петок, 10.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Спорт / Формула 1

Дали Маса ја има заслужено светската титула?

Хуан Пабло Монтоја се тркаше против Фелипе Маса четири години во формула 1 и имаше доволно време да направи мислење за еден од ривалите за титулата во оваа сезона. Екс-возачот на Вилијамс и Мекларен, кој сега настапува во НАСКАР, беше прашан дали Маса има талент да биде светски шампион.

"Следното прашање молам. Тоа ќе го прескокнеме", одговори Монтоја.

Избегнувањето на одговор од Колумбиецот не е првпат квалитетите на Бразилецот да се потценат, и многумина, посебно во Британија, сметаат дека некако не би било праведно ако Маса успее да ја надмине разликата од 7 поени на Луис Хамилтон за титулата оваа година. Генералното мислење е дека Бразилецот е брз, но и малку луд и непредвидлив, а исто така му недостасува и постојаност и ол-раунд квалитети кои треба да го красат Ф1 шампионот.

Но, дали тоа е фер? Еден од тие кои е во подобра позиција да го суди Маса е шефот на тимот на Хонда, Рос Браун, кој беше технички директор на Ферари во првата сезона на Маса во 2006 година, како и од 2003 кога беше тест-возач.

"Мислам дека тој ќе заслужи да биде шампион. Тука нема прашања. Да, тој растеше полека, беше невнимателен и правеше доста грешки на почетокот на кариерата, но секогаш бил брз. Годината во која работев со Ферари, имавме добри и лоши моменти, но од тогаш Фелипе е пораснат како возач", вели Британецот.

Навивачите на Маса посочуваат колку тој е подобар од доаѓањето во Ферари, како честопати оваа година бил подобар од светскиот шампион Кими Раиконен, и најубедливиот аргумент како го победил Михаел Шумахер неколкупати во 2006.

Но, сите овие аргументи не се многу цврсти. Маса се подобри откако дојде во Ферари, но остана непостојан. Човекот кој стигна до фантастични победи во Турција и Бахреин оваа сезона е истиот кој петпати се изврте на дождот во Британија. Споредбата со Раиконен е во сенка на лошата форма на Финецот.

Споредбата со Шумахер е помалку бизарна. Маса победи двапати во 2006 во трки во кои Шумахер се уште беше на патеката. Во Турција, Маса беше пред Шуми на квалификациите, но Шумахер го помина до средината на трката, пред сигурносното возило да направи хаос и Шумахер да заглави зад Фернандо Алонсо во Рено. Во Бразил, на последната трка во кариерата на Шумахер, Маса победни, но Шумахер беше 10. на стартот поради откажување на моторот и потоа имаше и дупната гума.

Постојат и други аспекти. Маса просечно беше 0.221 секунди побавен од Ник Хајдфелд во деби сезоната за Заубер во 2002 и околу 0.5 секунди по трка од Џанкарло Физикела во следната Ф1 сезона во 2004 (во 2003 тестираше за Ферари). Без намалување на квалитетот на Хајдфелд и Физикела, тие, сепак, не се возачи на ниво на Шумахер, Алонсо и Хамилтон. Во одбрана на Маса тој беше неискусен кога возеше против нив, но исто така беше и Алонсо кога го "уништи" Јарно Трули во Рено во 2003.

Маса има некои импресивни победи, но освен тие во Франција и Белгија оваа година, кога ги "наследи" триумфите, другите 10 победи се кога стартувал од пол-позиција. Покрај ова тој се уште зависи од неговиот тркачки инженер во Ферари, Роб Смедли. Во Монако оваа година Смедли мораше да го убедува Маса дека Ферарито ќе помине низ тешката прва кривина Сент Девот многу побргу.

"Се работеше за мало убедување да бидам искрен. Мислевме дека ќе се степаме во боксот, но понекогаш е добро тоа чувство. Добро е да е тесно и возачот да има 100% доверба во тимот. Ние во Фелипе имаме светски шампион за иднината. Оваа година тој работи се како што треба, сите се зад него и ќе треба и тимот да заврши добра работа да ја освоиме титулата", вели Смедли.

Ако Маса успее, критичарите нема да бидат замолчени и само ќе додадат дека е меѓу шампионите кои не заслужиле да станат тоа. Но, Браун вели дека тоа не е фер.

"Дали е Фелипе меѓу најдобрите на светот? Ако не е на врвот, тогаш е многу блиску. Тој треба да покаже дека може да го води тимот, кога тимот не е на свое ниво, како што правеше Михаел во Ферари. Дури и во лошите години, Михаел помагаше многу", додава Браун.


Наjновo од Спорт
Дали Маса ја има заслужено светската титула?
Канаваро загрижен за иднината на "Азурите"
Руни во авион плаче како дете
Победата едно, играта нешто сосема друго!
Триумфот не остава во трка за 2. место
Ивановиќ капитулираше во Москва
Роналдињо и Кака му даваат поддршка на Меси
"Формула 1 може да пропадне поради парите"
Канадското ГП исфрлено од календарот за 2009
Маса: "Ништо не е недостижно"
БМВ остануваат со Кубица и Хајдфелд и во 2009
Еклстоун: "Ако Сингапур беше циркус, од Ферари ни дадоа кловнови!"
Кими: "Ова не е мојата година"
Петокот ќе носи џек-пот од 1 милион $?
Фетел сонува за Џена Џејмисон
За Ферари Сингапур беше засрамувачки, но за сите
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи