
|
 |
Спорт / Формула 1
|
|
Баричело ги совлада сите во Флоријанаполис
Рубенс Баричело ја заврши сезоната со стил откако стигна до втора картинг победа во својот роден Бразил. Баричело можеби ја немаше својата најуспешна сезона во Ф1, и можеби веќе го извозе своето последно гран при, но ветеранот повторно покажа дека го има тоа што е потребно за да победи по вторпат во 2008.
Неколку недели откако го предводеше својот тим до Гранжа Виана картинг трката на издржливост заедно со Тони Канан од ИРЛ, Баричело сам стигна до победа на годишната Интернационална Челенџ Картинг трка на Фелипе Маса во Флоријанаполис.
Иронично, најблизок конкурент на Рубињо на трката беше од еден од неговите двајца сонародници кои се блиску да му го земат местото во Хонда Ф1 тим, откако Лукас Ди Граси го освои второто место. Пресликувајќи ја тесната трка за титулата во Ф1, Ди Граси дојде на 1 поен од Баричело, кој победи во првата трка и заврши петти во втората.
Маса во меѓувреме не успеа да ја врати титулата која ја освои во 2006, откако победата во втората трка беше недоволна да го помине Баричело и заврши на третото место пред поранешниот ГП2 возач Ксанди Неграо.
Баричело беше пресреќен од победата, но не и од тактиката на некои од свои ривали, посебно од Ди Граси и од неговиот поранешен колега од Ферари, седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер, со кого во последните недели имаа неколку "дискусии" преку медиумите.
"Дали оваа лента можеме да ја пратиме на Хонда? Сите сакаат да победат на оваа трка, но не смееме да одиме и да ги удираме возачите околу патеката, бидејќи на крајот ова е добротворна трка. Ми изгледаше дека Шумахер мислеше дека е во војна. Можеби заборави дека сега е во Бразил", коментираше Баричело.
Шумахер кој се врати на трката како актуелен шампион, заврши на осмото место во генерален пласман, откако по 4. место од првата трка не ја заврши втората. Германецот предходно излета од второто место откако го предизвикуваше Баричело за водството.
На трката имаше 12.000 гледачи, а на трката учествуваа и поранешни Ф1 возачи како Лука Бадоер, Витантонио Лиуци, Лучијано Бурти и Антонио Пицониа. Во јужниот дел на Бразил имаше огромни поплави во кои загинаа над 100 луѓе. Маса донираше 22.000е за регионот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|