четврток, 09.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Спорт / Формула 1

"Формула 1 може да пропадне поради парите"

Претседателот на ФИА, Макс Мозли, ги предупреди тимовите дека формула 1 станува "неодржлива" доколку трошењето пари не се намали веднаш. Во интервју за ББЦ, Мозли им даде на тие вклучени во формула 1 две години да ги остварат драстичните намалувања на трошоците, додавајќи дека економската криза низ целиот свет е лоша вест за спортот кој и така е познат по вртењето на огромни суми пари.

Додека Светскиот моторспот совет (ВСМЦ) на ФИА ги разгледуваше можностите околу т.н. кориснички болиди, Мозли призна дека стравува за иднината на помалите формула 1 тимови ако трошоците продолжат да растат вртоглаво додека големите производители на автомобили се борат за толку посакуваната титула.

"Стана јасно, долго пред овие тешкотии, дека формула 1 не е економски издржлив спорт. Се наоѓаме во сериозна ситуација. Ако не го направиме ова до 2010, тогаш ќе имаме уште повеќе проблеми. Во моментов имаме 20 болиди, но ако загубиме два тима тогаш ќе имаме 16, без три сме на 14. Тогаш ќе престанеме да бидеме спорт со кредибилитет", вели Мозли.

По три трки оваа сезона се случи еден тим, Супер Агури, да се откаже откако не успеа да ги собере потребните пари не само за тркање туку и за преживување. Мозли предупреди дека нема да помине долго време пред и големите тимови со производителите на автомобили зад себе ќе мораат да намалат на трошоците, или уште полошо во случајот на производителите, да се повлечат од спортот.

"Деновите кога тимовите можеа да трошат како сакаат 100, 200, 400 милиони евра годишно се завршени", додава Мозли.

Тојота, единствениот тим во сегашниот состав без победа во историјата на тимот, според извештаите има најголем буџет од околу 400 милиони евра годишно, но и другите тимови трошат многу пари на развојот во овој многу конкурентен спорт. Иако оваа сезона имаше доста различни победници, реално само два тима, Мекларен и Ферари ја почнуваат секоја сезона со очекување за титулата.

Мозли постојано бара намалување на трошоците во спортот, и веќе направи некои чекори како користење на еден мотор на повеќе од една трка, како и замрзнување на развојот на технологијата на моторите, но сега додава дека има и други области каде што можат да се направат големи промени. Сега се очекува тој да почне со разговори со новоформираната асоцијација на формула 1 тимови (ФОТА).

"Имаме повеќе начини на кои ќе се осигураме тимовите да не трошат повеќе пари, но се работи за драконски мерки. Дури и големите тимови ако им се даде шанса да заштедат 100 или 200 милиони евра годишно ќе го направат тоа. Ако ви се верува менувачот и моторот за независен тим значат повеќе од 30 милиони евра трошок. Тоа може да се направи за 5% од сумата ако се користи единствен менувач и мотор, а луѓето на трибините нема да го забележат тоа", вели Мозли.


Наjновo од Спорт
Победата едно, играта нешто сосема друго!
Триумфот не остава во трка за 2. место
Ивановиќ капитулираше во Москва
Роналдињо и Кака му даваат поддршка на Меси
Јас и Џерард сме виновници за ланскиот неуспех
"Формула 1 може да пропадне поради парите"
500.000 евра за секој играч од шампионскиот тим на Шпанија
Канадското ГП исфрлено од календарот за 2009
Маса: "Ништо не е недостижно"
БМВ остануваат со Кубица и Хајдфелд и во 2009
Еклстоун: "Ако Сингапур беше циркус, од Ферари ни дадоа кловнови!"
Кими: "Ова не е мојата година"
Петокот ќе носи џек-пот од 1 милион $?
Фетел сонува за Џена Џејмисон
За Ферари Сингапур беше засрамувачки, но за сите
Маса: Не им се лутам на механичарите
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи