понеделник, 13.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Хамилтон: Маса намерно ме удри

Луис Хамилтон го обвинил Фелипе Маса дека намерно го удрил во трката за Големата награда на Јапонија. Бразилецот тврди дека немал намера и дека вистинскиот кривец за инцидентот е Британецот.

Возачите на “мекларен“ и “ферари“ се судрија во вториот круг од трката поради што обајцата беа санкционирани со казна “минување низ бокост“.

“Нормално влегов во свиокот, а Маса беше многу агресивен и ме удри. Го стори тоа намерно“, рекол Хамилтон.

Бразилецот зад воланот на “ферари“ на крајот заврши седми, додека лидерот на светскиот шампионат, Хамилтон, мина низ целта како 12. Предноста на Британецот во генералниот поредок на две трки пред крајот сега е намалена на пет поени.

“Не го удрив намерно. Не можам да верувам дека така гледа на инцидентот. Доцна почна да сопира и да влегува во свиокот. Најпрвин Хамилтон мене ме потбутна, но практично малку се допревме. Едноставно, во моментот не можев да го сопрам болидот, бидејќи двете тркала ми беа надвор од патеката“, рекол Маса и додал:

“Казната за него е оправдана, но не сум сигурен дека јас ја заслужив. Хамилтон се “коцкаше“ од почетокот на трката, бидејќи се обидуваше да влегува во свиоците тогаш кога сите сопираа“.


Наjновo од Спорт
Хамилтон: Маса намерно ме удри
Милошевски предупредува на претпазливост
Сакам да бидам капитен на Интер
Роналдо ќе го доведеме по било која цена
Зенит не ја купил титулата во Купот на УЕФА
Брза реакција на германскиот селектор
Металург поразен со 11 гола разлика од Барселона
Бурде казнет, Маса седми
Јапонска пресметка за Фелипе и Луис
Дали Маса ја има заслужено светската титула?
"Формула 1 може да пропадне поради парите"
Канадското ГП исфрлено од календарот за 2009
Маса: "Ништо не е недостижно"
БМВ остануваат со Кубица и Хајдфелд и во 2009
Еклстоун: "Ако Сингапур беше циркус, од Ферари ни дадоа кловнови!"
Кими: "Ова не е мојата година"
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи