГП Нирнбургринг

26 јули Унгарско ГП Хунгароринг

23 август Европско ГП Валенсија

30 август Белгиско ГП Спа-Франкоршамп

13 септември Италијанско ГП Монца

27 септември Сингапур ГП Марина Беј

11 октомври Јапонско ГП Сузука

18 октомври Кинеско ГП Шангај

1 ноември Бразилско ГП Интерлагос

15 ноември Абу Даби ГП Абу Даби


Наjновo од Спорт
Канадското ГП исфрлено од календарот за 2009
Фергусон забранил оргии за Божиќ
Касано преговара со Манчестер Сити
Одиме на победа и против Исланд
Извршена ждрепка за Купот на УЕФА
Руските олимпијци кои освоија медал на ОИ во Пекинг наградени со "БМВ"
ФФМ ќе ја спасува Ренова!?
Маса: "Ништо не е недостижно"
БМВ остануваат со Кубица и Хајдфелд и во 2009
Еклстоун: "Ако Сингапур беше циркус, од Ферари ни дадоа кловнови!"
Кими: "Ова не е мојата година"
Петокот ќе носи џек-пот од 1 милион $?
Фетел сонува за Џена Џејмисон
За Ферари Сингапур беше засрамувачки, но за сите
Маса: Не им се лутам на механичарите
Алонсо со историски триумф, катастрофа за Ферари
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи