
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Дали Хамилтон повторно го губи тлото под нозете?
Колку и да се обидува, Луис Хамилтон не може да го поправи впечатокот дека повторно прави се што може да ја загуби титулата и оваа година. Возачот на Мекларен денови пред Јапонското ГП зборуваше како сега е далеку поподготвен од својата деби сезона минатата година велејќи дека е посмирен, порелаксиран и подобра личност. Тој не сакаше да вози за поени, но ако тоа е потребно тогаш ќе го прави тоа.
Се тоа траеше до моментот кога дојде стартот во Фуџи. По лошиот старт со својот Мекларен, тој го загуби водството од Кими Раиконен во Ферари, но и како и да ја "загуби" главата. На Хамилтон не му беше потребно да го совлада Раиконен, уште помалку му требаше веднаш да ја врати предноста по бавниот старт. Место да се грижи за Фелипе Маса, кој беше четири места зад него, Хамилтон се обиде да го помине Финецот, ги уништи гумите и доби казна, која колку и да е контроверзна, не можеше да го изненади Британецот, кој беше критикуван за својот возачки стил.
Кога во вториот круг дојде инцидентот со Маса за кој тој не беше виновен, се потсетуваше на минатата година, кога Хамилтон имаше убедлива предност пред последните две трки, за да ја загуби титулата од Раиконен во драматични две трки за само еден поен. Во 2007 грешката во дотогаш совршената деби сезона дојде во Кина, каде што се излизга на патот до боксот. Грешката дојде поради лудата одлука на Мекларен да го остават долго на истрошени гуми, повторно обидувајќи се да победат во трка во која не мораада победат.
Со сите грешки, навистина е зачудувачки како Хамилтон се уште е во игра за титулата. Затоа, Мекларен најавуваа дека последните три трки ќе бидат смирени и конзервативни, но тркачкиот инстикт на Хамилтон не го издржа тоа.
Иако е возбудлив за гледање, тешко дека Британецот ќе стигне до толку титули колку што заслужува неговиот талент. Но, има уште една слабост во неговиот штит - влијанието кое притисокот го има над него. Лани тоа се виде во Кина и во Бразил, каде што непотребно се обидуваше да го помине тогашниот колега Фернандо Алонсо откако загуби место од него во првиот круг и заврши надвор од патеката.
Оваа сезона тоа се гледа цела година. По првата победа во Австралија, Хамилтон беше надвор од форма во следните две трки по што призна дека поставува "премногу притисок, кој води до грешки".
Грешките не престана. Тој се удри во задниот дел на Раиконен во Канада, доби казна во следната трка во Франција поради сечење шикана, контроверзно загуби победа во Белгија поради истата работа, и потоа направи катастрофална грешка со изборот на гумите во Италија. Ова е во целосна спротивност од неверојатната победа на Британското ГП во Силверстоун на дождот.
Грешките кои тој ги направи треба да се очекуваат од 23-годишен возач во само втора цела Ф1 сезона, но малкумина сметаат дека тој се уште треба да научи да ги прави вистинските одлуки против притисок.
Единствена позитивна работа е што како главен ривал за титулата има уште еден човек кој има исти проблеми. Фелипе Маса, покрај подобрувањето од доаѓањето во Ферари во 2006, се уште не се смета како топ-возач и цела негова сезона е одбележена со серија грешки (како петте извртувања во Британија).
Наместо тоа, најдобар ол-раундер цела сезона е Роберт Кубица, изненадувачкиот трет тркач во битката за титулата пред последните три трки.
Полјакот, кој во ниту еден момент не испадна од трката за титулата и покрај "падот" на БМВ во вториот дел од сезоната, има 12 поени помалку од Хамилтон по второто место во Јапонија. Неговиот БМВ Заубер најверојатно не е доволно брз за тој да има реални шанси, но се поставува прашањето што ќе се случеше ако БМВ решеа да се фокусираат на оваа сезона, место на 2009 и на проблемите на Ник Хајдфелд.
Покрај тоа тука е прашањето што ќе се случеше ако Кубица, стар ривал на Хамилтон од картинг-почетоците, возеше во Мекларен или Ферари? Истото може да се каже и за победникот на неделната трка, Фернандо Алонсо, човек кој за разлика од ривалите за титулата покажал дека може до титулата.
Ако победата во Сингапур беше среќна, тогаш таа во Јапонија беше навистина импресивна. Фуџи беше една од најдобрите трки во кариерата на Алонсо, кој повторно изгледа како човекот кој го победи Михаел Шумахер во директна битка отколку на возач кој лани за малку ќе ја уништеше репутацијата по расправањата со Хамилтон и шефовите на Мекларен.
Можеби следната година?
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|