
|
 |
|
|
Спорт / Формула 1
|
|
Вирџин Рејсинг го откри првиот "дигитален" болид
Вирџин Рејсинг ја прослави првата "победа" во историјата на тимот откако стана првиот нов формула 1 тим кој го претстави болидот за сезоната 2010, откривајќи болид кој е уникатен по многу работи. Британскиот тим се реши на целосно дигитален пристап потпирајќи се на компјутери во дизајнирањето на болидот наместо познатото, но скапо тестирање на модели во воздушен тунел.
"Болидот изгледа едноставно неверојатно!", вели бразилскиот возач Лукас Ди Граси, стоејќи пред црвенк-црниот ВР-01 болид.
Германецот Тимо Глок, кој ќе го стартува дводневниот "шејкдаун" во Силверстоун денес, пред да се приклучи на останатите тимови кои тестираат во Херез следната недела, се согласува.
"Првата реакција е дека ова е еден навистина убав болид. Мислам дека имаме некои одлични идеи на болидот и солидна база за работа оваа сезона. Дизајнот изгледа многу добро и сега треба да добиеме брзина. Уникатните работи ќе дојдат подоцна во сезоната, но најважното сега е дека го имаме болидот тука пред нас. Тимот заврши неверојатна работа. Механичарите работеа 24 часа во последните неколку денови", оценува Германецот, кој доаѓа во Вирџин откако претходниот негов тим Тојота се повлече од спортот.
 Шефот на тимот, Џон Бут, кој обезбеди влез во формула 1 како Мејнор Гран При пред да го склучи партнерството со Ричард Бренсон и Вирџин Групацијата како еден од четирите нови тимови оваа сезона вели дека се работи за кулминација на "многу емоционално патување".
"Многу сум горд на мојот тим. Кога го извадивме болидот од работилницата вчера беше вистински момент за сите нас", вели Бут.
Техничкиот директор Ник Вирт вели дека не било лесно да собере тим и да дизајнира нов болид од нула во многу мал временски период. Тој завршил "епска задача".
"Другата фантастична работа, која не се гледа денес е дека кога го донесовме камионот синоќа ми се јавија на телефон со вестите дека го поминавме последниот тест на удари на ФИА. Подготвени сме за работа! И тоа се на време и во одредениот буџет. Сакаме да докажеме дека дигиталниот дизајн е правецот во кој мора да се движи нашиот спорт", оценува Вирт.
Додека дел од новите болиди, како Мекларен и Заубер, имаат "перка" која го покрива моторот, Вирџин ГП со моторот на Косворт нема централна поддршка на задното крило. Предното крило, пак, е повисоко од болидите од 2009, според новиот дизајн и возачот седи повисоко во својот кокпит.
 Пофалби стигнаа и од шефот на Вирџин групацијата, Ричард Бренсон, кој се реши на поддршка на тимот, откако лани "дебитираше" во Ф1 со спонзорството на тогаш приватниот Браун ГП, а сега Мерцедес ГП.
"Каков болид! Ник и дизајнерскиот тим завршија фантастична работа и заслужуваат да бидат во центарот на вниманието. Фантастично е што и јас сум дел од оваа голема авантура од почетокот и можам да видам како работат големите инженерски умови. Сега сакам да го видам ВР-01 на патека!", изјави Бренсон.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|