недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Формула 1

Хамилтон и Никол ќе летаат во вселената

Нема зима за шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон. Ладните денови кои ја оковаа Европа не го фатија неподготвен најмладиот шампион во најбрзиот циркус, кој во потрага по убаво време и уште поубави жени замина во сончевата Калифорнија, за на мир да се одмори од напорната година и да мине некое време со својата поубава половина, пејачката Никол Шерзингер. За да им искаже благодарност за сета поддршка која му ја пружија членовите на семејството, Луис одлучил својата љубов Никол и најблиските членови на семејството да ги одведе на пат во вселената.

Британската авио компанија "Вирџин" планира да комерцијализира лет во вселената 2010. година, а меѓу првите пријавени патници се наоѓаат ѕвездите од шоу бизнисот. Сепак, големата популарност која Луис Хамилтон ја ужива во последните месеци му овозможи за 625.000 фунти да ги поведе на незаборавно патување девојката Никол, таткото Ентони, маќеата Линда и полубратот Николас.

"Луис е на најдобар пат да стане милијардер и има ли подобар начин да се потрошат тие пари од пат во вселената? Хамилтон се одлучи на многу оригинален начин да им се заблагодари на семејството и девојката за неизмерната поддршка која му ја пружаа во текот на годината на неговиот најголем триумф во кариерата" - изјавил извор близок до компанијата „Вирџин“.

До спектакуларниот излет во вселената остана нешто повеќе од година дена, а во меѓувреме, светскиот шампион божиќните и новогодишните празници ќе ги мине во друштво на семејството и девојката Никол Шерзингер на Хаваи. Двојката на егзотичниот остров ќе го прослави и 24. роденден на Луис на 7. јануари. Дека навистина станува збор за вистинска романса, а не само за уште една изнудена холивудска маркетинг приказна, потврдува и податокот дека возачот на Мекларен само неколку дена по освојувањето на титулата шампион на светотво Формула 1 ја одведе девојката Никол во својот роден град Стивенеџ и ја запозна со поширокото семејство.

Луис и Никол се запознаа на доделувањето на МТВ музичките награди во Германија минатата година.


Наjновo од Спорт
Роси: "Можев да бидам Ф1 ѕвезда!"
Тимот на Катанец, брод без капетан!!!
Лацио во молк за Пандев
Металург во Драмен брка КПК
АМС ја промовираше новата биомеханичко-спортска лабораторија
Незадржливите Лејкерси
Хамилтон и Никол ќе летаат во вселената
За Канада уште има шанси, Французите се двоумат
Голема мешаница во Торо Росо и Хонда
Канада дефинитивно избришана од календарот
Новата Ф1 ера почна во Барселона
"Или ќе сме подобри, или си одам"
Дали Берни го очекува скап развод?
Хакинен бара млади таленти
И Тимо Глок го нападнале расисти
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи