петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Формула 1

"Шумахер е луд што се враќа!"

Еди Џордан, шефот на првиот тим на Михаел Шумахер во формула 1, верува дека Германецот е "луд" откако избра да се врати во спортот оваа година. Ирецот останува на тврдењето дека победникот на рекордни 91 трки во спортот требал да остане со епитетот најдобар возач на сите времиња, наместо да ја ризикува репутацијата против младите возачи оваа сезона.

Џордан го воведе Шумахер во формула 1 пред 19 години, пред Бенетон да го соберат Германецот по само една трка. Џордан вели дека не знае кои се мотивите на Германецот.

Џордан го воведе Шумахер во формула 1


"Да бев негов татко, ќе го прашав: 'Зошто сине? Зошто?'. Седумкратен светски шампион и се враќа вака - мора да го загубил умот! Во животот, како личност со таква спортска оставштина морате да се откажете од спортот, а не да чекате спортот да се откаже од вас, а тој се поставува во таква позиција", додава Џордан за ББЦ.

Шумахер се враќа со актуелните шампиони Мерцедес, претходно познати како Браун ГП, но Ирецот не верува дека тој ќе може да се бори за титулата оваа година.

"Тој доаѓа во позиција во која може да стане, тажен, одбиен човек ако го исплескаат, иако тоа нема да се случи бидејќи толку е добар. Дали може да победи на трка? Сигурно! Зошто би го направил тоа? Бидејќи е луд. Титула? Нема надеж за такво нешто", додава Џордан.



Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехотДинамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Алонсо со големи надежи
"Спа промени многу работи"
Ривалите на Ред Бул се "нервозни"
Ред Бул не ги менувале предните крила
Ф1 ФЛЕШ
Само Раиконен во одбрана на Фетел!
Ф1 ФЛЕШ
Фетел верува дека се е можно
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи