
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Јапонска пресметка за Фелипе и Луис
Како што се загрева битката за титулата, гран при циркусот овој викенд пристигнува во Фуџи, Јапонија, со многу прашања околу времето, механичарите на Фелипе Маса и нервите на Луис Хамилтон. Како и минатата година и оваа во Јапонија се доаѓа со неизвесна ситуација во генерален пласман, иако предноста на Луис Хамилтон над возач на Ферари (лани беше Раиконен) сега е помала и изнесува 7 поени.
Фуџи Спидвеј патеката е во подножјето на Фуџи планината, највисокиот врв во Јапонија и на помалку од 100 километри од Токио, каде што во 1976 година се одржа првото Јапонско ГП, за да се пресели две години подоцна бидејќи патеката беше оценета како преопасна по инцидентот на Жил Вилнев во кој загинаа двајца гледачи.
Јапонското ГП не се врати на Ф1 календарот до 1987 година, кога трката се пресели во Сузука, и трката остана на југот на Јапонија с$ додека Фуџи, во сопственост на Тојота не доби "фејслифт" под водство на Херман Тилке минатата година. Единствениот дел од оригиналната НАСКАР патека останува на 1.5 километри долгиот рамен дел.
Минатогодишната трка ја одбележа силниот дожд и дури земјотрес по трката, и слични услови не можат да се отфрлат и 12 месеци подоцна. Такви услови сигурно ќе му одат во корист на лидерот во генерален пласман бидејќи ѕвездата на Мекларен Мерцедес подобро се снаоѓа на дождлива патека. Покрај тоа, 23-годишниот Британец влегува во викендот со 7 поени реална предност и поголема психолошка предност откако Маса не успеа да освои поени во Сингапур поради катастрофалната работа на Ферари во боксот.
Двајцата возачи знаат дека притисокот е на нив и ќе се обидат да сметаат на целосна поддршка на нивните колеги Хеики Ковалаинен (Мекларен) и Кими Раиконен (Ферари) откако светскиот шампион Раиконен, конечно, призна дека е поразен во битката за титулата по четвртата трка без поени. Двајцата Финци се на удар на критиките во 2008 поради лошата форма во споредба со колегите и во ваков клучен момент некој од нив може да го држи клучот за успехот.
Третиот човек со мали шанси за титулата оваа година е Роберт Кубица во БМВ, кој оваа недела беше потврден во тимот од Минхен и Хинвил за 2009. Иако неговиот болид ретко е конкуренција на Ферари или Мекларен, тоа не му пречеше да биде блиску до нив цела сезона. Неговиот колега Ник Хајдфелд повторно е во добра форма по лошите трки во средината на сезоната.
Адут во последниот дел од сезоната станува и Фернандо Алонсо со Рено, иако самиот Шпанец призна дека ќе биде тешко да се повтори победата од Сингапур. Сепак, бидејќи Шангај доаѓа по само една недела, а Интерлагос е на 2 ноември, Алонсо мора да му помогне на Рено да ја обезбеди четвртата позиција во генерален пласман откако ги поминаа Тојота за 5 поени. Рено се во предност бидејќи Р28 болидот во моментов има подобри перформанси од ТФ108 на Тојота, но тука е неубедливиот Нелсињо Пике, кој не успева да го искористи тоа.
Ред Бул Рејсинг паднаа на шестото место со Марк Вебер и Дејвид Култхард и сега има опасност да завршат само осми зад "јуниорскиот" Торо Росо тим и с$ подобрите Вилијамс. Торо Росо и Вилијамс се во серија, откако Себастијан Фетел победи во Монца, а Нико Розберг беше втор во Сингапур, со штосамо пет поени ги разделуваат Торо Росо, Ред Бул и Вилијамс.
На дното, падот на Хонда и растот на Форс Индија значат дека е тешко да се предвиди кој ќе биде последен овој викенд. Иако буџетот на Форс Индија е минорен во споредба со тој на Хонда, Џанкарло Физикела е с$ подобар и за првпат влезе во вторите квалификации во Италија оваа година и беше втор неколку круга во Сингапур.
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Луис Хамилтон (Мекларен) 84
2.Фелипе Маса (Ферари) 77
3.Роберт Кубица (БМВ) 64
4.Кими Раиконен (Ферари) 57
5.Ник Хајдфелд (БМВ) 56
6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 51
7.Фернандо Алонсо (Рено) 38
8.Себастијан Фетел (Торо Росо) 27
9.Јарно Трули (Тојота) 26
10.Марк Вебер (Ред Бул) 20
10.Тимо Глок (Тојота) 20
12.Нико Розберг (Вилијамс) 17
13.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 13
14.Рубенс Баричело (Хонда) 11
15.Казуки Накаџима (Вилијамс) 9
16.Дејвид Култхард (Ред Бул) 8
17.Себастиен Бурде (Торо Росо) 4
18.Џенсон Батон (Хонда) 3
КОНСТРУКТОРИ
1.Мекларен Мерцедес 135
2.Скудерија Ферари 134
3.БМВ Заубер 120
4.Рено Ф1 51
5.Тојота Панасоник 46
6.Скудерија Торо Росо Ферари 31
7.Ред Бул Рејсинг Рено 28
8.Вилијамс Ф1 Тојота 26
9.Хонда Ф1 14
-.Форс Индија Ферари 0
-.Супер Агури Хонда 0
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|