
|
 |
|
|
Спорт / Формула 1
|
|
Ралф Шумахер призна дека зборува со Стефан ГП
Ралф Шумахер во петокот потврди дека новиот Стефан ГП формула 1 тим е заинтересиран да го врати во формула 1 оваа сезона.
"Од се што слушнав за проектот добив импресија дека се работи за многу амбициозен проект", оцени Шумахер.
34-годишниот Германец призна дека знае за интересот на шефот на Стефан ГП, Србинот Зоран Стефановиќ, кој се уште се надева дека ќе добие место во формула 1 иако ФИА засега не коментира за нивната иницијатива.
Според германскиот Билд, Шумахер Јуниор, кој последните три години од својата формула 1 кариера ги помина во Тојота пред да се префрли во германската туринг серија ДТМ, веќе се сретнал со бизнисменот Стефановиќ за можното ангажирање.
"За да го сфатам тоа сериозно морам да имам цел пакет пред мене, структура на тимот, шанси за успех и прашање за конкурентноста. Како што кажував последните две години, би размислил за враќање во формула 1 ако има понуда која вклучува конкурентен болид", изјави Шумахер.
Ако се случи Ралф да се врати во формула 1, 2010 ќе биде комплетен камбек за семејството Шумахер, бидејќи неговиот постар и пославен брат, Михаел Шумахер веќе го почна тестирањето со својот нов тим Мерцедес за 2010.
Стефан ГП веќе објави дека планира да оди на патеката Портимао во Португалија за тестирање од 25 до 28 февруари, а веќе прати дел од опремата во Бахреин како дел од подготовките за првата трка на 14 март. Најголема шанса за нивно влегување во спортот доаѓа преку можното продавање на лиценцата на двата нови тимови Тим Кампос и УСФ1, за кои се верува дека имаат големи финансиски проблеми.
На страна на Стефановиќ е и Берни Еклстоун кој изјави дека би сакал да го види Стефан ГП на стартот на сезоната. Тимот сега е базиран во Келн, во старата фабрика на Ф1 тимот на Тојота, по повлекувањето на јапонскиот тим минатата година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|